Смртта на Хитлер

  • Креатор на темата Креатор на темата Slayer123
  • Време на започнување Време на започнување
Германска Чизма не стапна на островото - 1 реченица 1000 зборови
Точно, ама не е баш така, војната за ВБ е асиметрична, единствена причина поради која останале англичаните не згазени е одвоеноста на островот од континентот, така да мачкина кашлица, јок, разрушени англиски градови, да, уништена мрежа за снабдување на ВБ, да(тоа подморниците добра работа биле), Германска Чизма не стапнала, точно, ама благодарени на Сталин и Рузвелт,само уште пар месеци без интервенција на САД и отварање на Источниот фронт, и ВБ ќе имала иста судбина со остатокот на Европа.
 
и тоа што викаш ти, ама тука има едно огромно АМА секогаш има АМА, ама ако не се отвореше источен фронт ВБ ке пропаднеше и бтв ако хитлеровата морнарица била толку мокна ќе ја е згазила Royal Navy и ќе е донесела трупи во ВБ, па на крај краева можела е и со ДЕСАНТ
 
Адолф Хитлер не се самоубил во Берлин во 1945, живеел во Аргентина се до неговата смрт во 1962 година, објавено е во новата книга.

Вилијамс и коавторот Симон Данстан во своето истражување проучувале доверливи документи и форензички испитувања.

Авторите велат дека пронашле неверојатни докази кои упатуваат дека нацистичкиот лидер и неговата љубовница Ева Браун, тајно летале од Германија и биле одведени во земја во Јужна Америка.

Книгата "Grey Wolf: Бегството на Адолф Хитлер" истотака ги обвинува американските известувачи дека му дозволиле на диктаторот да избега во размена за пристап на нацистичката воена технологија.

http://www.dailymail.co.uk/news/art...istorian-says-Nazi-leader-fled-Argentina.html

http://news.sky.com/home/world-news/article/16090144
 
За мене најголема мистерија е како побогу успеал Адолф Хитлер заедно со Ева Браун, покрај милионска Советска армија што го држела под опсада Берлин, и била на скоро 1-2 км од последното живеалиште на Хитлер, подземниот бункер, каде што е најдено неговото спалено тело, да побегнат токму во Аргентина, без при тоа да никој да не ги примети и види, и покрај тоа што и самиот Хитлер знаел дека Советите за муда ќе го обеселе, ако го виделе (бидејќи нели него го бркале), а од друга страна пак, по на запад, на само неколку километри, исто така, со милионска армија доаѓале Англо-американците, кои нели, исто така, него го бркале.

Harry Hudini suck balls!

П.С. Ќе заборавев.... И уште едно прашање, за што сметам дека ја дозачинува мистеријата наречена „Смртта на Хитлер“.... Ако навистина побегнал, ко шо некои тврдат дека побегнал и доживеал 73 години (машала и покрај побајаги нарушеното здравје и физичко и ментално), зошто од 1945 година па до денес, кога МОСАД, а и ЦИА, КГБ, а ваљда и многу други, ги бркале ратните зликовци ширум светот (најчесто нели во Ј.Америка), никој, ама баш никој од нив не спомнал дека Хитлер е жив, дека е побегнат, дека некој негде го препознал, дека некаде се крие, ама не знаеме каде и дека ќе го најдеме? Поготово што добар дел од нацистите се скриле во Аргентина, па ако бил жив, нормално дека таму би го барале! И тоа е една мистерија, нели?
--- надополнето: Oct 17, 2011 7:22 PM ---
Точно, ама не е баш така, војната за ВБ е асиметрична, единствена причина поради која останале англичаните не згазени е одвоеноста на островот од континентот, така да мачкина кашлица, јок, разрушени англиски градови, да, уништена мрежа за снабдување на ВБ, да(тоа подморниците добра работа биле), Германска Чизма не стапнала, точно, ама благодарени на Сталин и Рузвелт,само уште пар месеци без интервенција на САД и отварање на Источниот фронт, и ВБ ќе имала иста судбина со остатокот на Европа.

