Што мислите за продавачите на Кирби?

  • Креатор на темата Креатор на темата AURIEL
  • Време на започнување Време на започнување
Ахам...и како тогаш ќе ме убеди да ја купам....ќе ме тера да продаам нешто од дома??

Ау, верувај ми...и ќе ти го земма еднаш неделно, само да го купиш.

Иначе, прават рати..даваат попусти.
Знам дека цената е голема, затоа кога ќе ми дојдат на врата ги одпоздравувам најљубезно.
 
На Peja989 пред некој ден му фукнаа еден од овие ценети производи, и сега дур се чуди шо да му прајт на ценетиот производ, бара утеха ... некаква. :ROFLMAO:

(:P)
 
Ау, верувај ми...и ќе ти го земма еднаш неделно, само да го купиш.

Иначе, прават рати..даваат попусти.
Знам дека цената е голема, затоа кога ќе ми дојдат на врата ги одпоздравувам најљубезно.

Ма брат и на отплата од 30години да ми го дадат....2000 евра за правосмукалкааааааааа.....аааааааа.

Па у на Снуп Дог палатата чистат со обична правосмукалка.
 
Мене може да ме убедуваат колку сакаат, и да ме убедат од кај да им родам 2000 евра? :D
 
На Peja989 пред некој ден му фукнаа еден од овие ценети производи, и сега дур се чуди шо да му прајт на ценетиот производ, бара утеха ... некаква. :ROFLMAO:

:)P)

Хахахахаах.....абе земи работи тоа што ти е работа, да не останеш без работа :ROFLMAO:
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 10:22 ---
Ма брат и на отплата од 30години да ми го дадат....2000 евра за правосмукалкааааааааа.....аааааааа.

Па у на Снуп Дог палатата чистат со обична правосмукалка.

Те разбирам, јасно ми е....јас само кажав колку пари е и дека даваат рати, не дека ќе ја купам зошто е тоа поволно :) Еден мој другар 2 години ја отпаќаше по 90 евра. Татко му рече дека се заебал што ја купил, со тие пари кола ќе земеле.

Мада, рака на срце он има така поприлично голема куќа и им врши работа, ама пак...2500 евра :facepalm:
 
На нив им е работа да ти ја продадат правосмукалката и мора да зборат ко навиени и да ти изнакажат у какво ѓубре живееш за да ти им ја купиш, они да земат процент и да преживеат до следниот купувач. Арно ама и оние шо ќе ја купат оваа семоќна правосмукалка изглеа додека им ја презентираат си замишљаат дека откако ќе лупнат толку пари таа по дифолт мора сама да чисти :icon_lol:
Домот ќе биде чист онолку колку што некој нема да биде мрзлив. И 10 кирби правосмукалки некој да купи, ако го мрзи да исчисти по дома пак печурки ќе му никнат на каучот.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 10:40 ---
Јас мислам дека треба да идат почесто и тоа да не чистат само во една соба туку во 2-3, ако треба и бакшиш ќе им дадам.
Плати си 500 денари и ќе ти исчистат сегде :)
 
Не се бунете многу за продавачките,какви ги има,секогаш со сокче и наполитанки ги пречекувам додека зборат поглед не тргам од нив со такво внимание ги пратам,понекогаш и тие самите се зачудени таа нивна реклама колку внимание привлекла кај мене.Е сега има и тапа денови на пр. пред некој ден ми пратија еден ашмиш и убаво,култруно му кажав дека не сум за купување.
 
Ма брат и на отплата од 30години да ми го дадат....2000 евра за правосмукалкааааааааа.....аааааааа.

Па у на Снуп Дог палатата чистат со обична правосмукалка.

Грешка си, Кирбиво е најдобрата работа на свет, вреди за секоја пара. Моите го купија на времето за 10 000 марки, еве го до ден денес како ново работи (секојдневна употреба), обичните правосмукалки не можат ни 10 посто од тоа да исчистат. Извонредна машина. И они памтам беа скептични, еее волку пари за правосмукалка, али дечкото одлична презентација напраи и ги убеди да купат.
Значи може се малце досадни, али тоа што го продаваат вреди за сите пари.
 
10 000 марки? :eek: Ве одрале!
Овде Кирби машините сега ги продаваат дупло од нормалната продажна цена! Дека се добри - стварно се добри, нема нешто што може така да исчисти, ама прескапо ги продаваат.
Ја имав "среќата" да се запознаам со газдата на фирмата што ги увезува и продава, човекот "си идеше кај другарче у Вегас, да се покоцка малце десетина дена". Веројатно со парите од nE0n1nja :D
Јас мислам дека треба да идат почесто и тоа да не чистат само во една соба туку во 2-3, ако треба и бакшиш ќе им дадам.
Што е најтрагично, освен што се досадни како стеници, не ни чистат цела соба! Чистат само едно ќоше од тепихот и оставаат да видиш "колку драстична разлика има", а ако сакаш да ти се изедначи бојата ќе си купиш кирби и ќе си исчистиш сам. Кога презентираа кај нас килимот беше само што земен од сервис за перење, ама пак имаше разлика кога поминаа со кирбито, моите се испокараа со презентерката зашто не сакаше да го дочисти за да го изедначи (немаше голема разлика, ама пак се познаваше), на крај презентерката и рече на мајка ми да земе и сама да си исчисти, мајка ми виде - не виде си дочисти и ги отера.
 
Ја памтам еднаш ми дојдоа....ми го исчистија пола стан од пуста надеж дека ќе купам....и ги испратив со здравје.
 
Каj нас доаѓаа неколку пати и еднаш маjка ми беше близу да им каже „да ќе купиме“ али татко ми jа врати на земjа :D Али шо е право право е, правосмукалката собира одлично
 
2000 евра???? Во америка одат по 800-900 долари, тоа се околу 650-700 евра. Добра маржа маваат нашиве
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom