Сите се исти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално е така да се каже во период на повреденост/разочараност/гнев... Е сега, кај некои тој период трае пократко, кај некои подолго. Но и самите ние знаеме дека сите сме различни (па тоа да биле и ситни детали меѓу 2 или повеќе личности), па доколку не би било така, после едно љубовно разочарување би се откажале од понатамошна потрага по нашата сродна душа. :pipi:
 
Кога е девојката разочарана од некоја врска веднаш во мислите и се појавува тоа сите машки се исти..Истото беше и со мене се додека не се појави еден прекрасен човек кој што ми кажа дозволи ми да ти докажам дека не се исти .. И еве сега по 9 месеци ТВРДАМ ДЕКА НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ :)

А ДЕВОЈКИТЕ НЕКА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВААТ ДЕКА СИТЕ СЕ ИСТИ СЕПАК КАКО ТИ ЌЕ СЕ ПОСТАВИШ СО НЕГО ТАКОВ И ОН ЌЕ БИДЕ СО ТЕБЕ .. НЕ БАРАЈ ОД НЕКОЈ НЕШТО ШТО ТИ НЕ ГО ПОСЕДУВАШ,АКО САКАШ ДА Е ОН СОВРШЕНИОТ ДЕЧКО ОД СОНИШТАТА ЗАПРАШАЈ СЕ ДАЛИ СИ ТИ ТОЛКУ СОВРШЕНА КАКО ШТО ОЧЕКУВАШ ОН ДА БИДЕ :smir:
 
Нема врска тоа дека сите се исти.
Не заради истомислењето со една членка од форумов дека не треба да се прави општа генерализација за луѓето :), туку затоа што едноставно тоа е вистината.
Не можам да кажам за 10 девојки дека се исти комплетно во се. Нормално, вообичаено е за женско повеќе да се лути, да љубомори, па дури и да заплаче, но тоа не ја прави еднаква со другите 3-4 милијарди жени на светот.
Секоја девојка си е единка сама за себе. Во секоја девојка се крие прекрасна личност, за која машкото треба малку да истражи, за да го види тоа убаво лице, тој убав караткер. На страна што женските можат да бидат некогаш и за нијанса полоши, пољубоморни од машките, сепак сметам дека секоја девојка е прекрасна самата по себе.
Како вели Дино Мерлин во една песна- Тешко мени са тобом, а још теже без :)тебе
Така да, женски, знајте, ние машките Ве сакаме. :)
 
ЦЦЦЦ
Има со поголеми, помали, најмали...:smir:
 
Нема врска тоа дека сите се исти.
Не заради истомислењето со една членка од форумов дека не треба да се прави општа генерализација за луѓето :), туку затоа што едноставно тоа е вистината.
Не можам да кажам за 10 девојки дека се исти комплетно во се. Нормално, вообичаено е за женско повеќе да се лути, да љубомори, па дури и да заплаче, но тоа не ја прави еднаква со другите 3-4 милијарди жени на светот.
Секоја девојка си е единка сама за себе. Во секоја девојка се крие прекрасна личност, за која машкото треба малку да истражи, за да го види тоа убаво лице, тој убав караткер. На страна што женските можат да бидат некогаш и за нијанса полоши, пољубоморни од машките, сепак сметам дека секоја девојка е прекрасна самата по себе.
Како вели Дино Мерлин во една песна- Тешко мени са тобом,а још теже без :)тебе
Така да, женски, знајте, ние машките Ве сакаме. :)

Се согласувам со тебе...иако тоа болдираното некако многу розово ми изгледа.Надевам се дека е така:)
Инаку и за машките се однесува истото.
Секој е различен и глупаво е да се генерализира.
 
Па не се сите исти :). Лошо е кога човек ќе почне да ги поистоветува работите не забележувајќи ја разликата меѓу нив, тоа и ќе му пречи на неговиот капацитет на размислување и донесување на одлуки.
 
Сите се исти. Имаат различна боја/тон на глас, различна фризура и боја на кожата, ама сите се исти.
 
Хмм сите се исти, зар тоа не е малце превише искуство? :smir:
 
Поголема генерализација и глупост немам слушнато месецов.
 
Јас воопшто не мислам дека сите машки се исти во никој случај.Па и кога сум била повредена,сите ме повредиле на различен начин.
Ниту мажите ниту жените се исти,иако мора да се признае дека се има некои генерални карактеристики кај 2та пола.Но тоа во никој случај не ни дава за право да ги ставиме во еден кош сите жени а во друг сите мажи и така да гледаме на нив.
 
Никогаш не биле и нема ни да бидат исти,ни мажите ни жените.
Може да се каже сите се слични ама исти,не.
 
Стварно терсене генерализација...:tapp: не се сите исти, најверојатно. За некој да каже дека сите се исти треба да мине ептен голема километража.
 
Нормално дека не верувам дека сите се исти. Мразам генерализации од дното на душата. Кога имав 16 години, знаев да кажам сите се исти, ама колку машки ми се свиѓале до тогаш? Двајца? И двајца сигурно не се репрезентативен примерок на сите машки на планетава. Глупост! Генерализацијата е најодвратна работа, создава стереотипи. На секој човек треба да му се пристапи како на посебна индивидуа, затоа што карактерот и карактеристиките се тотално индивидуални работи.
Малце да почне пошироко да се гледа, не само пред носот. Лесно е да се генерализира, некогаш можеби и до самите нас е грешката штом “сите“ ни се исти.
 
јас сум убеден дека не постојат две исти жени
кој сака нека ми каже спротивно неможе да ме убеди
а за машки незнам, зш не ме интересирало, ма да не верувам дека постои некој друг како мене на пример
обично девојчињата го велат тоа за машките дека сите се исти зш повеќето сакаат секс поготово без чувства. Според мене девојчињата се далеку поемотивни и нивна грешка е што очекуваат и нивните партнери да се однесуваат исто (што е речиси невозможно) и од кога очекувањата ќе им пропаднат во вода, следи разочарување и после тоа по автоматизам следи фразата СИТЕ СЕ ИСТИ
тоа е момент на бес и лечење комплекси и е далеку оид вистината:smir:
 
сите машки на светов се исти,ист мозок имаат,не ги гледаат девојчињата како шо треба,туку како сексуални објекти само...ич к** не го боли за женската или шо и да му е,плус не се верни,па колку и да се колни дека не прај ништо настрана,џабе му е се,се знај дека лажи и сето то само да се напрај курац и пол пред другите,као демек еве таа ме сака а јас ја заебавам ко шо сакам....(е така брат,кај мајка ти дома)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom