Со кого се познавате од форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата ohriganka
  • Време на започнување Време на започнување
години поминати на кајгана: 5
лични запознавања благодариение на форумов: 0 :(
Јас кога имав поминато 5 години на форумов знаев скоро 150 луѓе (добро, едно 20-30 ги знаев од други места па слушајно се најдоа и они на форум, али неврмајнд). Така да, од тебе зависи :)
 
Јас кога имав поминато 5 години на форумов знаев скоро 150 луѓе (добро, едно 20-30 ги знаев од други места па слушајно се најдоа и они на форум, али неврмајнд). Така да, од тебе зависи :)
тончи и јас би можел да запознаам ак не повеке барем неколку ко би бил на собиранките ама етто, летно време посебно август месец (ко си идам у Македонија) никој не се замара да организира една и затава јас си стојам на та бројка шо сум моментално... ок, имало е шанси мош да се запознам со некој(а) ама поради сплет на околности до лична средба не е дојдело.. ај може некој следен пат ко си дојдам ке бидне и јас да кажам еден пат оти сум запознајал некој од форумов :D
 
Епа штом си гастербајтер (у кревету прави фајтер) кога ќе си доаѓаш на одмор во МК пиши на форум, обавезно ќе се напраи нешто. Патем у август ми се најтоб собиранките затоа што сите што сме останати у Скопје се договараме да се видиме у парк и супер си поминуваме. Додуша минатото лето бев на брод, ама летата пред тоа имаше по неколку собиранки преку лето :) Башка у парк на тревите на раат може да се измуабетиш со сите :)

Едит: Порано се правеа и охридски собиранки на времето кога имаше поактивни членови од тој крај. Од тие сум бил само на една и поинтересно ми беше патувањето до Охрид и назад отколку собиранката, ама јбг, од миљон собиранки не може сите да искочат ТоБ :)
 
Имав чест да се запозаам со Luki Junior :love:
По срцка и по убав дечко не сум запознала на форумот. (добро освен Isak Keyten :* ) А пази сингл е. Аххххх, симпатија ми е за озбилно, да не се караме, прва си кажав. :)
coy.gif
 
Со никого. Introvert: 98%, дури избегавам да ширам познанства, сакам потесен круг на познаници. Не сум од Скопје, а и башка моментално не сум нешо при пари да праам екскурзии натаму-наваму. Плус никој не сака фрикови. Тие што се запознале со мене обично кога-тогаш зажалиле. Не сум нешо активен овде - флегма сум голема (општо), ме мрзи да пишувам, поинтересно ми е да читам. Не сакам да навлагам у тешки дебати - исто, ме мрзи, безцелно ми е, а увидов дека уствари 99% никој никого не може нешто да разубеди [со убаво] него најчесто работата е да се докаже „кој е кој“. Така да си стојам отстрана и посматрам и во ништо повеќе не верувам. Иначе немам некоја си смисла за хумор, не се ни замислувам дека ја имам. Не сум ни нешто симпатичен, премногу интелегентен, начитан, го немам пропатувано светот, а немам ни преголем вокабулар, елоквенција и флуидност при зборување. Обичен сум, ама мислам дека сум свој, во тој поглед не должам никому ништо :pipi: не сум лижигз, помодар и гледам да бидам коректен со тие што се коректни со мене и општо со луѓето, другите ги игнорирам. Мрзам лицемерие, курчење, ароганција, суети што ги сечат облаците со нос. Сакам муабети за необични теми, идеи и прашања. Па ако случајно некому одговара ваков профил, би ми било интересно да запознаам барем една рандом личност од форумов макар и виртуелно. Дваеснешо години :D Евентуални контакти по ПП; Педери стоп. :eek: :icon_lol:
 
It's been a while одкако сум запознал форумџија па сум пишал, али еве ради ретро перспектива.
Директно и индиректно у кафана ги запознав (не по овој редослед туку по памтење): плавоока, коператива, пеџа со бројчиња, еден 20 годишњак шо не му го запамтив никот...не памтам пред и после.
 
да, и јас запознав нови (тебе вклучувајќи) а и мериџејн-отровот:), вуди и .... не ми текнува на упште еден како му беше никот,. али ќе го дознам (y)
супер бевте:cool:
 
Ја мање више сите ги знаев, освен Peja989 , него го упознав вчера, и еве и едно официјално :* за синоќешниот гест!:icon_lol:
 
Мило ми е што видов познати фаци, и плус некои нови:)

Peja989, не само што си ми земјак (happy jas:LOL:) , туку си и супер за дружба, и те имам на ум за културни дешаванки и литературни читања во културниот центар (знаеш кој) ;)

Vody, тебе ми е исто многу мило што те запознав, уживав во муабетот и ќе бидеме во контакт. Терај си ги амбициите како вистински хороскопски Лав и работи на нивното остварување, тоа никогаш нема да биде залудно потрошено време;)

Tonchie, ти се восхитувам на храброста да се впуштиш во бродски авантури. Уживај во патувањата, стекнувањето на нови пријатели од цел свет и земјите кои ќе ги посетиш. Тоа е непроценливо богатство:)

burn84, исто од постарата гарда, супер за лаф муабет и зезање, и се надевам дека ќе те гледаме почесто на собиранки со нас новачињата (не сме толку лоши, зар не;)).

Nessa Alcarin, се надевам во наредна прилика ќе се подружиме малку повеќе, на некоја наредна рок собиранка, или нешто слично. Во секој случај, пријатно ме изненади што дојде:)



Поздрав и до сите други што дојдоа на собиранката, и пак да се дружиме;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom