Така е, но доказите дека си го свирнал во бункер се премногу штури. Тело никаде, черепот во Русија се покажа како женски, изјавите на тие што биле во бункерот као демек го виделе мртов кој знае колку се вистинити. За добра измама ти треба многу волја и малку луѓе. Официјалната верзија можеби е вистинита но според мене докази исто како да нема.
Од каде знаеш дека е женски? Од каде тој писател да тврди дека черепот е женски? По што тоа тој утврдил?
А што со луѓето што биле внатре во бункерот, стражари и неговата лична секретарка, која патем, ако не се лажам сеуште е жива, и која просведочила дека типот си го свирнал. А да не зборам за еден од стражарите, кој исто така е жив, кој го видел неговото тело ( и на Ева Браун секако), и при тоа бил нали еден од тие што го извлечкале надвор и полиле со бензин. Иначе тоа што е женски череп, и не ме чуди, од каде знаеш можеби е черепот на Ева Браун? Ако го земеме фактот дека и двајцата биле изгорени, и речиси ништо не било останато, а за што би можело да послужи како доказ за идентификација на остатоците ( освен нели чинам горна или долна вилица - па преку тоа го идентификувале Хитлер, а не преку черепот), тогаш нормало е дека потешко е да идентификуваш труп, а и да замениш машки за женски череп..
Земи го само в предвид и фактот за авионската несреќа на Борис Трајковски, што имаше остатоци од него? Една бутна коска ( и тоа едвај 1/3 од коската) и некое ребренце и рбетна коска.
Него, јасно е зошто толкав сомнеж, затоа што се работи за Хитлер, а никој (говорам за луѓе како тебе, мене, и други слични на нас) не им верува на луѓето што биле во последните моменти од животот на Хитлер.
Луѓето сакаат денес некој заговор, некоја мистика, па поготово сеа во ова глупо време, се палат на вакви егзотики. Вчера поставив неколку прашања за тоа, сврти на страница 5 од темава, па обиди се да одговориш на нив. Не се обидувам да ти докажам ништо, затоа што нит сум од оние руски научници - форезничари, што го утврдиле идентитетот на хитлер, а најмалку сум па германски историчар. Само ти кажувам како историјата запишала, а запишала феноменално обемно....
П.С. како тоа според тебе исто како да нема докази? Имаш нови? Ајде да чуеме!