Па не е баш така...
Како прво, - уште од првите напади над В.Британија, САД им доставувале оружје, муниција, храна и медицински материјали. Ем директно, ем преку Канаѓаните (да не заборавиме Канада тогаш била колонија на В.Б.). Тоа со германските подморници е мачкина кашлица... Имале загуби на почетокот, но германските воени бродови ко дрвени чамци тонеле од британската морнарица која пред почетокот на војната била втора по големина во светот, веднаш зад француската, ако не се лажам. Проблемот со германските бојни бродови биле воените рестрикции од Првата светска војна, па така нацистите, за да ги задоволат победниците од Првата војна, морале да играат по правилата, а тоа значи дека морале да прават воени бродови кои технички одговарале на рестрикциите што биле наметнати од Версајскиот мировен договор. Нивните бродови биле лесни, значи немале многу дебел оклоп, а затоа и брзо подвижни, и помали од британските. Војниот брод Бизмарк е покасно изваден, бидејќи покасно почнале да го прават, па така кога го извадиле на военото поле, англо-американците веќе имале морнарица за да се справат со него.

Второ, - САД и тоа како ги поддржувале Советите во Втора светска војна, пред да и самите влезат во војна (а да не зборам кога влегле). Со тони префрлале оружје и санитетски материјали преку Беринговиот проток. А сето тоа било произведувано во САД и Канада. Погледни да видиш фотографии во битката кај Москва, Курск, итн. Американски Шермани како јуришаат со црвени петокраки, а на хаубите и топовите им пишува „По Раихстагу“. Не велам дека Советите немале вооружување, но статистиката се кажува. Советскиот сојуз пред почетокот на војната бил најподготвен и најопремен од сите земји во светот. Неговото вооружување, било вкупно на армиите на Англија, Германија и Америка заедно! Во војна влегле со 33 000 тенкови човече! А само во првата година од нападот на Нацистичка Германија врз СССР, изгубиле и се предале вкупно 6 000 000 војници, а кој знае колку техника. А сето тоа поради паника, лоша тактика, и Сталин (јебеш ги укокал своите тројца најдобри генерали Јакир, Уборевич и Тухачевски, од кои Германците се треселе од страв - е сеа како ги укокал тоа е друга приказна). И да наравно, имале на сибир фабрики Советите, а и еден куп резервни трупи, затоа што се плашеле Јапан да не тргне против нив.

Трето - многу едноставно, германските бомбардери имале слаб домет за време на бомбардирањето на В.Британија. Брзо трошеле гориво, па затоа морале без везе да бомбардираат (воздухопловно правило е и ден денес да штом ќе полеташ мроа сите бомби да ги испуштиш пред да го потрошиш целото гориво, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи со авионот на пат за дома). Размисли само зошто толку многу авиони извадиле нацистите, па и ракетите нормално В1, В2 и сл.. а кои добар дел биле на крајот од војната.

И четврто, - Хитлер ти е најголемата грешка тука зошто не ја освоиле В.Британија. Едноставно војна не се води на два фронта. Особено ако не ти е обезбеден западот. А тој што направил? ја освоил Франција и другите околни земјички, ја освоил Југославија (по што веднаш се појавило партизанското движење на чело со Тито), тргнал на В. БРитанија, престанал, па отишол на СССР, КАДЕ БЕ!?!!? Не иде така...

така да во најкратки црти тоа ти е тоа...

Ако сакаш повеќе, можеш ад ги најдеш следниве книги: „Стаљинове жртве“ - Лев Никулин, 1966 Епоха, Загреб; „Сорге, Обавештајац стољеча“ - Михаило Мариќ, Епоха Загреб 1965; и „Тајна преписка Черчил Стаљин“, „Тајна Преписка Рузвелт Стаљин“ и „Тајна Преписка Рузвелт Черчил“, исто издание од Епоха Загреб 1966 година.. И имаш уште една.. се наоѓа кај овие тезгариве на плоштад „Други светски рат“ во три тома енциклопедија, со документи, фотографии, цртежи и што се не.. составена и напишана од генерали од сите страни од Втората светска војна.

позз...
 
За мене најголема мистерија е како побогу успеал Адолф Хитлер заедно со Ева Браун, покрај милионска Советска армија што го држела под опсада Берлин, и била на скоро 1-2 км од последното живеалиште на Хитлер, подземниот бункер, каде што е најдено неговото спалено тело, да побегнат токму во Аргентина, без при тоа да никој да не ги примети и види, и покрај тоа што и самиот Хитлер знаел дека Советите за муда ќе го обеселе, ако го виделе (бидејќи нели него го бркале), а од друга страна пак, по на запад, на само неколку километри, исто така, со милионска армија доаѓале Англо-американците, кои нели, исто така, него го бркале.

Можи избегал порано? Негде после обидот за атентат летото 1944? :)

И да избегал, тешко дека ќе живеел долго. Бил болен, бил зависен....Тешко дека би го надживеал Сталин.

Но несомнено, голем број видни нацисти успеале да пребегаат во Ј. Америка и голем број од нив никогаш не биле фатени, иако Израелците имале оформено посебна единица само за тоа - фаќање на нацистите.
Прашањето е, зошто и Хитлер не избегал таму? Лидер на една од најмоќните армии во светот не успеал да се спаси од смртта? Можел да избега, но не... имал поважни работи.... како на пример пресврт во војната...
Неговата илузија дека ариевската раса ќе владее со светот му пресудила... не дека не можела, туку заради фанатичноста на Хитлер...
Како што кажа, требало само да избегнува војна на два фронта и подоцна со најновите за тоа време воени иновации (како џет моторите, стелт бомбардерите, ракетите, атомското оружје и сл) во кои Германија била лидер во нивниот развој, можел да почне со освојување на светот. Исто имал и одлична политика во сопствената земја за зголемување на населението, ја кренал економијата и сл.
Требало само трпение. Да ја изгради својата морнарица, да го зголеми населението, да остави иновациите да го сторат своето.... и можел да го има светот. Без СССР и САД, нормално. :)
 
Можи избегал порано? Негде после обидот за атентат летото 1944? :)

Да бе видиш како не ми текна.. могуче..и то што викаш бил болестлив, снеможил, си рекол: „Ај бе со овие курајбери не се праи држава, си глеам ја здравје.“ И ја драпнал кајчето за Аргентина, земља пампаса и ему птичица.

Башка знаеш, сега се има смисла! Ти текнуе на Фокланди во 80-тите? Чија морнарица си го доби а? Британската, а зашо? ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! тоа е тоа! ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ! Стариот вампир ги трењирал тоа гаучосите!
 
За мене најголема мистерија е како побогу успеал Адолф Хитлер заедно со Ева Браун, покрај милионска Советска армија што го држела под опсада Берлин, и била на скоро 1-2 км од последното живеалиште на Хитлер, подземниот бункер, каде што е најдено неговото спалено тело, да побегнат токму во Аргентина, без при тоа да никој да не ги примети и види, и покрај тоа што и самиот Хитлер знаел дека Советите за муда ќе го обеселе, ако го виделе (бидејќи нели него го бркале), а од друга страна пак, по на запад, на само неколку километри, исто така, со милионска армија доаѓале Англо-американците, кои нели, исто така, него го бркале.

Технички не би било неизводливо, неговиот омилен пилот госпоѓицата Хана Рајш можела да слета и на салфета :cuc: а неколку пати слетала и одлетала од опседнатиот Берлин во последните денови од импровизирани писти со Физелер 156 Шторх, еден од првите STOL авиони...така да самото евентуално бегање од Берлин и не е нешто кое не можело да се изведе, Шторхот имал место за пилот и 3 до 4 патници зависи од “габаритот“ на патниците... а чичко Адолф и не бил некаква громада од чоек...:icon_lol:
Мусолини бил спасен со таков авион кога го затворила новата власт...

Но знаејќи го датумот и значењето на ноќта на неговото стапување во брак и самоубиството, не верувам дека би одбрал друг датум за да се пресели на “оној свет“ и во случај да можел...

Hanna%2BReitsch%2Breceiving%2BEisernes%2BKreuz%2BI%2Bklasse%2Bfrom%2BHitler.jpg

Како само ја шмека со поглед Геринг :vozbud:

2596305920095300939S600x600Q85%5B1%5D.jpg
 
Уаууууу човече каков манијачки поглед.. ко Ханибал Лектер да глеам, а не Херман Геринг! Додуше Геринг си бил „ќефлија“.... Их како би сакал да сум на местото на Геринг (добро освен тоа смртта негова, знаеш чосто да ја клецнам мадам Рајш.) :vozbud:

Абе да, ова шо велиш за авиончево.. и знам за Мусолини како киднал, а и како после го унаказиле од ќотек.
Али брат, ај кажи ми, како бре да избегаш од обрач стегнат на периметар 1 -2 км од тебе, не заебавај.. И кој аеродром прво да го фатиш кажи ми! :-))))))))))) Русиве мавале и на муви шо летале, а не па на вакво авионче! Поготово што авиончево ги нема техничките способности да лета евентуално до Шпанија,па одтаму да фати брод за Аргентина... Нема шанси, прдежот си го свирнал, а овие црнокошуљашиве негови го спалиле...
 
Уаууууу човече каков манијачки поглед.. ко Ханибал Лектер да глеам, а не Херман Геринг! Додуше Геринг си бил „ќефлија“.... Их како би сакал да сум на местото на Геринг (добро освен тоа смртта негова, знаеш чосто да ја клецнам мадам Рајш.) :vozbud:

Абе да, ова шо велиш за авиончево.. и знам за Мусолини како киднал, а и како после го унаказиле од ќотек.
Али брат, ај кажи ми, како бре да избегаш од обрач стегнат на периметар 1 -2 км од тебе, не заебавај.. И кој аеродром прво да го фатиш кажи ми! :))))))))))) Русиве мавале и на муви шо летале, а не па на вакво авионче! Поготово што авиончево ги нема техничките способности да лета евентуално до Шпанија,па одтаму да фати брод за Аргентина... Нема шанси, прдежот си го свирнал, а овие црнокошуљашиве негови го спалиле...

http://en.wikipedia.org/wiki/Hanna_Reitsch

Како...ризично, под оган, но веќе било направено тоа и не само од Рајш...
Неколку пати слетала за време на опсадата, последен пат 2 дена пред самоубиството и успешно избегала од обрачот со “авиончето“...не до Шпанија туку барем до морнаричките бази (Кил,Вилхелмсхафен,Бремен...) оттаму со подморница во неодреден правец (Антарктик, има скинери кои веруваат дека бил сеуште жив таму :vozbud:) технички изводливо, но чичкото немал намера да бега.
 
Го пуштиле да исчезне во замена за Германската технологија ? Па не знам...се е можно не велам не.
Сите знаеме дека бил многу болен,и до 1962 да живеел...не знам не ми се верува некако...но како што реков се е можно.Можно е и со Хана Рајш да киднал...
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Hanna_Reitsch

Како...ризично, под оган, но веќе било направено тоа и не само од Рајш...
Неколку пати слетала за време на опсадата, последен пат 2 дена пред самоубиството и успешно избегала од обрачот со “авиончето“...не до Шпанија туку барем до морнаричките бази (Кил,Вилхелмсхафен,Бремен...) оттаму со подморница во неодреден правец (Антарктик, има скинери кои веруваат дека бил сеуште жив таму :vozbud:) технички изводливо, но чичкото немал намера да бега.

Не знам брат.. али некако просто не ми се верува за сето тоа... едно е вака ја ти и не знам кој овде да збориме и да си претпоставуваме како би можело да биде, и кои би му биле опциите.. али историјата друго си кажала.... така да тоа ти е тоа...
 
Менгеле и еден куп нацисти избегале во Јужна Америка и умреле од природна смрт, не гледам зошто би било невозможно и Хитлер да го направил истото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom