Soccer Manager (Други Лиги)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Епа треба да видиме и колку луѓе ќе се пријават. Еве Боро рече ќе среди за нова или ќе влезе во некоја што е отворена денес за да ги види тимовите.

1. @Донев
2. @ManUtdChampions
3. @Uli Hoeneß
4. @Makaron
5. @Клипче

Другите што озбилно би дале пари и би играле во лигата, нека се допишат. @DaniBMW @dragonsky @ForzaVardar @VardarVoSrceto @Aexil Kong @JimmyFloydBottleBank @Mad_Coko

Јас мислам да има 10 тимови во лига. Зависи и колку играчи ќе се пријават. Може и до 12, ете таа со 22 кола е добра, иако јас би одел на 18 или 20. Тимовите да бидат ЕЛ квалитет. Значи солидни тимови со по некој добар играч. Слаба економија. Правила за трансфери не гледам зошто би имало, освен тоа трансфер периодот да е отворен само меѓу сезона и ако има опција на средина. Други огранилувања не се потребни, ако се снајдеш некако за Меси да го земеш, земи го.
 
Тимовите да бидат ЕЛ квалитет. Значи солидни тимови со по некој добар играч. Слаба економија. Правила за трансфери не гледам зошто би имало, освен тоа трансфер периодот да е отворен само меѓу сезона и ако има опција на средина. Други огранилувања не се потребни, ако се снајдеш некако за Меси да го земеш, земи го.

Се согласувам и јас со тоа.
 
Може да се направи да не се купува повеќе од еден играч од не менаџиран тим ?
 
Би требало да може, тоа би било екстра опција, само еден играч од неменаџиран тим да земеш за една сезона и ништо повеќе од тоа.
Плус poor economy и 30-40м буџет, ништо повеќе...
ЕЛ Тимови.. Трансфер период на крај на сезона со можност за полусезона и тоа е тоа.. се согласуваме на ова сите.
Останува уште да се договориме за тимовите и форматот во лигите колку тимови ќе учествуваат.
 
Не е глупо само еден играч да можеш да купиш и за се друго да мора меѓу себе да преговараме? Може да сфатам ајде таква рестрикција, иако како што реков сметам дека е непотребна, ама ако ја има веќе, да биде бар 3 играчи.
 
Воопшто не е глупо, така еден нема да може да собере све асално од кој било клуб, и ќе мора да се преговара помеѓу менаџерите што мислам дека ќе донесе поголема конкуренција.
 
Знаејќи се какви сме за трансфер и колку тешко ќе договараме меѓусебни мислам дека треба да бидат 3 трансфери по преоден рок.

Ако бираме тимови мора прво да се напраи листа.
 
Колкава листа да биде, барем 2 дивизии од по 14 тимови...
или три од по 10?
 
Колку луѓе ќе се собереме ќе видиме и најубаво е да се поделиме во 2 лиги за да не останат неманаџирани тимови.
 
Знаејќи се какви сме за трансфер и колку тешко ќе договараме меѓусебни мислам дека треба да бидат 3 трансфери по преоден рок.

Ако бираме тимови мора прво да се напраи листа.
Нели цела поента е да лигата биде конкурентна ?
Откако ќе се одберат слични по јачина тимови трансферите треба да бидат во втор план.
 
Нели цела поента е да лигата биде конкурентна ?
Откако ќе се одберат слични по јачина тимови трансферите треба да бидат во втор план.
2 трансфер периоди ќе има ко шо сфатив и тие ќе бидат ко овие реалниве, зима и лето па според мене доволни се да иаме 3 трансфери по преоден рок пошо ипак има повреди, суспензии и чуда па во ред е да иаме малце поголем избор.

Нормално не мора да се согласите со мене.
 
Ама нема да имаме многу пари така да секако и без ограничувања ќе биде тешко да земеш 2-3 јаки играчи од неменаџирани тимови. Затоа и реков дека не мора да има ограничувања, па ако успееш да собереш доволно пари за 3 играчи, земи ги. Секако ќе мора да продадеш доста од твоите за да ги земеш тие, со што ќе си го ослабнеш тимот.

Јаките играчи се по околу 30 милиони еве да речеме. Значи ти требаат 90 милиони за да земеш тројца. Ние ако почнуваме со 20-30, премногу играчи ќе мора да продадеш за да земеш двајца по 30. Затоа сметам дека секако ќе биде ептен тешко и не се потребни дополнителни компликации. Лимит од тројца е доволно добар, сепак стварно се случуваат повреди и слично, можеш многу да се зезнеш ако имаш можност само еден играч да купиш.
 
Нека има ограничување на 3, не е проблем тоа, проблем би било според мене ако се ограничиме на 1 а иаме 2 трансфер периоди во една календарска година.
 
Дај за ова да гласаме, јас мислам дека ако може да земиш повеќе од еден играч од неменаџиран тим фокусот ќе биде надвор од лигата, барем можете да видите според другите лиги како се одвиваа работите.
Ќе излезе пак некој како Интер со тиј СМФА или што и да освојуваше и иста приказна.

Друго, ако може да се забрани продавање на неменаџирани тимови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom