Али сеа,ај ќе праам вака пошо другариве праат така...:nenene:. На крај краева ќе си барам друштво слично на мене.
Не мора да правиш како што прават другите за да бидеш ист со нив.Има и други фактори кои влијаат на сличноста:интереси,ставови и др...
Ским си-такав си

За жал во Македонија-ва така е..да сме негде на запад секој би си терал свој живот со те боли за другите ама тука нема што да се прави па ке гледаме кој со кого влегол а со кого излегол
Ова повеќе важи за оговарање,на за ским си такав си.
Ова важи за неизградени личности.
Да имаш слични/исти интереси со најдобриот другар,да делите исто мислење за нешто,ве прави неизградени личности?
нема врска, не е така ако си свој карактер, оригинален и све тој никој нема да има влијание врз твоето однесување...
ако си мекуш ќе станиш и ти дел од нив,а ако имам карактер и ставови неможе никој да ми ги смени..
Па никој и не мора да ти ги смени,едноставно имаш нешто слично со другарот/другарката,или со тек на време сте изградиле заеднички став за нешто.Темава не е за било кој,не е за некој другар од основно што сте излегле со него на кафе после 10 години и он да ви ги смени мислењата,туку за луѓето што ви се најблиски, што го минувате денот со нив.
Шала настрана, но мислам дека секоја личност е приказна за себе, а сличности во едно друштво на пр. постојат бидејќи најчесто се дружат луѓе со слични интереси и сфаќања.
Точно.Скроз исти не можете да бидете со некого,всушност и поентава на темава не е тоа,дека сте скроз исти со личностите од друштвото,туку дека сепак имате нешто заедничко.
Не може да опстане пријателство помеѓу две сосема различни особи,мора да имаат нешто заедничко.Нема врска цврстината на карактерот, имање свој став,кога со тек на време се адаптирате на некој начин со најблиските,или они со вас,не мора да значи дека карактерот ви е слаб,и дека ќе се промените целосно,ама сепак ќе прифатите по нешто од нив,ма колку сака нека ви биде изградена и личноста,и колку сака нека ви биде цврст карактерот,не дека ќе ве тера некој,туку самите ќе почнете се повеќе и повеќе да “наликувате“ со нив,а и они со вас,колку сакате одрекувајте,така е.