Skopje City Mall

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Со ова само ќе ја запустат Лептокарија, ништо повеќе. Ќе уништат еден дел скопски газди, на сметка на некои си Албанци од Виена, и тоа е тоа.
лептокарија беше запустена кога се отвори или најкасно следниот ден. а, и да не е така, кој и со што ќе ја запусти лептокарија? државата, општината, албанското, француското, австриското лоби?
времето на договорна економија заврши, брат.
што *ур седеа „скопските газди“, што не донесоа брендови у мк. а, не 2 бутика со шверана „ш“ класа роба и пицерија со исто мени 200 години и маринирани (бљак) печурки. тоа може палело пред 20 год - сега не. а, и државата не е црвен крст, па да ги чува „газдите“ и да им каже на Скопје Сити Мол: кој ве е*е - ние ќе си ја штитиме лептокарија... је*еш ти пари од комуналии и вработувања...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533
Ќе го пуштат на 4-ти, со 70% од продавниците недовршени...
Претпоставувам дека ќе биде иста шема како Рамстор кога го отвараа, со спуштени „завеси“ на излозите.

Cineplexx отвара во ноември, си пишува на самиот влез. Видов некои 5 продавници кои беа тоталка средени и уште некои 7-8кои може да бидат готови за отварањето. Тоа беше состојбата вчера.
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
некоја информација за отварањето некои викаат утре имало карти и со тоа попуст колку е точно некој што како слушнал ? :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.338
Поени од реакции
15.612
некоја информација за отварањето некои викаат утре имало карти и со тоа попуст колку е точно некој што како слушнал ? :)
Чекај малце, ќе има карти за отварање? Карти?
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Вака ќе биде на отворање :icon_lol:.

Држ држ да ебам мајка му.... Сега :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Ох леле Господе.

Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Само што го разгледав флаерот со цени на Карфур што ќе им важи од 04.10 до 21.10. Луѓе не сте виделе толку ефтини производи, овие ќе ги затворат сите постоечки маркети во Скопје ако им останат истите и понатаму :) Леб-14 денари, чоколади 29 денари, 2 вина 99 денари, ориз 35 денари.... Да не зборувам за техничка роба... :)
 
Да не го има на интернет некаде флаерот?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.681
Само што го разгледав флаерот со цени на Карфур што ќе им важи од 04.10 до 21.10. Луѓе не сте виделе толку ефтини производи, овие ќе ги затворат сите постоечки маркети во Скопје ако им останат истите и понатаму :) Леб-14 денари, чоколади 29 денари, 2 вина 99 денари, ориз 35 денари.... Да не зборувам за техничка роба... :)
Дај кажи нешто интересно од техничката роба :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Дај кажи нешто интересно од техничката роба :)
Еве уште еден дел цени: пегла 999 ден, фен Филипс 399, тафче 129 ден, енергетски пијалок Карфур 19 денари, крем за мачкање 99 денари, маслиново 189 ден, кафе 19 денари, пиво германско пола литро 29 денари, грав 79 денари :)

Техничка: телевизори на 10 рати со 0% камата, почнуваат од 799 до 3399 денари рата, лап топи исто на 10 рати- 1499 денари рата, дигитален апарат Самсунг 6299 денари, таблет 4999 денари, греалки 449 денари и 1099 денари итн... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom