Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш кога ќе видам ново мислење на темава, се разнежнува некој дел од мене.
 
Јас ја иам завршено пред 2 месеци :((... пичку матер, НАЈДОООБРА! На сите им го препорачувам, и само молам некој од друштвото да почне да гледаМЕ.
Дај кажете некој друг ваков.. :/


И САКАААААААААААААМ ПАК ДА ЈА ПОЧНАААААААМ!
ДРУГИТЕ НЕ МИ СЕ ИНТЕРЕСНИ! :)
 
Ја пред една недела свршив на/со 3та сезона. Од утре ја почнувам четврта.
 
Петта сезона, леле Били не очекував дека ќе стане толку очаен, Клер којзнае како го има изонадено, секоја и чест..
Жал ми е за мојата миленичка Рут, овој па фриков скроз ја заеба ебаго.. а таква нежна женичка си мислеше конечно проблем солвд и е.. па и ќерка му се најде..
Навијам да си најдат детуле Дејв и Кит сонциња бе, како само се трудат
Нејт, Бренда има цицка топ и тоа деколтето од роденденот на Нејт си ветив дека такво ке си сошијам и јас...
малку петтава сезона ме спушти, сеа незнам што ќе биде понатака и така сум напочеток..

wot i Psyside :love:
 
Допрва следува интересното! :)

Не кажувам ништо повеќе бидејќи ми е страв да не те спојлерисам, дали ја читаше темава пред да ја гледаш серијата?

П.С. Коа ќе ја завршиш, фрлај се на Breaking Bad одма :D
 
Допрва следува интересното! :)

Не кажувам ништо повеќе бидејќи ми е страв да не те спојлерисам, дали ја читаше темава пред да ја гледаш серијата?

П.С. Коа ќе ја завршиш, фрлај се на Breaking Bad одма :D


Не ја читав, се заради да не дознаам се па да не ми е интересно...
Аман и Брејкинг бед има волку секс разновиден ко Сикс Фит? :pipi:

Па и wot колку мудро молчи, ич нема жал вака нешто да ме предупреди .. ах ! :свиркам:
 
Breaking Bad има дел од емотивниот набој, и решавање на клучни прашања во животот на екстремен начин, предобри карактери и невидено добро осмислено сценарио. Тематиката е различна, но од аспект на поврзување гледач > лик се блиску, почнува споро, но кога ќе навлезеш во сторијата/ликовите ќе бидеш импресионирана, сексот и све околу него не е толку изразен, освем еготрипот на главниот актер во серијата поврзан со својата жена , и неколкуте излети на главниот лик од аспект на споредна улога со една џанкерка (се кладам дека ќе се затрескаш во него) :icon_lol:

Серијата е феноменална, сите кои ја гледале SFU, уживале/уживаат скоро подеднакво со Breaking Bad (y)
 
Мојата цел е завршена, да намамам некој да ја гледа, тема отворив, ја форсирам секому.. понатаму ич не се мешам, импактот кој го остава кај гледачот е уникатен кај секого ама сепак имаат нешто заедничко, дека е преголем. Не дека можеби ќе сменам нешто ако дигнам кај некого очекувањата, оти секако се оправдани, оти серијата fucking delivers. Ликовите се толку.. домашни. Лесно се приврзуваме за нив и тоа е еден од клучните фактори што серијава освојува во секој аспект, лесно не соборува а и лесно не дига. Ама еве, фер предупредување, од милион филмови и серии гледано, like ever, само на оваа имам пуштено солза. Од мака и од среќа. Можеби се погоди атмосфера, можеби дека не ја гледав ради реда, ама серијава секогаш ќе ми остане како искуство кое ме припремило за животот. Знаеш она клише кога велат дека нешто ти го променило животот, малецко и небитно ама сепак со таков ефект. Тоа за мене беше серијата, најмалку што ми промени е погледот кон животот.. Уживај додека трае. Подобра драма нема да наидеш. :)

Да не заборавам во кредити да го спомнам Псајсајд човекот!
 
иначе псај не е вистински фан, едно време ја хејташе и прекина да ја гледа :D
 
Затоа сеа надокнадува и им се лиже на сите со лајкови :D
 
Јебига, затоа се викa дека на серија секогаш треба да и дадеш шанса т.е. повеќе од неколку епизоди :D
 
Уф..
Од кај да почнам, втренчено гледав у монитор уште 15 минути, колку љубов и интриги, секс, различности, привлечности од друг пол... сума сумарум еден живот виден во директни очи на вистината, страшен серијал, неможев да го одоговлечеам повеќе за да задржам некои работи да траат подолго, што се можеш да жртвуваш, каков човек можеш да бидеш, која ти е целта, и дали си спремен да седиш 24/7 гледајќи ги мраз здрвените тела, нечии приказни, крај...
Клер ми е шампионот во серијава, од едно обично цмиздриче се воздигна во она што потајно го бараше во себе, го надживеа својот сон!
Рут, мајка во секој поглед на збор, како треба да го живееш животот и во исто време да не ги занемариш и безкрајно да си ги сакаш чедата, ме изгоре сцената со албумот, многу лично си ја доловив, Клер можеше прв пат да ја види мајка си скршена..
Дејвид, спремен на секој подвиг, директ во очи и на проблемот и двигател на целата љубов, имаат две деца туѓи, тоа е храброст но и доблест.
Бренда, колку и да ја хетјав неможам, искочи на крај женетина, ги зеде во закрила и двете дечиња подеднакво.
Од Нејт може како лик очекував малку повеќе осем тој потајно скриен кукавичлук да го искаже своето јас, да се надмине себеси, можеби и затоа умре прерано, некогаш кога шанисите ти се лизгаат од раце, подобро е да заврши сета таа пресија.
Рико, него најмалку го споменував, успеа на некој начин да извади жива глава, уште па да направеше нешто за што ќе требаше толку да се труди да го поврати семејството, една стиптиз грл не заслужи толку голем залак во секој случај!
До сега ги опишував страстните секс сцени, добро ги гледав психолошките моменти и ги чував само за крај за да ги сумирам улогите, менливи стази од живот, како и во скоро секој вистински животен век, турбуленции, кој имаше муда искочи победник, кој не остана како дел од масата за добра здравица.

Солзи ми течат дечки, а јас не плачев на серии...:place:
 
Третава сезона првите 3 епизоди тапа (n)
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 01:35 ---
omfg dude, spoiler maybe?! Сеа ми ја расипа серијава :place: GOD DAMNIT знаев дека не требаше да читам

Затоа јас не читам долги постови на вакви теми, намерно или не знае да се деси :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom