Со какви луѓе ви е полесно да се зближите - со отворени или срамежливи ?

Можем и со двата типа, ама далеку полесно ми е да се зближам со отворени личности.
 
И јас можам и со двата типа,но со срамежливите некако потешко оди.:)
Со отворените побрзо се наоѓа и тема на разговор и поинтересен можеби е муабетот,а со срамежливите е сосема поинаку.Не ми е проблем јас да мелам цело време ама не е тоа тоа.Така поише за мене ќе разберат каква личност сум,а не јас за нив.:icon_lol:
 
Не сум запазил на ова :) , зошто сум многу отворена личност барем јас така мислам. Не сум имам и проблем со тоа :) :nesvest:
 
полесно ми е да зближам со отворени комуникативни личности пошто со таква личност секогаш ќе имаме некоја тема за разговор и нема да ме гледа како теле додека зборувам а со повлечените потешко е
 
Со двата типа на луѓе можам да се зближам, но нормално со отворените повеќе ...
сепак наоѓаме некоја тема на муабет и цепаме ... а со срмежливите ми е потешко ...
додека да го/ја натераш да ти каже нешо ... :jaj::nesum:
 
Па логично е да е со отворени луѓе...комуникативни се и секогаш ќе си најдеш некоја тема за муабет со нив. А срамежливите моли ги 2 збора да ти кажат и коа ќе се наканат никогаш ништо искрено од нив. Јас си имам проблем што многу зборам, сама сум си напорна некогаш...:pipi: Не е дојдено до zosto me ljudi izbegavaju ама не морам баш се да кажам...ама ете...:toe: да се натерам да ќутам? :raz:
 
Јас сум доста отворена личност но обично полесно ми е да се заближувам со оние посрамежливите.. ок не оние претерано срамежливи.. некои во средина...измеѓу премногу срамежливи и премногу отворени...
 
со отворени секако и многу брливи :)
 
хех најискрено нема врска тоа дали се отворени или нз таму какви али сепак ако е премн срамежлива личноста тогаш ке имаш проб. додека ја натераш да се отвори
 
Многу полесно можам да се спријателам со отворени и комуникативни отколку со затворени и страмежливи. Највеќе нешто што мразам е да им вадам на луѓето зборови со "ќлешти" и само јас да бидам таа што ќе ги поставува прашањата и ќе отвара теми за муабет.
 
Со отворени личности полесно се зближувам нормална додека страмежливите се ногу напнати некогаш и неможеш да се спријателиш многу брзо
 
Јас лично неправам поделба, на срамезливи или отворени, се адаптирам на секаков вид на луѓе, особи, со некој ти треба пократок рок, со некој подолг рок на зблизување, ако стигне до тој степен да е влезе во мојот круг на познанства и пријатели,
Едноставно имам лесен тип на комуникација, и немам проблем со зблизувањето, со секој различно до одредена граница:helou:
 
Тешко прашање. Тука зависат многу нешта, карактерот, но како и да е би рекол некоја средина. :helou:
 
Не знам, не сум забележала. Не ми претставува проблем ниту со едните, ниту со другите. Всушност мислам дека со посрамежливите стварам подлабоки и потрајни пријателства отколку со поопуштените.
 
Полесно ми е со комуникативни луѓе...Побрзо си најдеш тема на муабет и не можеш да сопреш со саати.:blabla:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom