Што загубија Либијците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Vistina za vojnata vo Libija se ogromnite kolicini na nafta (zarem Francija bas taka ce se prikluci da vojuva ajde de ako ne i se obecani nafteni naodjalista )
Druga pricina e da se ispotrebat malku (kazi mu na eden deka ima pravo kazi mu na drug deka ovoj mu zima pravo)
otidoa 30.000 dusi vo raj gospod neka gi prosti ...
 
Стварно се забавни ова темиве за Гадафи, ги читам и се смеам на глас...

Уште малце Гадафи ќе стане симбол на нова религија.
 
Ех...19 арапи и кулите и слободата во Либија...

Друже во ред цитатите
Ама една работа која не ја знаеш...
Прва работа што направија “бунтовниците“ по објавувањето победа е најава за воведување на Шеријат.
http://www.dailymail.co.uk/news/art...alil-says-Sharia-law-used-Gaddafi-regime.html

Мислиш шеријатскиот закон дека е синоним за слобода...?

Апсолутно не.
Види јас никаде не напишав дека во Либија дефинитивно ќе биде подобро. Ако државата западне во исламски фундаментализам има големи шанси да биде и полошо - но битно во овој случај е дека се работи за промена. Промена од лошо, а не промена од одлично како што некои овде сакаат да го претстават. Промена од тиранија во некаков вид на поделба на власта.
Шеријатското право, како и секој кодекс базиран на религија за мене е погубен чекор како постулат на изградба на земјата. Сега новиот лидер уверува дека тоа не значи скршнување од „демократизацијата“ на земјата, меѓутоа овој чекор може да значи баш тоа - добиената „слобода“ предадена во канџите на религијата.
Истовремено знаеме дека Северна Африка или арапскиот свет е сосема поинаква култура и општество на сосема поинаков интелектуален степен. Токму затоа е важно правите луѓе да застанат на чело на државата.
Во секој случај мислам дека западот нема да дозволи државата да забега. Ваљда нема...
 
Tough to call...:icon_lol:
Како што e “загриженa“ политичко/економската олигархија од САД и ЕУ поради шеријатот во С.Арабија.
Истата С.Арабија која воено интервенираше да ја задуши демократската револуција во Бахреин.
Сојузник на САД/Нато.
Значи во исто време беше задушено едно востание и едно поддржано.
Не е тешко да се види зошто.

Секогаш се загрижени ако има шеријат во земја која не прави поволни дилови со нафтени гиганти во нивна сопственост.
Ако договорот е поволен, можат да воведат и набивање на кол и да го повикуваат духот на Влад Тепеш кој ќе го прогласат за пророк...for all they care...
They do not give.
A shit.
 
Акциите на Нато беа насочени кон рушење на секуларната власт и поддршка на оние кои беа за шеријат.
А случајно истите тие кои беа за шеријат направија голем број извонредно поволни дилови за екстракција на нафта, во корист на оние кои ги подржуваа да дојдат на власт.
Бидејќи тоа е слобода, а Ф-15 во налет со 6 тони касетни бомби е симбол на алтруизам.

НАТО си го остваруваше интересот (борба за добивање влијание), а т.н. бунтовници си го остваруваа нивниот интерес а? Шеријат викаш...
Сега има логика зошто некој би се побунил против власта на Гадафи...
 
Tough to call...:icon_lol:
Како што e “загриженa“ политичко/економската олигархија од САД и ЕУ поради шеријатот во С.Арабија.
Истата С.Арабија која воено интервенираше да ја задуши демократската револуција во Бахреин.
Сојузник на САД/Нато.
Значи во исто време беше задушено едно востание и едно поддржано.
Не е тешко да се види зошто.

Секогаш се загрижени ако има шеријат во земја која не прави поволни дилови со нафтени гиганти во нивна сопственост.
Ако договорот е поволен, можат да воведат и набивање на кол и да го повикуваат духот на Влад Тепеш кој ќе го прогласат за пророк...for all they care...
They do not give.
A shit.

Во право си. Мотивите на САД/Нато се исклучиво во сопствен интерес. Некаде им одговара револуција, некаде не толку. Мубарак имаше поддршка од САД на почетокот, па кога почна да се намирисува превратот Меѓународната заедница одеднаш промени страна. За жал токму од таквите непринципиелни политики се јавува огромниот револт кон големите сили, а истовремено некаква перверзна симпатија кон сиротите диктатори. Забораваме дека се е тоа политика и дека нема вечни пријателства или непријателства, дека нема херои и негативци, дека нема принципи или почитување на некакво право, дека единствено има помало или поголемо зло. . Се во играта на моќ.
Но истовремено сметам дека на САД/НАТО не им одговара нестабилна Либија или уште една квази-идеолошка земја на северот на Африка. Ниту за сигурноста на ресурсите, ниту за нови проблеми во извозот на нафта.
Затоа и мислам дека нема да дозволат земјата да забега во погрешен правец што, се сложив со тебе, претставува Шеријатското право.
 
Крајот на Гадафи значи почеток на крај за Либијците. Многу светски медиуми и аналитичари вака ја опишуваат иднината на Либија по падот на режимот на лидерот Моамер Гадафи.

Дел од нив не сметаат дека Гадафи преку диктатура владеел во Либија, туку дека граѓаните на оваа африканска земја уживале дури и повеќе права од некои земји каде владее демократија. Овие десет факти негираат дека Гадафи бил диктатор, а вие проценете сами дали уживањето на вакви поволности е диктатура.
1. Електричната енергија во Либија е бесплатна.
2. Банките се во државна сопственост, а каматите многу ниски.
3. Гадафи вети дека секој Либиец ќе има покрив на главата.
4. Образованието и лекарските третмани се бесплатни.
5. Доколку еден Либиец неможе да добие соодветно образование или медицински третман, тогаш владата тоа му го обезбедува во странство, а платено му е апсолутно се.
6. Доколку еден граѓанин на Либија реши да си купи нов автомобил, државата плаќа половина од цената.
7. За секое родено дете, мајката добива по 5.000 долари.
8. 40 леба во Либија чинат неверојатни 0.15 долари.
9. 25 проценти од Либиjците се со завршен факултет.
10. Цената на еден литар нафта во Либија изнесува неверојатни 0,14 долари.

http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/47163-Top-10-fakti-koi-negiraat-deka-Gadafi-bil-diktator

Е да, така е, арно ама неможе никој да се изјасни како хомосексуалец. Никој неможе да се пијанчи каде ќе стигне и кога ќе стигне. Никој неможе да се дрогира кога сака и каде сака, итн итн... Што е важно тоа да имаш покрив над глават и леб да јадеш ако неможеш да се изјасниш.
Еве ние на пример сме и тоа како демократска земја, се повеќе и повеќе напредуваме кон демократијата, ЖИВ пример е за тоа оној(онаа) од Тетово од пред неколку дена на телевизија.
 
Значи стварно демократијата како поим ја сфаќате како што ви одговара.
Посебно со демократскиот дел за пијанчење, дрогирање и гејување кај ќе стигнеш.

Според тоа, Иран и те како е демократско општество.

Ko bi znao...
 
Е да, така е, арно ама неможе никој да се изјасни како хомосексуалец. Никој неможе да се пијанчи каде ќе стигне и кога ќе стигне. Никој неможе да се дрогира кога сака и каде сака, итн итн... Што е важно тоа да имаш покрив над глават и леб да јадеш ако неможеш да се изјасниш.
Еве ние на пример сме и тоа како демократска земја, се повеќе и повеќе напредуваме кон демократијата, ЖИВ пример е за тоа оној(онаа) од Тетово од пред неколку дена на телевизија.
Што добивам јас како поединец од такви појави како тој, можеби животниот стандард ќе ми се искачи на некое повисоко ниво? Што добиваш ти? Што добиваме сите?
Кога би ми рекле да бирам помеѓу диктатура како таа во Либија и демократија како оваа овде што ја иаме, мижејќи ќе го одберам првото. Барем ќе знам дека трудот нема да ми биде експлоатиран, ќе бидам еднаква меѓу еднаквите. Па како сакате така сфатете ме.
 
Јас мислам дека не се разбираме, или живееме на различни места? Ако тебе трудот не ти е експлоатиран и ако мислиш дека луѓето во "демократијава" живеат достојно, тогаш излези од бајките, прошетај низ улиците и види ја голата вистина.
П.С. Денес бев на работа 13 саати!!!
 
Зборував за место каде што нема да ми биде трудот експлоатиран како што ми е тука. За место каде ќе бидам еднаква меѓу еднаквите за сите поеднакво, затоа што сите тие луѓе се граѓани на таа држава и редно е сите да добијат поеднакво. За разлика од да речеме Македонија. И да, кога би живеела во таква идила во каква што живееле Либијците немало да имам потреба да бидам политички неистомисленик. Зошто да бидам кога имам се? Зошто да не го славам човекот кој ми овозможил се, а тој не ми е татко за да го направи тоа, но го прави, за сите подеднакво, како што веќе реков. Мислам дека истото го зборуваме, ама не се разбравме. Такви нус појави како тој што го спомена ме испровоцира да го напишам мислењето.
 
Во право си. Мотивите на САД/Нато се исклучиво во сопствен интерес. Некаде им одговара револуција, некаде не толку. Мубарак имаше поддршка од САД на почетокот, па кога почна да се намирисува превратот Меѓународната заедница одеднаш промени страна. За жал токму од таквите непринципиелни политики се јавува огромниот револт кон големите сили, а истовремено некаква перверзна симпатија кон сиротите диктатори. Забораваме дека се е тоа политика и дека нема вечни пријателства или непријателства, дека нема херои и негативци, дека нема принципи или почитување на некакво право, дека единствено има помало или поголемо зло. . Се во играта на моќ.
Но истовремено сметам дека на САД/НАТО не им одговара нестабилна Либија или уште една квази-идеолошка земја на северот на Африка. Ниту за сигурноста на ресурсите, ниту за нови проблеми во извозот на нафта.
Затоа и мислам дека нема да дозволат земјата да забега во погрешен правец што, се сложив со тебе, претставува Шеријатското право.

А дозволуваат С.Арабија да е шеријатска земја со една фамилија на власт околу 200 години и вечен финансиер на секакви фундаменталистички организации по светот...
Тоа ти е демократија и власт на правото...i guess...

Така да, Либија ќе биде мини-арабија, со таа разлика што нема да ги интересира дали е стабилно или не, доволно е позициите за екстракција и превоз на нафта да се сигурни.
Во превод bye bye Гадафи welcome Шеријат & Blackwater/Dyncorp/whatever name they are using now...feat. DJ local goons & retards with arms.

Рано е да се каже, но сепак имајќи предвид минатото, животниот стандард на тамошната раја ќе падне драстично.

Што добивам јас како поединец од такви појави како тој, можеби животниот стандард ќе ми се искачи на некое повисоко ниво? Што добиваш ти? Што добиваме сите?
Кога би ми рекле да бирам помеѓу диктатура како таа во Либија и демократија како оваа овде што ја иаме, мижејќи ќе го одберам првото. Барем ќе знам дека трудот нема да ми биде експлоатиран, ќе бидам еднаква меѓу еднаквите. Па како сакате така сфатете ме.

И тоа е во ред, но во себе овој став содржи замка...
Хитлер,Мусолини...и тие донеле зголемен стандард но по некое време и некои други ситуации...
 
Мое мислење е дека т.н бунтовници се збирштината од она баш рајата како што ги нарекува Тоекатер. Згурата од народот што незнаел што да прави со самиот себеси... Се што прочитав од коментари на страната LYBIA на фб (со превод на гугл транслејт) горе доле разбрав дека луѓето таму си го сакале Гадафи. И баш мислам дека неговите приврзаници се во поголем број отколку тн бунтовници, но нам овде медиумите поинаку ни сервираат.
 
1. Електричната енергија во Либија е бесплатна.
2. Банките се во државна сопственост, а каматите многу ниски.
3. Гадафи вети дека секој Либиец ќе има покрив на главата.
4. Образованието и лекарските третмани се бесплатни.
5. Доколку еден Либиец неможе да добие соодветно образование или медицински третман, тогаш владата тоа му го обезбедува во странство, а платено му е апсолутно се.
6. Доколку еден граѓанин на Либија реши да си купи нов автомобил, државата плаѓа половина од цената.
7. За секое родено дете, мајката добива по 5.000 долари.
8. 40 леба во Либија чинат неверојатни 0.15 долари.
9. 25 проценти од Либиците се со завршен факултет.
10. Цената на еден литар нафта во Либија изнесува неверојатни 0,14 долари.

И после Гадафи бил диктатор? МХМ Не баш!
Поздрав на ова добро ви дојде ДЕМОКРАТИЈА!

ЕДИТ имало уште :)
http://forum.kajgana.com/threads/Што-загубија-Либијците.55168/page-2#post-4509389

Па добро, ако според вас демократија е некој да ти даде за јадење, пиење, куќи, вили, коли итн, а притоа да не се трпи различно мислење, тебе да не те рачунат за жив човек со сопствени ставови, сопствена идеологија, различен пристап и поглед кон животот, тогаш, и не е дека си баш некој...Човек, сосем ти одговарал ГАДАФИ.
Ама на луѓето, претпоставувам, повеке им е БИТНО, слободно да ДИШАТ, отколку некој да ги третира како куче, кому ке му даеш да јаде, само за да не те КАСНЕЕЕЕЕ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom