Уф..
Од кај да почнам, втренчено гледав у монитор уште 15 минути, колку љубов и интриги, секс, различности, привлечности од друг пол... сума сумарум еден живот виден во директни очи на вистината, страшен серијал, неможев да го одоговлечеам повеќе за да задржам некои работи да траат подолго, што се можеш да жртвуваш, каков човек можеш да бидеш, која ти е целта, и дали си спремен да седиш 24/7 гледајќи ги мраз здрвените тела, нечии приказни, крај...
Клер ми е шампионот во серијава, од едно обично цмиздриче се воздигна во она што потајно го бараше во себе, го надживеа својот сон!
Рут, мајка во секој поглед на збор, како треба да го живееш животот и во исто време да не ги занемариш и безкрајно да си ги сакаш чедата, ме изгоре сцената со албумот, многу лично си ја доловив, Клер можеше прв пат да ја види мајка си скршена..
Дејвид, спремен на секој подвиг, директ во очи и на проблемот и двигател на целата љубов, имаат две деца туѓи, тоа е храброст но и доблест.
Бренда, колку и да ја хетјав неможам, искочи на крај женетина, ги зеде во закрила и двете дечиња подеднакво.
Од Нејт може како лик очекував малку повеќе осем тој потајно скриен кукавичлук да го искаже своето јас, да се надмине себеси, можеби и затоа умре прерано, некогаш кога шанисите ти се лизгаат од раце, подобро е да заврши сета таа пресија.
Рико, него најмалку го споменував, успеа на некој начин да извади жива глава, уште па да направеше нешто за што ќе требаше толку да се труди да го поврати семејството, една стиптиз грл не заслужи толку голем залак во секој случај!
До сега ги опишував страстните секс сцени, добро ги гледав психолошките моменти и ги чував само за крај за да ги сумирам улогите, менливи стази од живот, како и во скоро секој вистински животен век, турбуленции, кој имаше муда искочи победник, кој не остана како дел од масата за добра здравица.
Солзи ми течат дечки, а јас не плачев на серии...
