Ама нема да имаме многу пари така да секако и без ограничувања ќе биде тешко да земеш 2-3 јаки играчи од неменаџирани тимови. Затоа и реков дека не мора да има ограничувања, па ако успееш да собереш доволно пари за 3 играчи, земи ги. Секако ќе мора да продадеш доста од твоите за да ги земеш тие, со што ќе си го ослабнеш тимот.
Јаките играчи се по околу 30 милиони еве да речеме. Значи ти требаат 90 милиони за да земеш тројца. Ние ако почнуваме со 20-30, премногу играчи ќе мора да продадеш за да земеш двајца по 30. Затоа сметам дека секако ќе биде ептен тешко и не се потребни дополнителни компликации. Лимит од тројца е доволно добар, сепак стварно се случуваат повреди и слично, можеш многу да се зезнеш ако имаш можност само еден играч да купиш.