За прв пат го прекршив моето не-влегувај-во-тема-додека-не-си-изгледал-се' правило и мижејќи скролав до полето за коментар колку да не се спојлерисам. Успешно. Збор-два од мене:
Серијава е факинг феноменална, не дека не го знаете тоа. Колку само може да се научи за животот кога гледам како овие луѓе се справуваат со смртта секојдневно. Се', буквално се' во серијата е прикажано крајно реално и тоа те тера да се приврзеш со ликовите. Фасциниран сум од начинот на кој е обработен секој лик и од тоа како ги доживувам сите нивни подеми и падови. А рачунај не сум стигнат ниту до пола. Воедно ова е и најмрачната, а поради тоа и најтешката серија која некогаш сум ја гледал. Прва сезона ја влечев цел месец. За втора се заинатив и ја изгледав за помалку од два дена. Трета планирам да ја изгледам маратонски до утре.
И од памет ме извадија со тоа Nathaniel Samuel Fisher Jr. 1965-2002. Знаев дека е главна улога, дека нема шанси да умре толку брзо бидејќи има уште три сезони, ама после GoT знам и дека секој може да биде убиен, особено во серија на HBO. Среќа нешто алкохол ми се моташе низ станот.
To be continued...