Ски центрите во Македонија прескапи

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
800 e Кожуф, али патот никогаш не е исчистен а богами ни прооден дури и со џип.
Тоа е тоа луѓе колку и да се сереме тоа е.
Маврово си е Маврово, да беше Шапка како порано со сите стази пуштена друг ке беше муабетот...
Реално за бординг Шапка е подобра, за скии Маврово.
 
Пу, не сум скијала 4 години.

Јас колку што се сеќавам, порано беа за деца до 12 години 350 ден., а за возрасни 600 или 700. Јас дека сум младолика, се провлекував со картата од 350. :icon_lol:

Ама 1100 денари!:nesvest: Прескапо е за наши стандарди.
 
Баснословно е скупо, ако се точни бројките. И тоа како скијач го кажувам, не обичен турист да сум на расхотка и чист воздух дојден. Од дете, до сега, во нашава земја сум прошла се` освен Кожув, и одговорно тврдам дека е претерано ова. Крушево не е за мене, инаку ништо против, радо би одела и таму.
У комшии ќе идам бе у крај краева. Шо, не сум патриот? Не се ни они. Со што ме мотивира да седам тука и да му ги оставам парите, ај? Кога можам да добијам боље услуга за истите на друго место. Наши сме биле, ако сме наши треба да домашните услови да се приспособат.

И кои странски туристи бе. Ќе остават Австрија или Словенија за Шапка, сигурно.
 
И ја би играл така у секој случај, ама фрката е кога немаш време за тркнување до комшиите и по амбасади да си играш.
За ден-два тркнување до Маврово на саат возење ти е прајслес
 
Бре јадна Македонијо...во земјава сите викаат..има толку и толку невработени толку и толку социјални случаи со еден збор беда и сиромаштија...а еве читам 3000 скијачи дневно во Маврово или Шапка не ме факајте за збор:tapp:Свашта!Секаков податок ке сретнеш у земјава.
 
Јас вчера си дојдов дома, бев 10дена во Маврово. Вистина многу скапо, ако немаш куќа каде беспари ке поседиш, ке ти треба цела плата за викенд да ја дадеш.

До пред некој ден немаше ноќно скијање, па кај си платил дневна карта уште неможеш да скијаш откако ке се стемни. На паркинзите се забележуваат само коли кој чинат +13 000евра, со што дојде времето кога во Маврово има место само за "џет сетот". Мој совет, ако веке некој сака да одели повеке пари за квалитетно зимување, би му го препорачал Боровец, како многу подобра варијанта од македонските ски центри.

Среќа дедоми е стар жител во Маврово па ги познава пола од вработените на жичара и оние што возат ратрак, па не беше тешко да се дојде до дневна карта за беспари.

п.с Скоро и да нема Македонци на стаза. Во хотелите има исклучиво странци дојдени од Србија, Косово, Албанија, Белорусија...а имаше и 5-6 џипа од Грчка. Или поубаво да кажам, пола Албанија е дојдена во Маврово.
 
Ја читав темава. Некој спомна дека најпаметно е да се оди надвор. Коментар на место. Можам да направам споредба само со Банско, затоа што само таму сум бил надвор од државава.
За 25 евра дневна карта, на располаѓање имам 70 км стази. Колку нуди Маврово за 1100 денари? Десет? Проста математика колку евра чини километар :):)
Друго, цените во хотели во Банско се поповолни отколку во Маврово. Бистра, Макпетрол и уште не знам кои и колку никнаа последниве 2 години се прескапи за понудата. Па не може хотел со 4* во Банско да има иста цена со Макпетрол. А за тие што не знаат, Макпетрол нема ни базен, ни сауна, ни 24 часа греење. А ако се оди преку агенција, визата не е проблем.

П.С Заборавив да кажам дека хотелите во Банско имаат организиран превоз до стазите. Некој хотел во Маврово има нешто слично?
 
Јас вчера си дојдов дома, бев 10дена во Маврово. Вистина многу скапо, ако немаш куќа каде беспари ке поседиш, ке ти треба цела плата за викенд да ја дадеш.

До пред некој ден немаше ноќно скијање, па кај си платил дневна карта уште неможеш да скијаш откако ке се стемни. На паркинзите се забележуваат само коли кој чинат +13 000евра, со што дојде времето кога во Маврово има место само за "џет сетот". Мој совет, ако веке некој сака да одели повеке пари за квалитетно зимување, би му го препорачал Боровец, како многу подобра варијанта од македонските ски центри.

Среќа дедоми е стар жител во Маврово па ги познава пола од вработените на жичара и оние што возат ратрак, па не беше тешко да се дојде до дневна карта за беспари.

п.с Скоро и да нема Македонци на стаза. Во хотелите има исклучиво странци дојдени од Србија, Косово, Албанија, Белорусија...а имаше и 5-6 џипа од Грчка. Или поубаво да кажам, пола Албанија е дојдена во Маврово.
Остај бе Албанија е блиску,имаше и Французи.
На гркот не му боли дали доаѓат луѓе за скиање,му боли да се полнат хотелите.
 
Ако се има на памет дека скијање е скап спорт, скапа опрема и слично цените на самите скијачки центри се исто така високи. Според мене во Македонија цените се нереални споредено со условите.
 
Ова во Кожуф не чини. 800 денари картата...За што?
За нечистен пат(никаков), за 3-4 писти?
Подобро ќе дадеш уште 800 денари и ќе одиш во Банско...65км стази...Вреди?
 
800 e Кожуф, али патот никогаш не е исчистен а богами ни прооден дури и со џип.
Тоа е тоа луѓе колку и да се сереме тоа е.
Маврово си е Маврово, да беше Шапка како порано со сите стази пуштена друг ке беше муабетот...
Реално за бординг Шапка е подобра, за скии Маврово.

За борд срање е шапка, за моментално пуштените стази. Не можеш асално да се улеташ со фри стајл даска (бар јас таа што ја возев и моите другари што ги возеа нивните) на таа што е стазата десно од аеродром, спуст идам и пак џабе мора да ти застане на тоа правото па додека да дојде пак уздолница.
Срање се кај нас условите за зимски спортови, во Бугарија на Витоша планината (што е одма до Софија) имаат 10 пати подобар терен од кај нас и имаат сноу парк и картата е 10 евра дневна. Срамота е ова кај нас што го прават.
Во Австрија на глечер е поевтина годишната карта него кај нас сезонската на Маврово али тоа е, им се може па не бричат...
Како и да е оваа година може еднаш ќе отидам на Маврово и толку после тоа може да отидам на Кожуф еднаш и толку за оваа година, другата година ако се погодам подобро со време ќе си отидам на асално место некаде на страна, не тука да им плаќам ништо.
Уште поголем срам за Маврово беше што на отварањето најавија дека ќе биде без пари и дека има снег, а едни другари отидоа и платиле „промотивно за отварање“ 750 денари карта и повеќето си ги изорале даските на „снегот“.
 
Годинава пак скапо? :)

Гледав сега реклама за хотел Бистра во Маврово и се сетив на темава.
,,Ајде сите на скијање во Маврово, 7 дена за само 25 000 денари!"

:pos: Не знам дали да плачам или да се смејам.
Јес да е луксузен хотелот но тоа се 6 ноќевања, значи 70 евра ноќевање. А кај се скиите, кај е плаќањето за ски лифтот... Па за тие пари во Швајцарија и Австрија ќе отидеш како човек.

Крушево поскапо од Охрид летно време станал за новогодишниве празници.

На прсти доаѓа да ги изброиш луѓето кои можат да си го дозволат тој луксуз да одат на зимовање 7-10 дена.
 
Нека падне снег само, после ќе собираме пари за ски-лифт. :se_ molam
 
Аман бе што е тоа,прескапо е за нас Македонците ама за туристите не е нивните плати се многу поголеми од нашиве така да.....:nenene:
 
Горе долу, исти се цените во споредба со останатите туристички центри низ светот.

Е сега тоа што Вал Дизер, Алтабади ги споредувате со Маврово и Кожув е поим за размислување.

Ама тоа е, секој скијач знае дека скијањето е скап спорт, почнувајки од опремата, завршувајќи со картите за ски лифтовите. Да не ги напоменувам шансите за скршеници...

Но тоа што може да ти го даде планината, никој неможе да ти го земи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom