„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно е така, освен ако сте се нашле некаде против своја волја, на пр. на пуст остров, после бродолом:pos2:
Инаку, не знам зошто би биле покрај некој кој не ви одговара според темпераментот, светогледот, начинот на однесување и карактерот:toe:
 
Зависи од карактерот на секој човек поединечно. Колку тој може да подлегне на "искушенијата" кои ги носи лошото друштво. На пример јас имам многумина другари и другарки кои пушат, но јас не сум ни пробал цигара, иако безброј пати ми понудиле. Има и обратни случаи на луѓе кои прават се за да се докажат во друштвото и да бидат повеќе ценети од другите, честопати тоа и негативно се однесува на истите.
 
Не баш секогаш. Јас, на пример, повеќе се врзувам за личности кои имаат карактеристики поинакви од моите. Ми доаѓа како надополнување на тоа што мене ми недостасува во карактерот.
 
До некаде се согласувам. Меѓутоа човеко може да биде во иста средина, со луѓе кои се тотална спротивност од него,а сепак да си биде онаков каков што си е, не дозолувајќи да биде преовладан од односот на другите.
 
До некаде се согласувам. Меѓутоа човеко може да биде во иста средина, со луѓе кои се тотална спротивност од него,а сепак да си биде онаков каков што си е, не дозолувајќи да биде преовладан од односот на другите.

Значи сепак зависи од секоја индивидуа посебно. Не можеме да ја стереотипизираме фразата "со кого си, таков си", бидејќи очигледно е дека има огромен број на примери кои го докажуваат спротивното, т.е. дека човекот може да биде и во лошо друштво со различни карактери, но сепак да си остане доследен на своите принципи и верувања.
 
мислам дека е така,бидејќи сепак коа се бираат луѓето со кои сакаш да бидеш прво поаѓаш од тоа што ви е заедничко.....
 
не секогаш
на пример јас имам другарки со многу различен карактер и размислувања,
за разлика од мене

јас не сум како нив:toe::smir:
 
...Зависи од карактерот...Ако си доволно јак карактер да не бидеш како останатите, можеби и ќе успееш да го разбиеш митот...:toe:
 
Во 99% од случаите е така.

Се секавате на Могли... Детето мислеше дека е мајмун :)
 
Немора да значи.
Сум имала и лошо друштво, но никогаш не сум дозволила да направам нешто што не сакам и никој неможе да ме натера.Едноставо ако веќе се имаш изградено како личност тие неможат да ти влијаат.
Но за жал некои мислат дека не се 'кул' ако не се однесуваат како што прави друштвото и дека ако си со цигара си мангуп.Моите другарки пушеа но јас си имав зацртано во главата дека нема да пушам и еве непушам без разлика тоа што другарките ми се пушачи.
Навистина друштвото може да влијае на твоите одлуки па ако си во друштво со наркомани,а ти да неземаш дрога сите ќе мислат дека и ти земаш.
Затоа најдобро е да се избере друштво кое е слично како тебе.Да имате слични размислувања и интереси:pipi:
 
Јас мислам дека не е така, или дека не би требало така да биде поточно, е ај ако моите другарки се за некаде пушат пијат многу се дрогираат одат со секој еден и јас да бидам таква, тоа ако гледаме така може да биде во случај ако си наивен или немаш свое јас или дозволувааш да те манипулират, јас ако не сакам нешто никој не може да ме натера на тоа. Некогаш дури и за тоа постојат предрасуди кон одредени луѓе или групи, на пример кога ќе видат друштво сите катастрофа и сите ги ставаат во топтан дека сите се никакви што не мора да значи:toe:
 
Па и точно е и не е точно :) Ко прво за да се дружиш со некој треба да ти иде муабет, да имате заеднички теми за разговор, значи да сте слични :) И претежно сите најбоље другари се слични :) (баш затоа и се најбоље другари) Ама немоеш да бидеш сличен со цело друштво! Ај со 50 дечки биди ист! И сличен си за интереси! На пример иста музика, заедничко да е тоа што сте гејмери, заедничко да ви е тоа шо сакате да читате стрипови, заедничко да е тоа шо сакате да се глупирате и да се смеете без везе, шо сакате да идете и да се рчкате со секој у град и слично (ме свативте де), ама не такви банални работи на пример зашо пушат сите у друштво ќе пушам и ја, зашо сите пијат ќе пијам и ја....
 
е ај ако моите другарки се за некаде пушат пијат многу се дрогираат одат со секој еден и јас да бидам таква, тоа ако гледаме така може да биде во случај ако си наивен или немаш свое јас или дозволувааш да те манипулират

да, во право си ..
ама ако се такви, а ти не го гледаш светот од нивна гледна точка тогаш нема ни да се дружиш со нив, нели?

нели секој има свој ЕДИНСТВЕН, УНИКАТЕН карактер, па според тоа и различно (на неговиот својствен начин) реагира во одредени ситуации..
и тоа е ФАКТ!
Сепак најмногу се дружиме со тие што имаат слични размислувања како нашите, (колку и да го негираме ова, така е)
ако ти слушаш рок, а некои твои другарки шабанско..
ДА, ти ќе се дружиш со нив, некад ќе искачате заедно.. но за нив неможеш да кажеш дека се твое друштво.
твоето друшто се оние со кои поминуваш најголем дел од денот, најголем дел од животот .. заедно идете да јадете во МцД (но можеби нарачувате различно), заедно идете во кастро на свирка (некогаш на рок - по твое, некогаш на метал - по нечиј друг кеф), заедно гледате филм (некогаш хорор, некогаш комедија за да се задоволат сите страни) НО СЕПАК ги правите истите работи! .. па од тука, ДА! јас се согласувам со изреката "со кого си - таков си" (:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom