Што загубија Либијците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Големите „демократии“ 100 пати му порачаа мирно да ја предаде власта во Либија со што ќе се избегнеа многу трагични работи кои се случуваа од февруари до октомври.
Да беше Гадафи таков маж, социјалист и народен-човек ќе го направеше тоа, наместо да влезе во војна која ја врати земјата 50 години наназад, која уништи голем дел од она што можеше да се нарече инфраструктура и технолошки капацитети, која зеде стотици и стотици жртви и која секој знаеше дека неможе да ја добие.
Демократијата значи дека „владее народот“. Ако народот избере да го владеат исламисти - тоа е нивно право и ќе си живеат со тоа - полошо или подобро, останува да видиме.
„Демократиите“ што до вчера се поздравувале со Гадафи како да се најголеми пријатели сега станаа добрите вили кои ќе ја спасуваат Либија од Гадафи...
Како што кажав и во претходниот мој пост, нашине борци за човекови права се побунија со оружје во рака после 9 години независност на Македонија, а на Либијците и после 40 години не се побуниле, ама ете дошле американците и им кажале дека ако они имале секакви поволности ипак Гадафи е лош и треба да се решат од него и да ја прифатат нивната „демократија“, истата таа демократија која нас сега не негира како народ...
Ако више толку веруваш дека „демократите“ стварно се борат за доброто на луѓето кажи ми тогаш зошто и после толку време на НАТО и дружината не им текнува да влезат во Сирија ?
 
4xdh.jpg

Е од вакви дволични политичари ми се гади а тие го водат светот, до кога ќе трпиме незнам но ќе пукне тиквата кога-тогаш ..
 
„Демократиите“ што до вчера се поздравувале со Гадафи како да се најголеми пријатели сега станаа добрите вили кои ќе ја спасуваат Либија од Гадафи...
Тоа ти се вика политика.
Како што кажав и во претходниот мој пост, нашине борци за човекови права се побунија со оружје во рака после 9 години независност на Македонија, а на Либијците и после 40 години не се побуниле, ама ете дошле американците и им кажале дека ако они имале секакви поволности ипак Гадафи е лош и треба да се решат од него и да ја прифатат нивната „демократија“, истата таа демократија која нас сега не негира како народ...
И Македонија била 5 века под турско ропство. 500 години им требало да се побунат... Живееле убаво тие луѓе? Некој ги нас`скал да се побунат?
Ако више толку веруваш дека „демократите“ стварно се борат за доброто на луѓето кажи ми тогаш зошто и после толку време на НАТО и дружината не им текнува да влезат во Сирија ?
Во принцип не верувам дека насилството е решение на било кој проблем, така што секоја употреба на истото за мене е недемократски и примитивно... За Сирија, веројатно ќе толерираат уште малку... посебно сега откако привршува Либија. И тоа е политика, а никаде не реков дека верувам во борбата за доброто на луѓето од страна на Западот.
 
А зошто ги загубија овие погодности? Зошто Гадафи не остави демократијата да располага со ресурсите наместо сега да ги користат Американските компании?

Затоа што речиси секоја демократија во светот е всушност владеење по диктат на западните величини и заштитници на човечките права да се биде експлоатиран на најлицемерен начин.
Најверојатно затоа Гадафи не остави демократија... Постои негде вистинска демократија??? (се повеќе ме потсетува на постком констатацијата: Нигде не постоеше вистински комунизам).
 
Јебига, и во Либија има проста маса која подбуцната и со помош на Америка го направи тоа што го направи, ќе се каат, ама касно ќе им биде.
Тоа што го имале и тоа што го уживале под власт на Гадафи веќе нема ни да го помирисаат, а камо ли да го искусат.

И да, точно е се тоа што го пишува во воведот на првата страна од тоа што го уживале Либијците, како : бесплатна струја, вода, здравство, образование, и ред други работи.

Дечко, Либиец, кој студира во Белград, зимал годишно околу 17500 евра или околу 2500 евра месечно од државата со тоа што студира во странска држава, а со тие пари го покривал целокупното образование, кирија, џепарлак и останато, пари и повеќе од доволни за студии во било која држава, и тоа кој сакал може да студира надвор, во странство, никакви просеци, никакви курци не биле потребни, само желба.

Диктатор бил, па што има везе кога ни една Демократска Држава во светот, али буквално ни една, не им ги овозможува тие благодети на своите граѓани кои ги уживале Либијците во Либија...

Апла се знае која е заднината...
 
1996 мојот чичко работеше во Либија на инсталирање на нафтоводи.
За 6 месеци купи стан, луѓето му се чудеа, го прашуваа да не добил на лото.

Баш пред некоја недела правевме муабет, кажуваше како живеат луѓето таму.
Секој Либиски граѓанин се води како акционер во рафинериите, и од продажбата на нафта месечно еден либиец добива по 500 долари, без да работи, без да мрдне со прст. Значи стварно нафтата била на народот.
Струјата практично е бесплатна, годишно имало некој паушал од секој дом што требало да се плати, ко кај нас на пр. 150 денара да дадеш годишно.
Питачи нема, бездомници нема, наполниш 18 имаш клучеви од стан, ако сакаш да бидеш фармер, имаш екстра бенефиции, се ти е спремно и куќа и земјиште сосе механизација.
Здравството било буквално бесплатно,лековите бесплатни, дури и да треба некоја комплицирана операција да се изврши, одиш било каде во свет, Либија плаќа за тебе трошоците сосе пат ти се 100% покриени.
Либијците му биле чудни што не се оптоварувале како кај нас, тотално друг менталитет...

Некој спомна Гадафи изнел 200 милиона долари од Либија...
Малку утнал со цифрите... Западните тоталитарни медиуми се обидуваат со шпекулации да ги исперат гомната на трулите политичари и корпорациите-монструми.

200 МИЛИЈАРДИ долари е цифрата што САД и ЕУ им ги ДОЛЖИ на Либија за неисплатената нафта!
Тоа се 0,2 ТРИЛИОНИ долари!!!

Што мислиш зошто Гадафи пред 2-3 години направи тура низ европа, па кога шупакот Саркози се поздравуваше со -диктаторот- се смешкаше кисело...
Гадафи си ги бараше парите. Во 2010 кога свати дека долгот никогаш нема да го вратат назад, им постави услов, од сега нафтата ќе ја плаќате во злато, а не во хартија(долари).
2011 знаеме што се случи.
 
И Македонија била 5 века под турско ропство. 500 години им требало да се побунат... Живееле убаво тие луѓе? Некој ги нас`скал да се побунат?

Во принцип не верувам дека насилството е решение на било кој проблем, така што секоја употреба на истото за мене е недемократски и примитивно... За Сирија, веројатно ќе толерираат уште малку... посебно сега откако привршува Либија. И тоа е политика, а никаде не реков дека верувам во борбата за доброто на луѓето од страна на Западот.
Илинденско востание, Разловечко востание, Карпошово востание, ВМРО...
Немој да ми кажеш дека стварно го мислиш тоа дека Македонците чекале 5 века за да се побунат, сите знаеме како се одвивале работите во тој период.

Сите знаеме дека „демократизацијава“ не настанала спонтано и дека не беше водена од самите Либијци. Целта според мене а и според многу други е проширувањето на влијанието на американците и искористувањето не само на нафтата туку и на другите ресурси што ги поседува Либија. Дури и вистинската намера да беше отфрлање на Гадафи како диктатор (за западот секогаш диктатурата мора да е нешто лошо и невидено), значи дури и тоа да беше целата работа ваквото убиство на Гадафи сигурно не личи на некој систем кон кој се стреми општеството. Незнам како и зошто сакаш да не убедиш дека потезиве што ги направи НАТО и дружината се оправдани...
Едноставно Гадафи и потезите кои ги правел во последно време очигледно веќе не им одговарале на американците и поради тоа е целото ова „демократизирање“. И Кастро не им одговарал на американците па пробувале да го убијат, и Хуго Чавез не им одговарал на американците па пробале да направат и во Венецуела вакво „демократизирање“ само не им успеало. Значи на американците многу им е гајле за Либијците или за Кубанците или за било кој друг. Се додека некој игра како што они свират тогаш е ок, е ама кога некој ќе им се спротивстави е тогаш на сила стапува „демократијата“...
 
Освен Карпошовото востание, сите други востанија, буни и заговори се случувале на крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, така?

Знаеш и ти кога народот се буни, нели? Треба да се створат предуслови за такво нешто, а истовремено на народот треба да му биде преку носот. Либија се побуни пред 42 години, се побуни и сега (заедно со половина арапски свет). Тоа и не е така малку од историска гледна точка. Две големи побуни (кои завршуваат со преврат) за помалку од половина век.
Впрочем и напишав претходно дека Гадафи бил и те како внимателен навремено да се пресмета со сите неистомисленици и во корен да ги исече и најмалите искри на незадоволство и отпор.

Сите знаеме дека „демократизацијава“ не настанала спонтано и дека не беше водена од самите Либијци. Целта според мене а и според многу други е проширувањето на влијанието на американците и искористувањето не само на нафтата туку и на другите ресурси што ги поседува Либија. Дури и вистинската намера да беше отфрлање на Гадафи како диктатор (за западот секогаш диктатурата мора да е нешто лошо и невидено), значи дури и тоа да беше целата работа ваквото убиство на Гадафи сигурно не личи на некој систем кон кој се стреми општеството. Незнам како и зошто сакаш да не убедиш дека потезиве што ги направи НАТО и дружината се оправдани...
Прво - никого не убедувам во оправданоста на користење на насилство.
Второ- Ниедна револуција во арапскиот свет не беше спонтана, сите имаа свои причини и поводи - како и секој облик на вооружен револт во историјата на цивилизацијата.
Трето - нема дилеми дека САД и НАТО се многу заинтересирани за подрачјата кои изобилуваат со нафта (и други ретки ресурси).
Четврто - за мене диктатурата секогаш е лоша, браво за тебе што не си сигурен во тоа.
Петто - Ваквото рушење на Гадафи е само производ на политиката на сила. Ситуацијата можеше да заврши многу побенигно доколку повеќе играа мозоците отколку пушките. Народот се побуни > Гадафи отиде со тенкови на нив и ги потепа како бубачки > НАТО се вмеша и го потепа Гадафи. Сила против поголема сила.
Реков и претходно, Гадафи можеше да се повлече од власта и да заврши во Хаг или незнам каде, а мирната транзиција на власта немаше да направи толку тектонски промени и проблеми во земјата. Сепак тој се реши да оди на картата на воената сила и на култот на личноста, грижејќи се само за себе и за никој друг.
Едноставно Гадафи и потезите кои ги правел во последно време очигледно веќе не им одговарале на американците и поради тоа е целото ова „демократизирање“. И Кастро не им одговарал на американците па пробувале да го убијат, и Хуго Чавез не им одговарал на американците па пробале да направат и во Венецуела вакво „демократизирање“ само не им успеало. Значи на американците многу им е гајле за Либијците или за Кубанците или за било кој друг. Се додека некој игра како што они свират тогаш е ок, е ама кога некој ќе им се спротивстави е тогаш на сила стапува „демократијата“...
Секаде е така пријателе. На Ал Каеда не им се допаѓаше политиката на САД па им рокна авиони во срцето на Њујорк, на Русија не им се допаѓаше политиката на Сакашвили па ја окупираше Грузија, на палестинците не им се допаѓаат израелските населби на нивна територија па секој месец некој се дига во воздух на пазар во Хаифа, на Северна Кореја не им се допаѓа соседот па им бомбардираше остров...
Секаде некој некому не му е по интерес. Затоа постојат преговори, сојузи, партнерства. Затоа земјите се обединуваат. Затоа се остваруваат дипломатски средби и самити. Свесни сме дека демократските принципи за суверенитет и територијален интегритет се под закана од поголема сила... Денеска политичките, идеолошките и економските побуди се многу поважни од парче хартија која претставува устав или закон.
Но секаде е така, во секоја земја, во секој град, во секоја покраина денеска се води политика на сила и моќ. Немој да мислиш дека тука постојат праведни и неправедни. Секој некогаш преминува од едната во другата категорија.
Гадафи играше валкано, тој се спротиставуваше на западот, но истовремено не го правеше тоа за доброто на народот. Како што западот го користеше него, така и тој го користеше западот.
Јас не сум фан на теориите за монтирани војни, така што сметам дека неговиот пад се должи на тоа што створи погубна политичка ситуација. Владите (во овој случај тиранијата) можат да опстојат или ако имаат добра ситуација дома (развиена земја, правичност, слобода, прогрес), или ако имаат меѓународна поддршка - ако ги изгубат двете основи тогаш паѓаат како круши - не е ни прв ни последен пат.
Либија (како и Тунис и Египет) не е жртва на американскиот интерес (кој воопшто не го спорам). Либија беше жртва на еден режим кој не дозволуваше слобода и независно мислење. Либија беше жртва на психопатската опиеност од моќ на нејзиниот лидер - човек кој по толку години власт изгуби смисла за реалност и кон својот народ се однесуваше како кон приватна сопственост. Либија беже жртва на репресија и страв. Историјата не учи дека во вакви околности обично на народот му пука филмот - во право си - некому порано а некому подоцна.

За тоа зошто обидите за „револуција“ во Куба и Венецуела не беа успешни е поради фактот што тоа се сеуште изолирани општества. Кога народот и таму ќе се освести дека нивната слобода е во туѓи раце и дека нивните човекови права се ставени во категорија произволност на некое друго лице - тогаш и таму ќе видиме исти работи какви што гледаме во арапскиот свет.

Сите прашања веќе имаат одговори во историјата, нема ништо ново или оригинално во денешниот политичко-општествен свет.
 
Се што е убаво е кратко, сега ни пари од нафтата ќе видат, ни струја бесплатна а за нешто друго да не зборам. ;)
ДЕМОКРАТИЈА=ПЛАТИ ПА КЛАТИ! :mad:

Еве гледајте...
 
Не се глупирајте, народот се крена, не можеа да издржат, не е се во парите, слободата ако не ја чувсвувате џабе парите
 
Ако сака да студира во странство на пример во Париз .
Државата му плака стан и сите давачки плус автомоби лплус секој месец џепарац по 2,300 евра .
Оваа го слушав на телевизија .
Ти си го слушнал на телевизија,а јас лично од еден другар што студираше во Бугарија и имаше другари Либијци.Ако е ова вистина зошто и другите работи на листата на би биле вистина.
Што им фалело на Либијците??Да излезат на избори и да гласаат.Ме заболе мене долниов за избори,ако живеам во држава која ми ги дава сите оние привилегии.
Како е можен бунт ако толку добро живееле??Па кажа во едно интервју тој српскиот аналитичар Лазански.Во Либија има преку 200 племиња.Сега се побунија тие племиња кои не беа во добри односи со Гадафи.Претежно во Источна Либија во и околу Бенгази.Гадафи само што не им нанесе тежок пораз се вмеша НАТО.
 
Еве неколку факти дека Гадафи БЕШЕ диктатор:

1. Дојден е на власт во Либија преку воен пуч над кралот Идриз
2. Индивидуите кои планирале формирање политички партии во почетокот на 70-тите години биле елиминирани, додека секој за кого би се дознало дека разговарал за политика со странци бил затворан.
3. Со закон било забрането да се мисли поинаку од официјалната државна политика.
4. Воспоставува мрежа на платени убијци за елиминирање на дисидентите надвор од Либија.
5. Спонзорира тероризам од кој загинале повеќе илјади луѓе (мнозинството цивили).

А за смешните факти со кои е отворена темава неможам да кажам ништо друго освен дека треба да им е срам на сите што имаат некакви симпатии кон овој човек.

Овде погледнете ја другата страна
Добро пријателе. Гадафи беше ѓаволот а САД,Франција и остали Господ ги пратил добрини да прават. Остани ми поздравен и продолжи си со таквото размислување
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom