Склекови

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Има некој што прави 100че?
Еден дечко од кај мене прави 300 во една серија.. Неможев да поверувам на очиве.Правилен склек без нишање и слични работи..Што е многу многу е :D

Со 300 типот е ѕверче ама и добра мотивација до каде може да се стигне :).

Штом стигнам до 100че ќе се фалам ;) .
 
Со 300 типот е ѕверче ама и добра мотивација до каде може да се стигне :).

Штом стигнам до 100че ќе се фалам ;) .
и јас се запнав.. Мора некако до 100ка да стигнам.. ако успеам фалење :D :D
 
и јас се запнав.. Мора некако до 100ка да стигнам.. ако успеам фалење :D :D

Хаха, ајде ќе видиме кој попрв ќе стигне, ете добра мотивација да запнеме здраво иако не очекувам пред 6 месеци така да мислам ќе бидеш попрв :).
 
Вака кој како стига со бројка нека пишува на оваа тема колку може.. Само без крадење и лажење :D

Не се важи на пример последниот склек до пола и сл. Чисти склекови од горе до доле.. Барем ќе видиме кој до каде стигнал..

Сега јас сум на 35
 
Kaiser i Strenght може да знам по колку години имате???
 
Порано дур тренирав 40ка без проблем... сеа 20 едвај :(

Мора у форма да се вратам,почнувам од утре :)
 
Јас без прекин, нормални ги правам 29 , е незнам зошто баш 29, имам броено на 30-тиот мора да ми крцни рака да ме здоболи да се изморам значи максиум 29.
 
Мене така ми беше 35тиот.. едвај го правев ама се запнав и сега ги правам 35 чисти.. Ајде момци да видиме кој највеќе ќе може..
 
40 ми е рекордот сеа за сеа.. :):) Ама до крајот на месецот мора 50ка да напраам :)
 
Чисти склека прееска за малце 20 ќе ги направев... :( Али идемо даље, мора до Јули барем 25 макс. да направам :D Почнав поинтензивно од почеток на мај да вежбам, пред тоа едвај 7-8 чисти ги правев.

Иначе, како правите склекови, секој ден или секој втор ден? (т.е. како е најдобро за побргу да се накачи маса во предел на рамења/гради) И како е правилно за дишењето, кога се спушташ - вдишуваш, кога се дигаш - издишуваш или обратно?
 
Прај 2 3 дена поред па еден одмор и така :)инача нагоре вдишуваш надоле издишуваш
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom