Смртта на Хитлер

  • Креатор на темата Креатор на темата Slayer123
  • Време на започнување Време на започнување
Менгеле и еден куп нацисти избегале во Јужна Америка и умреле од природна смрт, не гледам зошто би било невозможно и Хитлер да го направил истото.

Па затоа што едно е да кажеме би било возможно и би го направил истото, а друго е кога ќе кажеме дека го направи тоа и поради тоа е возможно. Темата е ако не се лажам дека он тоа стварно го направил, а проблемот е оттука историски, односно дека такво нешто воопшто не се случило, затоа што прдлото си го свирнал в бункер.
 
Така е, но доказите дека си го свирнал во бункер се премногу штури. Тело никаде, черепот во Русија се покажа како женски, изјавите на тие што биле во бункерот као демек го виделе мртов кој знае колку се вистинити. За добра измама ти треба многу волја и малку луѓе. Официјалната верзија можеби е вистинита но според мене докази исто како да нема.
 
Од каде знаеш дека е женски? Од каде тој писател да тврди дека черепот е женски? По што тоа тој утврдил?

А што со луѓето што биле внатре во бункерот, стражари и неговата лична секретарка, која патем, ако не се лажам сеуште е жива, и која просведочила дека типот си го свирнал. А да не зборам за еден од стражарите, кој исто така е жив, кој го видел неговото тело ( и на Ева Браун секако), и при тоа бил нали еден од тие што го извлечкале надвор и полиле со бензин. Иначе тоа што е женски череп, и не ме чуди, од каде знаеш можеби е черепот на Ева Браун? Ако го земеме фактот дека и двајцата биле изгорени, и речиси ништо не било останато, а за што би можело да послужи како доказ за идентификација на остатоците ( освен нели чинам горна или долна вилица - па преку тоа го идентификувале Хитлер, а не преку черепот), тогаш нормало е дека потешко е да идентификуваш труп, а и да замениш машки за женски череп..
Земи го само в предвид и фактот за авионската несреќа на Борис Трајковски, што имаше остатоци од него? Една бутна коска ( и тоа едвај 1/3 од коската) и некое ребренце и рбетна коска.
Него, јасно е зошто толкав сомнеж, затоа што се работи за Хитлер, а никој (говорам за луѓе како тебе, мене, и други слични на нас) не им верува на луѓето што биле во последните моменти од животот на Хитлер.

Луѓето сакаат денес некој заговор, некоја мистика, па поготово сеа во ова глупо време, се палат на вакви егзотики. Вчера поставив неколку прашања за тоа, сврти на страница 5 од темава, па обиди се да одговориш на нив. Не се обидувам да ти докажам ништо, затоа што нит сум од оние руски научници - форезничари, што го утврдиле идентитетот на хитлер, а најмалку сум па германски историчар. Само ти кажувам како историјата запишала, а запишала феноменално обемно....

П.С. како тоа според тебе исто како да нема докази? Имаш нови? Ајде да чуеме!
 
Историјата ја пишуваат победниците.Истите тие што заедно со Русите ги зедоа германските научници и ги користеа за свои цели.Дедото на Буш Џуниор тераше бизниси со нацистите.
Во бункерот во последните моменти имаше неколку луѓе,а не илјада.Лесно е да се смисли приказна.Сум го гледал тој документрецот на Дискавери за смртта на Хитлер и како "докажаа" дека тој черепот е баш на Хитлер.Ако сега излезе дека е од жена зошто лажеле???
Дали е можно Хитлер да избегал во Ј.Америка??Итекако е можно.И тоа со директна помош на Американците.
--- надополнето: Oct 18, 2011 2:59 PM ---
Германска Чизма не стапна на островото - 1 реченица 1000 зборови
Како прво Хитлер отсекогаш посакувал сојузништво со Англија.Не добил,па им објавува војна.Ракетите В-1 и В-2 партали го направија Лондон.Бомбардерите германски си фрлаа бомби врз Лондон како од шега.Не се сеќавам дека таа толку моќна Кралска Авијација да го нападнала Берлин на почетокот од војната.Тоа дури покасно кога Америте се вклучија во војната.
А Англија куртули од германска чизма само заради војната на Хитлер со Русија(најголема грешка).
 
Историјата ја пишуваат победниците.Истите тие што заедно со Русите ги зедоа германските научници и ги користеа за свои цели.Дедото на Буш Џуниор тераше бизниси со нацистите.
Во бункерот во последните моменти имаше неколку луѓе,а не илјада.Лесно е да се смисли приказна.Сум го гледал тој документрецот на Дискавери за смртта на Хитлер и како "докажаа" дека тој черепот е баш на Хитлер.Ако сега излезе дека е од жена зошто лажеле???
Дали е можно Хитлер да избегал во Ј.Америка??Итекако е можно.И тоа со директна помош на Американците.
А зошто Хитлер би бегал во Јужна Америка?
“ојде војната по ѓеволите, дај да се спасвам дур можам“
Ако ја изучувата втората војна не преку дискавери и википедија (кои се наменети за луѓе на кои им е мака да читаат книги) ќе сфатите зошто Итлер навистина останал да умри во Берлин.
--- надополнето: Oct 18, 2011 3:03 PM ---
Не се сеќавам дека таа толку моќна Кралска Авијација да го нападнала Берлин на почетокот од војната.Тоа дури покасно кога Америте се вклучија во војната.

На 25 август 1940 стотина британски бомбардери го бомбардираа Берлин
 
А зошто Хитлер би бегал во Јужна Америка?
“ојде војната по ѓеволите, дај да се спасвам дур можам“
Ако ја изучувата втората војна не преку дискавери и википедија (кои се наменети за луѓе на кои им е мака да читаат книги) ќе сфатите зошто Итлер навистина останал да умри во Берлин.
--- надополнето: Oct 18, 2011 3:03 PM ---

На 25 август 1940 стотина британски бомбардери го бомбардираа Берлин
Епа просветли не Лет 3 и кажи ни нам кои не читаме книги зошти Итлер останал да умри во Берлин. ;):)
 
Адолф и Ева се самоубиле на 30 април 1945 година, во ништо друго јас не верувам. Хитлер во последните денови бил половина човек, со илјада болести и проблеми, така да воопшто не ни сакал да избега од бункерот, штета што Ева слепо го следела до крај и таа се самоубила со него. На тој настан никој не е сведок, бидејќи тој чин го извеле затворени во една соба во бункерот, но сите слушнале истрел (само еден) и подоцна ги виделе мртвите тела на Хитлер и Ева кои веднаш биле спалени надвор.
Последниот жив од бункерот денес е 94-годишниот Рохус Миш (СС-офицер, радиооператор/телефонист и телохранител на Хилтер) кој исто ги видел нивните мртви тела.
http://ru.wikipedia.org/wiki/Миш,_Рохус
http://www.youtube.com/watch?v=DxTqn6HNH7A
Секретарката на Хитлер која ја спомнавте и според чии кажувања и пишани Спомени е снимен прекрасниот филм Der Untergang (Пропаст) е Траудл Јунге, која умре во 2002 година. Исто и таа е сведок на настанот.
http://ru.wikipedia.org/wiki/јунге,_Траудль
http://www.youtube.com/watch?v=WX6708LYSUY
Има и многу други сведоци од бункерот кои по војната останале живи и истото го потврдуваат, но тие поодамна се умрени.
Инаку, кога советските војници влегле во бункерот на 2 мај 1945 година пронашле мртво тело за кое мислеле дека е Хитлеровото. Тоа бил неговиот двојник Густав Велер.
http://www.youtube.com/watch?v=fHA8wnuUaQQ
 
Епа просветли не Лет 3 и кажи ни нам кои не читаме книги зошти Итлер останал да умри во Берлин. ;):)
Тој беше мрачен и апокалиптичен, неговите зборови и реченици нарочн изговарани меѓу најблиските покажуваат дека или германија ќе се издигни во ова војна како голема светска сила или ќе пропадни како недостојна да постои. На крајот на војната Итлер наредил да се кренат сите индустриски постројки, мостови, градби... во воздух, да се минираат рудници, брани, и германците до еден да изгинат давајќи последен отпор. Единствено стравот дека ќе биди ранет и фатен жив од страна на Русите го спречуваше во неговата идеја тој лично со оружје да оди во последната битка. Тоа не беше само карактеристика на Хитлер, дух на такво мислење дека ако не се успее треба се и сите да пропаднат го гледаме и кај Гебелс, кој на крај на војна си ги отру своите 6 деца се уби себе си и жената. Крајот на војната и поразот значеше и крај на Итлеровите идеали, желби, надежи... тоа за него не беше една од опциите во живото (ако не успеам како диктато и владател на светот ќе ом јужна америка и ќе се занимавам со преработка на дрво“.
 
Првин се мислеше дека е автентична слика на чика Хитлер али испадна му бил двојникот што Очигледно е дека он го јадел место него некаде :) не е познато кај...

hitler-doppelganger.jpg

Читам темава е насочена на тоа како може не се самоубил туку избегал бла бла.... Така да еве зошто може да биде користена сликава како алиби да избега и слично :)

пс. мене повеќе ми личи на Чарли Чаплин :pos:
 
Првин се мислеше дека е автентична слика на чика Хитлер али испадна му бил двојникот што Очигледно е дека он го јадел место него некаде :) не е познато кај...

итам темава е насочена на тоа како може не се самоубил туку избегал бла бла.... Така да еве зошто може да биде користена сликава како алиби да избега и слично :)

пс. мене повеќе ми личи на Чарли Чаплин :pos:

death+of+marilyn+monroe.jpg

Ова е слика на мртвата мерлин монро.... а бе како на светот само двојници умираат никако оригиналите?
 
Историјата ја пишуваат победниците.Истите тие што заедно со Русите ги зедоа германските научници и ги користеа за свои цели.Дедото на Буш Џуниор тераше бизниси со нацистите.
Во бункерот во последните моменти имаше неколку луѓе,а не илјада.Лесно е да се смисли приказна.Сум го гледал тој документрецот на Дискавери за смртта на Хитлер и како "докажаа" дека тој черепот е баш на Хитлер.Ако сега излезе дека е од жена зошто лажеле???
Дали е можно Хитлер да избегал во Ј.Америка??Итекако е можно.И тоа со директна помош на Американците.
--- надополнето: Oct 18, 2011 2:59 PM ---
Како прво Хитлер отсекогаш посакувал сојузништво со Англија.Не добил,па им објавува војна.Ракетите В-1 и В-2 партали го направија Лондон.Бомбардерите германски си фрлаа бомби врз Лондон како од шега.Не се сеќавам дека таа толку моќна Кралска Авијација да го нападнала Берлин на почетокот од војната.Тоа дури покасно кога Америте се вклучија во војната.
А Англија куртули од германска чизма само заради војната на Хитлер со Русија(најголема грешка).

За разлика од други нацисти од кои имале корист разни фактори од двете страни на железната завеса, од чичко Адолф никој немал корист.
Инаку први го бомбардирале Берлин французите уште во мај 1940 со следниве летала...

p1.jpg

Во никакви комбинации вермахтот не можел да се истовари на британско копно, тоа е само фантазија на скинери и нео-нацисти.
Единствен дел на Британската империја кој го окупирале биле Каналските острови...
 
Сите диктатори си имаат слични карактеристики. Тие не се револуционери, комити, верски фанатици или камикази спремни да умрат. Тие се манипулатори. И свесни се дека го манипулираат народот и го преобразуваат во алатка за остварување на СОПСТВЕНИТЕ цели и идеали, колку и да се луди.

Од оваа година, психопатологијата почна на големо да употребува еден нов израз: Гадафиев синдром. Иако е крстен по човек од денешницата, помалку или повеќе, секој диктатор во минатото, па и оние што ќе дојдат, ќе ги покажуваат истите симптоми.

Најинтересниот симптом е дека личноста со гадафиев синдром (еве конкретно самиот Гадафи), целата вина за појава на бунтовниците и предавството на неговата држава на окупаторска алијанса, ја фрла врз народот. Затоа тој вели: “Јас ви дадов сѐ (што мислев дека ви треба на вас смртниците) а вие ми враќате со предавство. Затоа вие, народот, заслужувате да умрете сите до еден!“

Блиските на Гадафи се личности кои функционираат како секта. Тој имаше лична гарда од жени и иста таква од хомосексуалци, кои освен примарната функција, задоволувале и други негови потреби. Парите и сексот му беа основни алатки за уценување и манипулирање.

Каде е сега Гадафи? Нигер? Мали? Каде му се синовите? А војската?
Какви наредби беше дал Хитлер на војската кога му станало јасно дека сѐ е готово?

Диктаторите се пички у душа, затоа и владеат на таков начин. Тие немаат вистински идеали, за кои би се бореле или би умреле. Се кријат по бункери, чекајќи ја првата шанса да киднат и на раат да си го трошат азното, глодано од народот. Се плашеле и ќе се плашат од народот, зошто на крај секогаш народот му се дешава.
 
Едно кратко инфо само до сите вас што пишуваат на оваа тема.. пуштете на кабловска на 24вести, токму сега.... има документарец за смртта на Хитлер.. како и за паралелите меѓу Сталин и Хитлер... можеби ќе ве заинтересира.. а меѓу другото ќе говори и човекот што го завиткал Хитлер во ќебе, откако прдлово се самоубил, за да го запалат надвор од бункерот....
--- надополнето: Oct 18, 2011 9:06 PM ---
Хитлер е жив навистина е жив!

А? Кажи ми дека се заебаваш, плиз..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom