Што мислите за продавачите на Кирби?

  • Креатор на темата Креатор на темата AURIEL
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш имаш правосмукалка од 2000 евра, а на форумов се нешто мрчиш сиромаштија било ова она...?
Немам девојче, не туку се пали, еднаш и кај мене беа исчистија и се виде разлика во тепихот.
 
Грешка си, Кирбиво е најдобрата работа на свет, вреди за секоја пара. Моите го купија на времето за 10 000 марки, еве го до ден денес како ново работи (секојдневна употреба), обичните правосмукалки не можат ни 10 посто од тоа да исчистат. Извонредна машина. И они памтам беа скептични, еее волку пари за правосмукалка, али дечкото одлична презентација напраи и ги убеди да купат.
Значи може се малце досадни, али тоа што го продаваат вреди за сите пари.

Е убаво сте напраиле....сте имале пари за фрлање и сте ја земале.

Инаку за тие 10.000марки бизнис сте можеле да отворите....со тие пари дуќан се отвараше на времето......ама ете на некој правосмукалка му фалело.

Пред се таа машина ги уништува сите бактерии,а со тоа со текот на годините ако живееш во таква околина ќе ти опадне имунитетот,и коа ќе отидеш кај некој другар на пример,ти немаш имунитет за да поседиш кај него....болен ќе се враќаш.....а недај боже маче да ти кивне ќе се превртиш на грб.
 
LOL!!! Toa за бизнисот ти држеше вода, иако моите нејќеле бизнис да отворат, али ова цитираново.. :pos:
 
Вака, пред десетина години бев ве реномираната фирма штотуку отворена во мојот град ,,Кирби... барав работа па ме викнаа на интервју. Имаше толку многу прашанжња за одговарање и плус голем дел за себе нешто да си напишеш... откако завршивме со се ,после недела дена ми се јавува менагерот и ми вели - Се јавувам од Кирби и имам да ти кажам една лоша и една добра вест, која попрво сакаш да ја слушнеш? ... Лошата е што ке почнеш за два месеци а добрата е што си примен. Дали ти се допага? ))
 
Once upon a time....и јас сум била на интервју за стројов :P!
Ама јас поим немав за што одам на интервју, пошто на огласот не пишуваше како се вика фирмата! И кога дознав...:rolleyes:
Исто како и на еден од погорните членови што имаше пишано со Петко....:rolleyes: ми се јави и ми вика, честитам вие сте една од ретките бла бла бла.....

Абе какво Кирби, јас за леб неам, не па за усисалец....:confused:
Со 2000 шушки имат живот да живеам.... :cool:
 
Нема јас што да мислам, они нека му ја мислат ако ми тропнат на врата.
 
и мене ми доаѓа со Кирби и Реинбоу а бе што да ви кажам според мене поубава е Реинбоу со секакви функции сепак не вреди да фрлам над 2000евра попрви би купил Ровус и тоа пак е маркетиншки трик така да решив да си купам од оние 4500 денари и не знам шо марка е ама ми врши работа;):)
 
LOL!!! Toa за бизнисот ти држеше вода, иако моите нејќеле бизнис да отворат, али ова цитираново.. :pos:

Смеј се колку сакаш, но навистина е така. Знам дека неколку семејства купија и после за џабе ги продадоа, зашто децата им станаа алергични на се’!
 
Смеј се колку сакаш, но навистина е така. Знам дека неколку семејства купија и после за џабе ги продадоа, зашто децата им станаа алергични на се’!

Damn, тие деца мора да не искачале од дома, или да живееле во перфектно СТЕРИЛНА средина. Мислам, Кирби јес да е прејака машина, али на крајот од денот тоа е само правосмукалка која собира домашна прашина, и може евентуално да ти го испере тепихот или да ти го исполира патосот. Или можда новиве модели праат детална стерилизација на цела куќа, а? Само знам дека ја израснав со Кирби и неам ниедна алергија, а болен не ни памтам последен пат коа сум бил. Можам без проблем да поседам кај другар и да се вратам дома здрав :)
 
Не знам дали се кирби. Нели со нив се чистат душеци, ѕидови, се’? Веројатно домаќинките претерале и направиле стерилна атмосфера и знам дека престанаа да ги користат зашто децата им станаа многу осетливи.
 
Може да е до тоа мирисот што го користат (а не мораат), мене ми смета тој на бор, па имам кивано кај што е користена правосмукалка со такво. Или без оглед, кивам на мирис од бор, кај било :)
Не е можно куќата да ти е престерилна, освен ако не ја затвориш херметички.
Колку и да ти е чисто дома, сепак секој ден излегуваш надвор, па не може имунитетот до толку да ти ослабе :)
 
PurplePuma, можеби се погодило и децата да се пречувствителни и пречесто да се чисти. А може е и до нешто сосема трето :)
 
PurplePuma, можеби се погодило и децата да се пречувствителни и пречесто да се чисти. А може е и до нешто сосема трето :)

Јасно. Едино тоа е можно само доколку се мали децата, а не одат во школо/градинка, туку ги чува некоја баба, што би се рекло под стаклено ѕвоно :)
 
Јас немам ништо против некој да ми ја среди собата, треба да си луд да се буниш! Јас и кафе и сок ќе им понудам, а ќе им благодарна до следниот викенд. :pos:
 
Значи што е добра Кирби е добра, а што е скапа исто така е скапа, него многу ми се интересни неколку членови погоре како тоа дома не треба да биде чисто т.е. да живееме со :гомце:.
Па доколку би ја имал оваа машина нормално дека нема да чистеш секој ден. Самото тоа кога ќе се прибереш од надвор успат носиш разни бактерии и сл. Па само прозор да отвориш да се излуфтира некоја минутка, одма свашта влегува. Така да тоа со стерилна средина пропаѓа во вода.
Е сега и јас сум против тоа да биде пречисто, ама како што кажав погоре, такво нешто нени може да биде, али да ме убеди некој дека јогата каде што спијам во незе треба да има толку :гомце: и дека тоа е ОК, тоа можда се кажува како одбрана од немање на тој апарат.
Исто така некои се во заблуда дека апаратот е 700-800 долари. Во Америка ваква машина е 1800. Да, има разлика него тука во цената, али на крај краева никој не те тера да ја купиш, а од друга страна да мрчиш дека не чинела, смешно е :)
Планирам во блиска иднина да ја земам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom