Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Фала, стаено у букмаркс, незнам оти каков рип ќе ги најдам најквалитетни, па да прашам:

Квалитетни имаш тука:
прва сезона:http://www.podnapisi.net/six-feet-under-2001-titlovi-p164821
втора: http://www.podnapisi.net/six-feet-under-2001-titlovi-p169124

Ама само вие две сезони ги има преведено на поднаписи, затоа ти ги пишав тие од таа страна. Симни си ги првите две од тука па останатите од пријеводи. Не се лоши и таму само некогаш им бега преводот па треба да го местиш, ама па имаат поголем избор и ваљда ќе ти се погоди
 
Имам гледано неколку епизоди на AXN ми се виде интересна планирам да ја симнам
 
Како стои серијава со преводи? Сакам да и ја пуштам на мајка ми. Кул беше порано, заедно LOST гледавме.
Глупа станува ради турскиве.. :icon_lol:

Немој, крајот ќе ја мрдне :D

Како стои серијава со преводи? Сакам да и ја пуштам на мајка ми. Кул беше порано, заедно LOST гледавме.
Глупа станува ради турскиве.. :icon_lol:

Немој, крајот ќе ја мрдне :D

БТЊ малце мислења има на темава, ама тие што ги има кинат, поготово на претходната страна, Филмакедон !!!!!!!!!!!!:cuc: "поезија" во една поинаква форма!
 
И јас ја почнав серијата, интересна. :)

Глеам многу од вас имаат коментирано во врска со последната епизода .. едвај се воздржувам да не ѕирнам да не видам што/како!!!
 
И јас ја почнав серијата, интересна. :)

Глеам многу од вас имаат коментирано во врска со последната епизода .. едвај се воздржувам да не ѕирнам да не видам што/како!!!

Немој, биди стрплив и воопшто не ја гледај серијата, ако не си во состојба, гледај ја опуштен и расположен, не на сила, соживеј се со карактерите, и самата приказна, истата заслужува многу повеќе од гледање "набрзина" ;)
 
И јас ја почнав серијата, интересна. :)

Глеам многу од вас имаат коментирано во врска со последната епизода .. едвај се воздржувам да не ѕирнам да не видам што/како!!!

Немој! Јас фатив мал дел поради мојaта љубопитност, а потоа и си подзачинив со текст од википедија... Не ми беше потполно уништено доживувањето.. Барем се надевам дека не беше уништено. Не можам да замислaм како ќе реагирав воопшто да не знаев како ќе заврши. Може ќе се дерев на цел глас и ќе плачев како луд :S
И не се само последните 5-6 минути... последните 2-3 епизоди се емотивно лудило.



Жално е што темава има само 8 страни од кои во голем дел се обиди на неколку форумџии да убедат други да не се откажуваат и да ја изгледаат серијата до крај... Не останувајте само на фактот дека главна тема е смртта или дека семејството се занимава со погреби... Серијава може да биде голема животна лекција!
Сите поминуваме ни слични етапи низ нашиот живот. Без оглед на тоа колку карактерно се разликуваме, колку ни се различни сфаќањата за работите околу нас, барем на миг, еднаш ќе се почувствуваме како ликовите од оваа серија. Не како Бренда или Дејвид поединечно, туку како сите ликови одеднаш. Сите дилеми на ликовите, сите стравови низ кои поминуваат, проблемите со кои се соочуваат, сите среќни моменти кои ги споделуваат, искренота и љубовта која ја бараат се работи со кои се соочувме и ќе се соочуваме. И тоа е убавината на целата приказна. Не претставуа нас вчера и денес... А ако ја претставуа нашата иднина, тогаш не учи како полесно да се справиме кога ќе ја стигнеме. Смртта како главна тема е одличен избор, бидејќи ако постои нешто за кое најмалку знаеме а од кое најмногу се плашиме - тоа е дефинитивно смртта.
 
Моментот (втора сезона, епизода 8) кога Нејт разговара со жената на мртвиот моторџија за тоа како се плаши од смртта и во позадина започнува Don't fear the reaper. :vozbud: Не се опишува со зборови!!

 
Не можам да замислaм како ќе реагирав воопшто да не знаев како ќе заврши. Може ќе се дерев на цел глас и ќе плачев како луд :S
И не се само последните 5-6 минути... последните 2-3 епизоди се емотивно лудило.

Можеби не како луд .. но се расплакав :oops:
 
Можеби не како луд .. но се расплакав :oops:
Тој што ќе каже дека не се расплакал на завршните сцени или е опериран од чувства или лаже :)
 
Знам дека е оф-топик, ама ве молам некој да ме упати или прати линк у порака за торент од втора сезона(или цела серија, небитно). Првава ја симнав од Пајрт Беј, идеше споро, 300 kbps макс. ама се симна. За вторава абер нема да почне да се симиња, сто торенти пробав од сто различни сајтови, џабе. А ми се гледа, ми се плаче.:) И не ми ја кажувајте Замунда, пошто поред тоа што квалитетот е ѓубре, нема ни сидери.:) Фала!
 
Де бе, никој? Има бар десетина што ја изгледале, како што читам на темава. Некој да излезеше во пресрет?:)
Help a brother out!:(
 
Минатото лето ми помина дружејќи се со серијава. Значи, отприлика овој период лани и ја изгледав.
Отприлика од тогаш немам солза капнато и потрошено емоција на било која друга серија/филм. (освен BB :P)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom