Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
IMAG0100.jpg

Реално :)
ова е моја слика од пред 12 дена:D
 
За сите симпатизери на Скопје 2014! - Мала книга, составена од критики и само критики за проектот. Писателите се главно професори од Архитектонскиот факултет.
Вреди да се одвои време и да се прочита.
 
На Сквер Јадран, на повеќе места има нешто налик на шахти, ама не се шахти. Значи, копано е премногу плитко, ставена е мислам некаква метална мрежа, а врз тоа блокови од плочите со кои е поплочена цела улица. Длабочината нека им биде преку сила 30 цм. Што е тоа, знае некој? :confused:

Kaнделабри,али такви у облик како мрежа,високи правоаголни
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 20:54 ---
За сите симпатизери на Скопје 2014! - Мала книга, составена од критики и само критики за проектот. Писателите се главно професори од Архитектонскиот факултет.
Вреди да се одвои време и да се прочита.

Тие критики тие професори требаа да ги изнесатт уште одамна,а не да ќутат..сега им текнало па уште и ругаат по странски списанија и весници. Зашто ќутеа како буви у гаќи кога се презентираше овој проект и зашто никој не искочи со свои замислии да го оспори сегашниов..освен Грчев кој само со пљуканици збореше,ја на ниеден друг не се сеќавам. Какви стручњаци,таква и архитектура,каков народ таква и држава.
 
Kaнделабри,али такви у облик како мрежа,високи правоаголни
Не не. Знам на што мислиш ти, ама не е тоа. Еве и слика. Во долниот агол се гледа малку и од мрежата што е пред плочите.
2cogc2g.jpg
 
c i t r o Наведни си ја главата и молчи, засрами се од твоето мислење и оди си од форумот. Врска немаш од архитектура. ;)
 
Сите знаеме зошто ќутеа и не излегоа.
Од друга страна, контрадикторен си. Велиш, нечини и зошто ќутеле, а го оправдуваш проектот. Како тоа? Има само едно логично објаснување.
И немој да ми зборуваш нешто за архитектите, знаеме колку е платен архитектот на воинот на коњ, цели 2 милиона. Толку платен архитект може ли да е лош? Или можеби тоа и не е вистински архитект?!
 
c i t r o Наведни си ја главата и молчи, засрами се од твоето мислење и оди си од форумот. Врска немаш од архитектура. ;)

Ти ќе ми кажеш.На дедо ти нива да не е форумов.

Сите знаеме зошто ќутеа и не излегоа.
Од друга страна, контрадикторен си. Велиш, нечини и зошто ќутеле, а го оправдуваш проектот. Како тоа? Има само едно логично објаснување.
И немој да ми зборуваш нешто за архитектите, знаеме колку е платен архитектот на воинот на коњ, цели 2 милиона. Толку платен архитект може ли да е лош? Или можеби тоа и не е вистински архитект?!

Поентата ми е дека сега кога 80% е завршено искачаат со критики,блаираат по списанија,разни странски интервјуа. А ако се плашат од власта боље нека ќутат,како што ќутеле тогаш и сега нека ќутат. Штом немале храброст тогаш,сега касно палат. А ја и даље го оправдувам проектот,до некој степен.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 21:16 ---
Не не. Знам на што мислиш ти, ама не е тоа. Еве и слика. Во долниот агол се гледа малку и од мрежата што е пред плочите.
2cogc2g.jpg

Не ми е јасно стварно.
 
Kaнделабри,али такви у облик како мрежа,високи правоаголни
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 20:54 ---

Тие критики тие професори требаа да ги изнесатт уште одамна,а не да ќутат..сега им текнало па уште и ругаат по странски списанија и весници. Зашто ќутеа како буви у гаќи кога се презентираше овој проект и зашто никој не искочи со свои замислии да го оспори сегашниов..освен Грчев кој само со пљуканици збореше,ја на ниеден друг не се сеќавам. Какви стручњаци,таква и архитектура,каков народ таква и држава.

:facepalm:

Дали некој ги прашуваше, па нели јадеа ќотек на сред плоштад тие асистенти и студенти, и покрај се и викаа ШИПТРАИ......
Се знае кој организира/ше контра протести....

Што презентација имаше?? ако не знаеш што е презентација најдобро ќути, не се резили безвезе.......

Само на Грчев му пукна, тамам работа на сите професори да му пукнеше......
 
Oк си се канделабрите,само тоа златното боде очи,ја би идел со некоја сребрена варијанта..или скроз црни.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 21:21 ---
:facepalm:

Дали некој ги прашуваше, па нели јадеа ќотек на сред плоштад тие асистенти и студенти, и покрај се и викаа ШИПТРАИ......
Се знае кој организира/ше контра протести....

Што презентација имаше?? ако не знаеш што е презентација најдобро ќути, не се резили безвезе.......

Само на Грчев му пукна, тамам работа на сите професори да му пукнеше......

Ма ќути бе ќути ..тие протести беа чиста политика од сорос и сдсм..а исто и контрапротестите од вмро...и тој протест не беше против ск 2014,него против црквата,која по воља на вистината и ваше задовоЉство не се изгради.
 
Ќе ви постирам колумна на Грчев од 2007 година каде плачи и вика на сиот глас против модерните градби,како се задушил од модернизам,а не се инестирало во обнова на СТАРИОТ ТЕАТАР,НАРОДНАТА БАНКА,ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ и слично.А знаеме после што све зборуваше

Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонски факултет
Скопје не обнови ниту еден елемент од својот уништен центар

5197.jpg

Мирослав Грчев

Погледот кон градот во кој живеам од почетокот на животот е интроспективен и по својата природа: тоа е поглед длабоко во сопственото битие, во сеќавањата за своето постоење. Тој поглед никогаш не е просторно и временски реалистичен, ниту пак е структуриран во читлива и паметлива слика. Него го прават илјадници откршоци од некакво долго и незапаметливо патување, сувенири во различна и сосем случајна форма: слики, безвучни секвенции, чувства, мириси.

По овој разнороден крш може да се шета и пребира, да се јази и пропаѓа, како по урнатини од здание сомелено со несфатлива жестокост. И така, пребирајќи, откршоците почнуваат да будат сеќавања и асоцијации, нови делчиња од некогашното здание, но колку и да се напне човек да ја состави целата слика наидува на пречка која никој од мајка роден не ја решил. Сликата се разнебитува по некаква неправда, толку интензивно колку што ќе се вложи труд и време во нејзиното реконструирање.

Сепак, секој поглед кон градот е поглед наназад кој продуцира живи сцени и градски сценографии: живо ги паметам снежните скопски зими кога просечените патеки по средината на буњаковечките улици ме надвишуваа, создавајќи бел лавиринт над кој единствено потскокнуваше синото топче на мојата капа. Единствената слика која ги надживеа и ќе ги надживее скопјани е сликата на уништениот центар на градот со зградите на Театарот, Офицерскиот дом и Банката. Оваа скромна, по своите објективни уметнички и споменични вредности, паланечка тријада ја носеше колективната слика за Скопје, беше и сў уште е заедничкиот именител на сите лични сеќавања и претстави. Паметливиот поглед на Скопје, неговиот идентитет и посебност, душата на таа провинциска ларва од која требаше да изведе националната метропола, испадна дека влегуваше во форматот на една поштенска картичка. И, како по Марфиевите правила, тоа што на Скопје и скопјани им беше најскапоцено, тоа од што имавме најмалку, токму тоа најлесно го загубивме, та дури и со херостратски занес самите со динамит го развеавме во прашина.

Годинава ќе го одбележиме четириесетгодишниот јубилеј на необновувањето на центарот на градот. Каков гинисовски рекорд! Четириесет години Скопје не обнови ниту еден елемент од својот уништен центар, не возобнови ниту една динамитирана зграда од својата единствена поштенска картичка, четириесет години до отапеност ги навикнува своите граѓани на утрини, импрозивирани зеленила, распаднати бараки и разлетано ѓубре на локациите на паметливата тријада.

Погледот на Скопје е жртвуван за еден неотсонуван модернистички сон, а стварната слика за градот е заменета со празен поглед во иднината. Четириесет години погледот наназад е осудуван како конзервативен, носталгичен и деструктивен, а во негова замена со несмалена жестокост се форсира погледот нанапред кон посветлата иднина која допрва треба да ја создадеме. Но, погледот нанапред дофрла само до тилот на пророците што нў водат во непознатата иднина, а менталната пасивност предизвикана од ова слепило ги прави скопјаните несвесни за дупката во стварната слика на градот, за дисконтинуитетот на сопственото градско постоење и распарчената слика за себеси.

Ќе ви постирам колумна на Грчев од 2007 година каде плачи и вика на сиот глас против модерните градби,како се задушил од модернизам,а не се инестирало во обнова на СТАРИОТ ТЕАТАР,НАРОДНАТА БАНКА,ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ и слично.А знаеме после што све зборуваше

Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонски факултет
Скопје не обнови ниту еден елемент од својот уништен центар

Ти Грчев ли го рачунаш за релевантен стручњак. Типичен транзиционер. Кога бил градоначалник има донесено ДУП за центарот скоро идентичен како сегашниов,со сегашниве маркици за градба..и објекти поред Вардар,обнова на Официрски,Банка,Театарот..споменик на плоштад (ама изгледа Титов).
 
- Со оглед на тоа што споменикот го започна многу подоцна од оној кој го најавија и го реализаираат Владата на Република Македонија и општина Центар, Стевчо Јакимовски побрза да го заврши овој споменик, пред Владата да го постави истиот таков во Центар за околу еден до два месеци од сега. Токму затоа, за да стигне да го заврши еден месец пред Владата, чиј споменик е во завршна фаза на полирање, Стевчо Јакимовски споменикот во Карпош го направил многу помал од оној на Владата. За кратоко време граѓаните ќе можат да ги видат двата споменика и да ги споредат – реагира XX партија

http://sitel.com.mk/node/62148

:sick:

Локалната и централната власт се натпреваруваат кој побрзо ќе изгради споменик и чив ќе биде поголем.

Уште и се гордеат, еј.
 
Ти Грчев ли го рачунаш за релевантен стручњак. Типичен транзиционер. Кога бил градоначалник има донесено ДУП за центарот скоро идентичен како сегашниов,со сегашниве маркици за градба..и објекти поред Вардар,обнова на Официрски,Банка,Театарот..споменик на плоштад (ама изгледа Титов).
Грчев е одговорен за две големи срања:
- он го почна дилот со градежна мафија у Дебар Маало, од таму all hell break loose, па денес иаме таму згради кои на погорните спратови користат пумпи за вода.
- Него треба да му се заблагодариме за тоа што денес во сопствена држава немаме национален симбол на знамето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom