Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
До сега некако можев да поминам на плоштад, покрај МЕПСО, преку камени мост до чаршија и да проголтам све тоа што е изградено, некои работи и ми се допаѓаат.
Ама после ова со `бродовиве` мене веќе ми е срам да поминам низ центар на Скопје.
Да се само бродовите, појди од кај Св. Димитрија и број споменици, па околу нив музеи на вмро, музеи на овие, на оние, театри, па згазни малку кал пред камени мост, пак споменици лево и десно од него, лево во вардар 2 или 3 инокс празни саксии кај што требаше нели оние врби од 250000евра да растат, а на плоштад гробница, те овој, те оној, па некои имитации на дрва со гранки, па шмизли, лавови, мечки. Добро го реформираа најголемиот плоштад во Македонија некогаш. Но за некого ова е гордост.:tapp:
Цитро, не дека не се гради само низ центар, ама што паметно изградија останатите градоначалници по останатите градови, има ли некои информации. Додека карпош ги средува фасадите со стиропор(и по Куманово гледам почнаа), училишта со соларни бојлери за затоплување на вода, бесплатни паркинзи, што паметно прават останатите а да е во корист на граѓаните?
 
Kaj бе почнале по Куманово? На онаа ли мислиш на плоштад,само од една страна што ја замачкаа? Дај не лзжи бе,може некој што не бил у Куманово да ти верува,не ме лжи мене...Додека низ цело Скопје,Прилеп,Битола и др.поголеми градови се прават паркови,булевари,кружни текови и сл.нашиов дебил свињски дреме. А цена на паркинг е 35 ден,ма то комуњарско ѓубре треба да се утепа одма.! цел центар со распаднати фасади,свиња една,само кафана и коцка го интересира ништо друго.
 
Ок, друже, ја тражев информации како што даде погоре за некои делови од Скопје каде што се и таму гради и за останатите градови, а не усно да набројуваме. За Куманово не лажам, баш ќе видам до каде е, знам имаше завеси работеа и знам беше во план повеќе згради да ставаат стиропор, единствено ако престанале и заебале како што викаш.
 
313639_10151286213007138_884974065_n.jpg
 
Ова слика круже по интернет Цел свет ни се смее .На аеродромот некој турист ако сакаше да си купе знаме ке го купеше албанското бидејки го имаше тоа таму ,за момент може и да си помисле дека слетал во Тирана .

lol-na-plostad-659x494дсфс.jpg
 
Грчкиот милијардер Кондоминас се закотви на плоштад

Локацијата што ја купи грчкиот бизнисмен Димитри Кондоминас на плоштадот Македонија пред две години веќе е заградена, а теренот расчистен. Се очекува наскоро да започне и изградбата на Офицерскиот дом и на хотелот, предвидени со урбанистичкиот план на Општина Центар. Од Министерството за транспорт и врски само информираа дека роковите за изградба на објектите веќе течат и инвеститорот е должен да ги заврши двата објекти најдоцна за шест години. Од Општина Центар велат дека грчкиот инвеститор ја добил дозволата за градба уште на 10 април минатата година, што значи хотелот и Офицерскиот дом треба да бидат готови до април 2018 година.
Минатата недела на терен се работеше на расчистување на паркиралиштето на ЈП "Градски паркинг" и на пунктот за велосипеди. Според урбанистичкиот план на оваа локација се дозволува објектите да имаат максимална висина од 29 метри, што значи дека може да се изгради објект од седум ката со потпокрив. Според условите на лицитацијата што ги постави државата инвеститорот треба да го изгради хотелот во барокен стил и градска куќа со изглед на некогашниот Офицерски дом, во која ќе биде сместен кабинетот на градоначалникот на Скопје и Матичната служба.
Министерството за транспорт и врски однапред избра архитектонскиот стил на хотелот да биде неокласицизам. Според планот, хотелот ќе мора да има барем четири ѕвездички. Втората опција е да работи под франшиза на синџир од најмалку 250 хотели во светот. Делот од Офицерскиот дом што пак ќе се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник грчкиот инвеститор треба да го отстапи без надомест.
Кондоминас влезе во Македонија преку фирмата ДЦ приме пропертис САА, како филијала на грчката Демко прајм пропертисс, а партнер му е синџирот хотели Мериот", којшто има свој хотел во изградба во непосредна близина.
Кондоминас стана сопственик на земјиштето по пат на лицитација на која беше единствен понудувач. Плати околу 625.000 евра за речиси 6.308 квадрати земјиште во најстрогиот центар. Според условите на лицитацијата што ги постави државата, тој требаше да откупи и уште околу 500 квадратни метри од приватни сопственици. Договорот за отуѓување на градежното земјиште на две градежни парцели меѓу Министерството за транспорт и врски и фирмата ДЦ 'Приме пропертис' беше склучен на 4 април 2011 година.

http://vecer.mk/?ItemID=0163BDE8D836DA4AB5BE53D8C14D3612

95A48B5C60A41F4BBF1C0DB8D4775108.jpg

--- надополнето: 29 јануари 2013 во 00:46 ---

Додај го и новиот хотел десно кај тревата што ќе го градат грците , и добиваш мини плоштад со макси споменици.
 
Колку се само безвеза, е сега змисли да ги нема сите овие мали споменичиња, да остане само Александар со фонтаната и да ги нема двата хотели кои ќе се градат. Ќе биде милиниа, плус кога ќе се досредат фасадите во барок стил. Чисто, уредно, минималистичко а сепак класично. А сега е панаѓур.
 
Александар со фонтаната си е баш супер како елемент во плоштадот, али другите споменици можеше на други места да се постават и да не го гушат дополнително плоштадот.
 
Колку се само безвеза, е сега змисли да ги нема сите овие мали споменичиња, да остане само Александар со фонтаната и да ги нема двата хотели кои ќе се градат. Ќе биде милиниа, плус кога ќе се досредат фасадите во барок стил. Чисто, уредно, минималистичко а сепак класично. А сега е панаѓур.
Oндак тоа не би било плоштад.По некоја дефиниција плоштад е затворена површина,оградена,т.е. попрецизно празна површина опколена со згради,празен простор во урбана средина.Погледни ги европските плоштади и ќе видиш дека сите се опколени со згради,нема празни недефинирани простори..тоа е плоштад. Ова сега е нешто би му дошло као плоштад/парк у едно. Зградите уопште нема да сметаат,напротив убава атмосвера ќе даваат. А за спомениците да,претерано е. Као што викаше Рамкоски..се претера со новинарството..така и овдека се претера со спомениците.
 
Не е претерано со споменици но претерано е што сите ги лоцираат на плоштад и во мал ринг и плус не се тематски и хронолошки распоредени туку расфлени на сите страни. Според мене требаше да се има сосема друг пристап на поставување на овие споменици.
 
И МЕПСО ќе добие барокна фасада
И зградата на државаната енергетска компанија МЕПСО, лоцирана на плоштадот Македонија, се очекува наскоро да доби ново фасадно решение.
Советот на Општина Центар денеска ќе го разгледува барањето на компанија да им биде одобрена Предлог - Програмата за утврдување на фасаден изглед на зградата на МЕПСО.
Парите за обнова и стилизирање на фасадата ќе ги обезбеди компанијата, а тие од Општина Центар бараат избраното идејно решение да влезе во општинската програмата за фасадите во централното градско подрачје.
 
Кога би можел јас би го дал Цар Самуил како поклон од Град Скопје на Град Охрид. Најмногу ми штрчи од сите споменици. Ем ќе се отвори погледот кон ул. „Македонија“, ем Охрид како Самуилова престолнина ќе има негов споменик, ем ќе се затоплат односите Скопје-Охрид. :D
 
Kaj бе почнале по Куманово? На онаа ли мислиш на плоштад,само од една страна што ја замачкаа? Дај не лзжи бе,може некој што не бил у Куманово да ти верува,не ме лжи мене...Додека низ цело Скопје,Прилеп,Битола и др.поголеми градови се прават паркови,булевари,кружни текови и сл.нашиов дебил свињски дреме. А цена на паркинг е 35 ден,ма то комуњарско ѓубре треба да се утепа одма.! цел центар со распаднати фасади,свиња една,само кафана и коцка го интересира ништо друго.
Подобро распаднати фасади, одшто барокен стил да се почнат да прават и во Куманово. :tapp:
Забораваш колку неасфалтирани улици се направени, па и патишта над 10км кои чинат над 1милион, а од друга страна во Скопјенцето наше главно градче имаме огради од 2 милиона? Кого ти лажеш сега бе?
Гасовод? Парно? Плоштадот? Кејот? Базенот?
А ако твојата уличка не дошла на ред, не мора тука да шириш штабски муабети со неиздржани факти. И јас одам по Партизанска, еден од најголемите булевари во Скопје, не можеш да пројдеш по тротоарот, вирови до колена па?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom