Што загубија Либијците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Не се глупирајте, народот се крена, не можеа да издржат, не е се во парите, слободата ако не ја чувсвувате џабе парите
Дечко,еден Либиец имал повеќе слобода под Гадафи отколку јас и ти сега.
 
Не се глупирајте, народот се крена, не можеа да издржат, не е се во парите, слободата ако не ја чувсвувате џабе парите
Џабе парите?Која слобода не ја чувствувале?Слободата да крадат и силуваат,а да не им биде отсечена раката или да не бидат обесени?Која слобода им било ускратена при толку права и удобен живот?
 
Големите „демократии“ 100 пати му порачаа мирно да ја предаде власта во Либија со што ќе се избегнеа многу трагични работи кои се случуваа од февруари до октомври.
Да беше Гадафи таков маж, социјалист и народен-човек ќе го направеше тоа, наместо да влезе во војна која ја врати земјата 50 години наназад, која уништи голем дел од она што можеше да се нарече инфраструктура и технолошки капацитети, која зеде стотици и стотици жртви и која секој знаеше дека неможе да ја добие.
Демократијата значи дека „владее народот“. Ако народот избере да го владеат исламисти - тоа е нивно право и ќе си живеат со тоа - полошо или подобро, останува да видиме.
Уште нешто
Демократија не постои никаде. Ајде вака со еден пример ќе ти покажам
Како тоа Западов ( и остали што се залагале за демократија ) гледале како источњациве си се прокламираат за доживотни лидери, диктатори и слично а самите тие ќе се залагаат за избори и правда? Ако ти гледаш околу тебе секој планира доживотно да владее ти ќе му речиш на твојот народ - еј јас не сакам вечно да владеам туку ќе владеам 4 години па после ако сакате сменете ме или можете порано од тие 4 години? Секако дека нема да гледам како Сталин,Тито,Гадафи и компанија вечно владеат а јас ќе се менувам на секои неколку години.Не сум толку луд а верувам не си ни ти. Западот имал поинакви начини и идеи како вечно да владее. Едноставно истите луѓе ја водат државата во тајност или подобро кажано ги влечат конците зад сцената а претседателиве и остали се само пиончиња. САД ја има истата политика години и години уназад без разлика дали бил Обама,Буш,Клинтон итн. Ни европјаниве не се ништо поназад. И таму владеат едни па исти само прикриени и ете ставаат пиончиња колку народот да мисли дека има демократија. Вистинска демократија? Во овој век тешко. Никој не е толку луд власта да му ја дава на народот. Само западот бил паметен тоа привидно да го направи. Мислам луѓе ......реално сега: Сигурно нема вие да гледате како Тито со Југославија вечно владее а вие власта на народот да му ја давате :ROFLMAO: Мислам смешно е. Можете или и вие така диктаторски да владеете или пак да се притаите и да ги влечите конците поставувајќи ваши пиончиња па народот да мисли дека власта нему сте му ја дале
 
Изгубија се !!!

Нафтата уште пред некоја недела почнаа да ја делат мислам само 10 % останува на либијците другото ќе го лапа европа и америка.

Ќе ги опљачкаат до гола кожа ќе нема народот ни леб да јаде а ќе се вадат дека Гадафи има искрадено се и затоа сега ќе трпат ( нешто слично со југославија се десило ).

Али тоа е амер кај ќе умеша прст поеба се.

ќе видиме како ќе биде понатака.
 
Крајот на Гадафи значи почеток на крај за Либијците. Многу светски медиуми и аналитичари вака ја опишуваат иднината на Либија по падот на режимот на лидерот Моамер Гадафи.

Дел од нив не сметаат дека Гадафи преку диктатура владеел во Либија, туку дека граѓаните на оваа африканска земја уживале дури и повеќе права од некои земји каде владее демократија. Овие десет факти негираат дека Гадафи бил диктатор, а вие проценете сами дали уживањето на вакви поволности е диктатура.
1. Електричната енергија во Либија е бесплатна.
2. Банките се во државна сопственост, а каматите многу ниски.
3. Гадафи вети дека секој Либиец ќе има покрив на главата.
4. Образованието и лекарските третмани се бесплатни.
5. Доколку еден Либиец неможе да добие соодветно образование или медицински третман, тогаш владата тоа му го обезбедува во странство, а платено му е апсолутно се.
6. Доколку еден граѓанин на Либија реши да си купи нов автомобил, државата плаќа половина од цената.
7. За секое родено дете, мајката добива по 5.000 долари.
8. 40 леба во Либија чинат неверојатни 0.15 долари.
9. 25 проценти од Либиjците се со завршен факултет.
10. Цената на еден литар нафта во Либија изнесува неверојатни 0,14 долари.

http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/47163-Top-10-fakti-koi-negiraat-deka-Gadafi-bil-diktator
 
Подобро нека кажат каде е гробот на Гадафи и нека го свртат со лицето надолу затоа што истиот тој газ во којшто му ставаа гранки и остали срања ќе одат да му го бакнуваат и лижат
 
Освен Карпошовото востание, сите други востанија, буни и заговори се случувале на крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, така?

Знаеш и ти кога народот се буни, нели? Треба да се створат предуслови за такво нешто, а истовремено на народот треба да му биде преку носот. Либија се побуни пред 42 години, се побуни и сега (заедно со половина арапски свет). Тоа и не е така малку од историска гледна точка. Две големи побуни (кои завршуваат со преврат) за помалку од половина век.
Впрочем и напишав претходно дека Гадафи бил и те како внимателен навремено да се пресмета со сите неистомисленици и во корен да ги исече и најмалите искри на незадоволство и отпор.

Прво - никого не убедувам во оправданоста на користење на насилство.
Второ- Ниедна револуција во арапскиот свет не беше спонтана, сите имаа свои причини и поводи - како и секој облик на вооружен револт во историјата на цивилизацијата.
Трето - нема дилеми дека САД и НАТО се многу заинтересирани за подрачјата кои изобилуваат со нафта (и други ретки ресурси).
Четврто - за мене диктатурата секогаш е лоша, браво за тебе што не си сигурен во тоа.
Петто - Ваквото рушење на Гадафи е само производ на политиката на сила. Ситуацијата можеше да заврши многу побенигно доколку повеќе играа мозоците отколку пушките. Народот се побуни > Гадафи отиде со тенкови на нив и ги потепа како бубачки > НАТО се вмеша и го потепа Гадафи. Сила против поголема сила.
Реков и претходно, Гадафи можеше да се повлече од власта и да заврши во Хаг или незнам каде, а мирната транзиција на власта немаше да направи толку тектонски промени и проблеми во земјата. Сепак тој се реши да оди на картата на воената сила и на култот на личноста, грижејќи се само за себе и за никој друг.

Секаде е така пријателе. На Ал Каеда не им се допаѓаше политиката на САД па им рокна авиони во срцето на Њујорк, на Русија не им се допаѓаше политиката на Сакашвили па ја окупираше Грузија, на палестинците не им се допаѓаат израелските населби на нивна територија па секој месец некој се дига во воздух на пазар во Хаифа, на Северна Кореја не им се допаѓа соседот па им бомбардираше остров...
Секаде некој некому не му е по интерес. Затоа постојат преговори, сојузи, партнерства. Затоа земјите се обединуваат. Затоа се остваруваат дипломатски средби и самити. Свесни сме дека демократските принципи за суверенитет и територијален интегритет се под закана од поголема сила... Денеска политичките, идеолошките и економските побуди се многу поважни од парче хартија која претставува устав или закон.
Но секаде е така, во секоја земја, во секој град, во секоја покраина денеска се води политика на сила и моќ. Немој да мислиш дека тука постојат праведни и неправедни. Секој некогаш преминува од едната во другата категорија.
Гадафи играше валкано, тој се спротиставуваше на западот, но истовремено не го правеше тоа за доброто на народот. Како што западот го користеше него, така и тој го користеше западот.
Јас не сум фан на теориите за монтирани војни, така што сметам дека неговиот пад се должи на тоа што створи погубна политичка ситуација. Владите (во овој случај тиранијата) можат да опстојат или ако имаат добра ситуација дома (развиена земја, правичност, слобода, прогрес), или ако имаат меѓународна поддршка - ако ги изгубат двете основи тогаш паѓаат како круши - не е ни прв ни последен пат.
Либија (како и Тунис и Египет) не е жртва на американскиот интерес (кој воопшто не го спорам). Либија беше жртва на еден режим кој не дозволуваше слобода и независно мислење. Либија беше жртва на психопатската опиеност од моќ на нејзиниот лидер - човек кој по толку години власт изгуби смисла за реалност и кон својот народ се однесуваше како кон приватна сопственост. Либија беже жртва на репресија и страв. Историјата не учи дека во вакви околности обично на народот му пука филмот - во право си - некому порано а некому подоцна.

За тоа зошто обидите за „револуција“ во Куба и Венецуела не беа успешни е поради фактот што тоа се сеуште изолирани општества. Кога народот и таму ќе се освести дека нивната слобода е во туѓи раце и дека нивните човекови права се ставени во категорија произволност на некое друго лице - тогаш и таму ќе видиме исти работи какви што гледаме во арапскиот свет.

Сите прашања веќе имаат одговори во историјата, нема ништо ново или оригинално во денешниот политичко-општествен свет.

во врска со болдираното...
прво не беше голема побуна се додека не се вмешаа нато и копичињата од еу кои од мравка слон напрвија.. со помош на медиумите кои ги контролираат секако.. и на таквите како тебе им ги испраа мозочињата исто како и во Ирак шо бараа демократија... фала богу Ирак денес е многу демократска земја.. милина да ти е да отидеш таму..

второ.. Треба да си премногу наивен или глуп за да веруваш дека навистина Ал Каеда беше таа која ги сруши близначките.. мислам стварно.. Америка која има најусовршен одбрамбен систем и од копно и од воздух и од вода од се живо со секаква технологија.. радари и шо ти ја знам.. туку така допушта авионче да скрене од маршутата.. и тоа не едно туку 2... и да удри во згради кои се тестирани да издржат 5 такви удари.... и ред други работи шо ти советувам малце да побараш на нетов и да се информираш да не се бламираш со вакви коментари.. и само колку за информација... агенти на ЦИА и ФБИ ги обучуваа луѓето од Ал Каеда..

трето.. "Либија беше жртва на еден режим кој не дозволуваше слобода и независно мислење" о не знаев дека им било толку тешко шо не можеле слободно да си го искажат својот став... мора да е мнооооогуууу потешко отколку да викаш пред влада ден и ноќ за да ти исплатат плати од 6 или 12 месеци и да просиш по улица затоа што си останал технолошки вишок а никој не сака да те вработи затоа што имаш 45/50 години и веќе од тебе работодавецот нема шо да извади..

многу е поарно шо можеме да кажеме во нашава демократска земја дека сме гладни и бедни ... гледам тоа стигна до некого.... колку за информација... процентот на невработеност од ден на ден се зголемува се повеќе баш ради тоа шо ги уживаме сите права и слободи во ваа е*ана демократија..

разбуди се другарче !
 
Девојко, како да комуницираме кога ти незнаеш што значи слобода, а кога јас незнам како да ти парирам на глупостиве кои ги напиша твојов „прљав“ мозок - бидејќи нели мојот е веќе испран.
 
Девојко, како да комуницираме кога ти незнаеш што значи слобода, а кога јас незнам како да ти парирам на глупостиве кои ги напиша твојов „прљав“ мозок - бидејќи нели мојот е веќе испран.
Еве и јас не знам што значи слобода.Дај просветли не.
 
Еве и јас не знам што значи слобода.Дај просветли не.
Во Бахреин се живее доста добро, (стандардот им е како во Швајцарија) па луѓето масовно излегоа на протести против диктатурата.
 
Еве и јас не знам што значи слобода.Дај просветли не.

The best road to progress is freedom's road.
John F. Kennedy
Freedom is never voluntarily given by the oppressor; it must be demanded by the oppressed.
Martin Luther King, Jr.
If the freedom of speech is taken away then dumb and silent we may be led, like sheep to the slaughter.
George Washington
There is no easy walk to freedom anywhere, and many of us will have to pass through the valley of the shadow of death again and again before we reach the mountaintop of our desires.
Nelson Mandela
Freedom is nothing but a chance to be better.
Albert Camus
Еverything that is really great and inspiring is created by the individual who can labor in freedom.
Albert Einstein
 
во врска со болдираното...
прво не беше голема побуна се додека не се вмешаа нато и копичињата од еу кои од мравка слон напрвија.. со помош на медиумите кои ги контролираат секако.. и на таквите како тебе им ги испраа мозочињата исто како и во Ирак шо бараа демократија... фала богу Ирак денес е многу демократска земја.. милина да ти е да отидеш таму..

второ.. Треба да си премногу наивен или глуп за да веруваш дека навистина Ал Каеда беше таа која ги сруши близначките.. мислам стварно.. Америка која има најусовршен одбрамбен систем и од копно и од воздух и од вода од се живо со секаква технологија.. радари и шо ти ја знам.. туку така допушта авионче да скрене од маршутата.. и тоа не едно туку 2... и да удри во згради кои се тестирани да издржат 5 такви удари.... и ред други работи шо ти советувам малце да побараш на нетов и да се информираш да не се бламираш со вакви коментари.. и само колку за информација... агенти на ЦИА и ФБИ ги обучуваа луѓето од Ал Каеда..

трето.. "Либија беше жртва на еден режим кој не дозволуваше слобода и независно мислење" о не знаев дека им било толку тешко шо не можеле слободно да си го искажат својот став... мора да е мнооооогуууу потешко отколку да викаш пред влада ден и ноќ за да ти исплатат плати од 6 или 12 месеци и да просиш по улица затоа што си останал технолошки вишок а никој не сака да те вработи затоа што имаш 45/50 години и веќе од тебе работодавецот нема шо да извади..

многу е поарно шо можеме да кажеме во нашава демократска земја дека сме гладни и бедни ... гледам тоа стигна до некого.... колку за информација... процентот на невработеност од ден на ден се зголемува се повеќе баш ради тоа шо ги уживаме сите права и слободи во ваа е*ана демократија..

разбуди се другарче !

1. Како не беше голема побуна кога бунтовниците ја имаа заземено цела источна Либија и битки се водеа во Триполи пред НАТО да интервенира? НАТО почна да интервенира, токму кога требаше да падни центарот на бунтовниците - Бенгази. Претходно Бенгази беше изложен на жестоко бомбардирање од Гадафи, каде за 1 или 2 дена загинаа преку 2000 луѓе...

2. Терористичките напади во САД почнаа и завршија на американска почва и воздух. Зградите можат да го издржат ударот, но не и термобарска експлозија и огромни температури. САД ги помагаа и обучуваа муџахедините, никаква си Ал Каеда...

3. Во Либија постоел закон со кој е забрането поинакво мислење, а камоли искажување на истото во јавност...
 
Девојко, како да комуницираме кога ти незнаеш што значи слобода, а кога јас незнам како да ти парирам на глупостиве кои ги напиша твојов „прљав“ мозок - бидејќи нели мојот е веќе испран.

ти друже не знаеш шо значи да бидеш на улица без денар во џеб.. очигледно си некое мамино синче кое никогаш ништо не му недостигало па тука комотно може да ни дели лекции за тоа шо е слобода и колку е добра демократијата...
слободно.. немам ништо против.. мојов мозок може е прљав... али бар не сум изгубила осет со реалноста..
толку од мене..
 
The best road to progress is freedom's road.
John F. Kennedy
Freedom is never voluntarily given by the oppressor; it must be demanded by the oppressed.
Martin Luther King, Jr.
If the freedom of speech is taken away then dumb and silent we may be led, like sheep to the slaughter.
George Washington
There is no easy walk to freedom anywhere, and many of us will have to pass through the valley of the shadow of death again and again before we reach the mountaintop of our desires.
Nelson Mandela
Freedom is nothing but a chance to be better.
Albert Camus
Еverything that is really great and inspiring is created by the individual who can labor in freedom.
Albert Einstein

Ех...19 арапи и кулите и слободата во Либија...

Друже во ред цитатите
Ама една работа која не ја знаеш...
Прва работа што направија “бунтовниците“ по објавувањето победа е најава за воведување на Шеријат.
http://www.dailymail.co.uk/news/art...alil-says-Sharia-law-used-Gaddafi-regime.html

Мислиш шеријатскиот закон дека е синоним за слобода...?
--- надополнето: Oct 26, 2011 10:31 PM ---
1. Како не беше голема побуна кога бунтовниците ја имаа заземено цела источна Либија и битки се водеа во Триполи пред НАТО да интервенира? НАТО почна да интервенира, токму кога требаше да падни центарот на бунтовниците - Бенгази. Претходно Бенгази беше изложен на жестоко бомбардирање од Гадафи, каде за 1 или 2 дена загинаа преку 2000 луѓе...

2. Терористичките напади во САД почнаа и завршија на американска почва и воздух. Зградите можат да го издржат ударот, но не и термобарска експлозија и огромни температури. САД ги помагаа и обучуваа муџахедините, никаква си Ал Каеда...

3. Во Либија постоел закон со кој е забрането поинакво мислење, а камоли искажување на истото во јавност...

Акциите на Нато беа насочени кон рушење на секуларната власт и поддршка на оние кои беа за шеријат.
А случајно истите тие кои беа за шеријат направија голем број извонредно поволни дилови за екстракција на нафта, во корист на оние кои ги подржуваа да дојдат на власт.
Бидејќи тоа е слобода, а Ф-15 во налет со 6 тони касетни бомби е симбол на алтруизам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom