Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Каде е најдобро и најефтино да се купи трилогијата ЛОТР во Македонија? :D
Дали македонскиот превод тотално забегува од англискиот? Знам во Хари Потер имаше ужасни преводи на имињата.
Ја читав Хобитот, не ми изгледаше нешто лошо преведена, имаат преводи на имињата на мечот на Билбо, осило мислам, мене ми беше во ред тоа.
 
Знам во Хари Потер имаше ужасни преводи на имињата.
Ова можеби во старите изданија на Култура и Наша книга. Новите, од Арс Ламина се супер.

LOTR не сум го читал. Дома го имам македонското издание од АЕА, ако сакаш, вечер ќе ти пуштам слика од неколку страници за да видиш дали е ОК.
Ја читав Хобитот, не ми изгледаше нешто лошо преведена, имаат преводи на имињата на мечот на Билбо, осило мислам, мене ми беше во ред тоа.
Чие издание? Хобитот има неколку преводи.
 
Каде е најдобро и најефтино да се купи трилогијата ЛОТР во Македонија? :D
Дали македонскиот превод тотално забегува од англискиот? Знам во Хари Потер имаше ужасни преводи на имињата.
Јас читав преведени пред многу години земени од библиотека, копиљ кој уште се плашеше дека ќе испушти многу ако на англиски. Според мене беше катастрофа, имињата ми беа лошо преведени и ме вадеа од ритам, тешко следев некако целовкупно. Само на англиски мислам дека треба да се читаат овие дела.
 
Мхм, јас последно имам читано Хари Потер со македонски превод пред 10-15 години и преводот беше срање. Затоа и прашував, дека од тогаш има многу реизданија од различни издавачки куќи и можеби нешто се подобрило :D

Уште ми фуфка дека на англиски ќе ми биде потешко и ќе испуштам нешто :D
 
Освен имињата на ликовите, и куќите во Хогвортс остатокот од преводот не беше лош.
Се разбираше, приказната сама се разбира.

Јас на пример имам потешкотии со читање на англиски книги, како класиците. Има 100 архаични англиски зборови што треба задната страна да ја вртам на секој 10ти збор.
 
Make the jump, јас имав потешкотии да се вратам на преведени после еден период.

Добро, Достоевски на пример повеќето ги читав преведени.
Да, со класиците е некогаш бариера тоа.

Но, со фантазиите мислам секогаш е подобро на англиски.
Тука таму разлика поради кое издание.
 
Не е само Достоевски, има книги што сеуште немаат превод на македонски, а да ги читаш на англиски се животен труд.

Алиса во Земјата на чудата е исто комплексна, затоа што како математичар, Чарлс Доџсон има математичко логички загатки.

Можеби има улога тоа што различни јазици различно влијаат на размислување, когнитивност, активирање на мозочни хемисфери, и што знам уште што.
 
Каде да ги купам трите тома архипелагот гулаг на солженицин? Во три го има само вториот том.
 
Ова можеби во старите изданија на Култура и Наша книга. Новите, од Арс Ламина се супер.

LOTR не сум го читал. Дома го имам македонското издание од АЕА, ако сакаш, вечер ќе ти пуштам слика од неколку страници за да видиш дали е ОК.

Чие издание? Хобитот има неколку преводи.
Ги купив преводите од на Божин Павловски бившата книжарница АЕА, ама ги најдов само број 1 и 3. Ќе треба да се помачам за вториот дел, преведен во 2002 година :D
 
Тој е единствен превод на LOTR. Хобитот има 4 изданија или 2 преводи од 2 издавачки куќи. А Силмарилион еден - и одличен!

Прашај во Матица, може да го има уште.
 
Немаат. Ќе морам на старо да ја барам некаде. Здравје боже... :D

Не знаев дека е единствен превод, мислев дека низ годините другиве издавачки куќи направиле нивни преводи со оглед на популарноста на книгите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom