Продава станови во околината, до пред трговскиот тоа личеше на Чернобил, сега ги шитка по 1350-1400 евра за м2.
Индиректно, локацијата му стана далеку поатрактивна.
Инаку не сум бил во трговскиот, не верувам ни дека ќе отидам додека сум тука, ама се чудам на тие што пазарат работи во скапите продавници кај нас, особено на тие што се закреваат од други градови да пазарат во Скопје. Немаат реални попусти, а цената е пренапумпана. Ако не станува збор за 1-2 парталчиња, поарно тркнете до Бугарија/Грција, ќе искористите малку шетање, имаат далеку поголеми попусти од нашите тука, плус ќе си вратите данок, гарантирам дека ќе поминете поефтино.