Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Иди на прва страна, го има опенингот, шпицата од серијата да видиш trip down to memory lane.
Oдамна не бев ја слушнал, ме наежи.

Аlso, заглавив со клипчиња по jewtube..

Пред неколку дена и јас почнав да гледам разноразни клипови, и ми се измешаа чуства на носталгија + мелахонија, по што неколку часа бев прилично трогнат :(

Едит, Приметуваш кои 2 се една под друга во листата на секцијата серии?

How awesome is that? :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Јас ја почнав повторно. Има детали кои сум ги пропуштал или кои на почетокот ми биле иритантни. Пример, однесувањето на Бренда околу Били. Откако ќе ја изгледаш цела серија го разбираш нејзиното однесување, ама тогаш ....Имам пропуштено некои детали и за Дејвид... па и за Нејт. Се надевам нема да го замразам по втор пат.

Иначе, кога ќе се запали куќата карши Фишерови, нели ги носат на испитување во станица Бренда и Нејт. Епа, полицаецот кој ги испрашува е Хенк (Breaking Bad) :pos:

Алан Бол во интервју после финалето изјавил дека не се знае дали Нејт е биолошкиот татко на Маја. И нели целата таа приказна се случи премногу брзо? Во една серија како оваа, ништо не би ме чудело дека, и покрај тоа што не е нагласено, можно е детето да му е подметнато.

И еве ја песната со кој завршува пилот епизодата. Моментот во кој знаев дека ќе ја биде серијата.
 
Brenda Chenowith: All we have is this moment, right here, right now. The future is just a fucking concept that we use to avoid being alive today. So be... here... now.

И јас ја почнав пак, после три години .. се надевам овој пат нема да дехидрирам од плачење.:)
 
Сабајлево ја изгледав и уште сум под импресии. Сурово. Реално. Моќно. Mindfuck. Ми се тресат нозете од последните три епизоди. Ептен се поврзав со ликовите. Ме натера да мислам за сржта, суштината. Што и да пишам е излишно. Од смртта нема бегање, да живееме за сегашноста.
 
Сакате да ги напнеме од МТВ да ја донесат SFU на нивниот канал? И онака нели се модернизираат, сакаат да ја вратат публиката, ветуваат многу популарни серии, па... :pipi:
профил
 
Предлозиве се одлични, посебно Six Feet Under, една од најдобрите HBO продукции. Се надевам дека во иднина ќе имаме прилика да ги емитуваме на нашите канали, навистина би ни било задоволство.
Ти благодариме на сугестиите а до тогаш се надевам дека заедно ќе ги следиме CSI, Fringe, Mеntalist, како и целокупната понуда во новата сезона.
Се најдобро
МТВ Промо

Дипломатски одговор :)
 
На HBO Видеотеката ја има првата сезона, ми остана уште една епизода од неа, па се надевам дека и наредните ќе ги има.

Инаку ми се свиѓа серијата, посебно 11 епизода кога Рико ја фаќаше раката на бебето и потоа коа се роди неговото. Одамна не ми е доаѓало така да плачам но сепак издржав.

Ми го нарушија мислењето за Декстер, веќе никогаш нема да го гледам како ладнокрвен убиец. :icon_lol:
 
Ако ти дошло на прва сезона да плачеш, на последната ќе се запулуваат соседите да не има некој некролог кај тебе на порта.
Вчера ја догледав по втор пат комплетната серија, ако телевизијата би била книжевност тогаш SFU би била фолкнеровата As I Lay Dying и Алан Болт би ја добил Нобеловата Награда.
 
И ја ко Хаус, али сцената заслужна за да ја гледам серијава е оваа:
Прајслес!
И после не било трн он, геј кисинг..
 
И ја ко Хаус, али сцената заслужна за да ја гледам серијава е оваа:

Баш сакам да се нафатиш да ај гледаш, ќе се изнагледаш такви моменти :D

Aма од друга страна, добар дел од серијата се и едни други моменти кои незнам како би ти ги опишал, и како ќе реагираш на истите, на кратко 360˚...
 
^
Баш фини моменти... уште луѓе да не влегвеја во собава кога гледам дел од тие моменти...зш ела објасни им после дека е сериски филм за погребално претпријатие а не ...знајте и самите за шо зборвам ...

Иначе од другата страна како шо викат псајсајд ,иако што туку ја почнав ,серијава имат претензии да влезит во моите топ 3 серии...преполна со моменти кои может да те трогнет,да те насмеет и да те замислет.
 
Топ 3 серии, колку само тужно тоа звучи... :( Не е на врвот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom