Ќе пишувам спојлери де
Јас ја изгледав лани ама неам пишано ништо оти немав некое мислење склопено. Еве сеа ќе бидам искрен, ја почнав само поради тоа што ми препорачаа дека морам да го изгледам крајот, значи не ми рекоа "Еј гледај ја серијава, многу е јака" туку "Гледај го крајот, најдобар е". И баш ме интересираше што е толку интересно и така ја почнав. Првата сезона ме умре од досада, по 100 пати ја стопирав една епизода и ја пуштав после 1 саат или 1 ден понекогаш. Ама издржав.. нели за "крајот". Втората и така и така, малку поинтересна ама пак на некој сцени ми беше досадно. Е веќе кај третата сезона се навлеков скрос и и се поврзав некако повеќе со ликовите, и ептен ми беше интересно.И веќе четвртата и петтата побрзо ги гледав, а последните 3 епизоди една по друга до 8 сабајле..
Гледам некои пишале Бренда ги нервирала во втората сезона, баш напротив. Омилен лик ми беше од прва до последна сезона. Тоа шо се ебеше со кој ќе стаса баш ја опиша каква е она, она не беше за врска ниту па за брак.Имаше можност со тој на Џ, не знам како се викаше ама ја упропасти и толку беше.Битно си призна дека е болна и побара помош
Нејт ме нервираше уште од почетокот. Цело време бараше нешто и замараше со тоа дека е во бизнис шо не го сака, дека останал поради мајка му и слично. Имаше право да се лути за оргиите на Бренда, ама он па напраи бебе со Лиса, така да тука некаде се, ваа барем користела заштита. И после кога се можеше да биде таман мораше да спие со онаа Меги, као демек ме разбира, ме сфаќа, нема грешка, едвај чекаше да ја опне.
Најдобра епизода ми беше кога го киднапираа Дејвид, толку реално прикажано, шо мислам дека го осетив неговиот страв,посебно главата кога му ја залепи на земја.
Клер ми е многу убава, ама не знам дали имате забележано некои фаци шо ги правеше како несоодветни за одредена сцена, нешто со подигање на муцката и трепкање со едното око, тоа ми идеше на живци.
И крајот беше тажен точно, ама ме фана смеа на смртта на Бренда,најверојатно е од старост оти 82 имаше, ама испадна како да и здосади Били со муабетот
И така низ солзи си се насмеав
Не ми смени мислење многу серијава за смртта, ама сепак ми даде пример како тоа изгледа и како другите реагираат на смртта на блиските или луѓето кои не ги познаваат.
Не би ја гледал пак, можеби по 10 години