Што е потешко: Донесувањето одлуки или нивното спроведување?

Спроведувањето е потешко бидејќи може да вклучува други личности кои треба да соработуваат а тоа нема да го сакаат. На пример со штрајков. Има конформистички пи*ки кои излегуваат од школо и се молат некој да се врати прв. А наводно ,,одлучиле" да штрајкуваат.
 
Тажината на донесувањето или спроведувањето на некои одлуки имаат иста тежина. Постојат одлуки кои заради сложеноста, времето, начинот и потребата се донесуваат тешко или пак се спроведуваат тешко и обратно постојат одлуки кои лесно се донесуваат и лесно се спроведуваат. Мислам дека се зависи од тоа каква одлука се донесува. Одлуки кои по нивното донесување или спроведување ќе донесат промени кои за нас ќе значат битна промена во начинот на живеење или пак поимање на животот до тој момент, се донесуваат тешко и тешко се спроведуваат. На пример ставање крај на некоја љубовна врска, стапување во брак, започнување на нов живот т.е. преселување од едно место на друго итн., таквите одлуки тешко се донесуваат, а уште потешко се спроведуваат. Тука спаѓаат и голем број на политички одлуки, оние што ги донесуваат имаат тешка одлука. Додека некои одлуки, да речам тековни кои имаат некое краткотрајно значење лесно се донесуваат и спроведуваат. Како на пример, одам на концерт... и одам, нема да полагам испит... и нема итн.
 
Pa ednoto so drugoto e povrzano dzabe jas ako donesam odluka a ne ja provedam znaci dzave nosenje na odluka...taka da jas bi rekla dvete :helou:
 
Донесување одлука. Потребно ми е време да размислам, да „легне“ материјалот што би се рекло, па после уште мислење и дури потоа цврста одлука. Не затоа што сум некоја неодлучна личност, туку затоа што сакам темелно да ги разгледам сите опции, последици и можности од една конкретна ситуација. Ова за некои покрупни работи, а за секојдневни ситници не размислувам многу, веднаш знам што е правилно. И зависи колку време имам за одлука. Ако не мора да се брзам, можам да си мислам со денови :pos2: Кога ќе одлучам, одлучено е и нема зошто да ми е тешко да спроведам.
 
А да се преформулира: не да се споредат туку да се проучат другите одлуки пред да ја донесеш сопствената?
 
Според мене ова се две фази кои на можат една без друга. Но, откако ќе ја донесам одлуката после се друго е лесно.

Донесувањето на одлуки е еден макотрпен процес, особено кога се работи за одлуки кои ќе имаат големо влијание понатаму-често знам по неколку пати да се размислам и премислам пред да кажам „ДА„. Е кога ќе кажам Да тогаш значи дека е готово и дека одлуката може многу лесно да се реализира.
 
Не е тешко да донесеш одлука и да ја спроведеш. Тешко е да ја донесеш правата одлука и да ја спроведеш.
 
Зависи за какви одлуки станува збор. Ако збориме за донесување на животна одлука од која зависи нашата иднина, нашиот живот, не би рекла дека е лесно да се донесе во рекордно брзо време (пр.10 минути)...мислам дека во секој случај полесно е да се спроведе одлуката...но како и да е и донесување и спроведување на одлуката имаат подеднаква тежина, се зависи за што станува збор...
 
Спроведувањето секако. Лесно е да се "донесе" било каква одлука потребна е сила да се спроведе и најмала ситуација во контрола.
 
За мене донесување одлука е бааги потешко (па и зависи на што ова се однесува). Пред одлуката треба многу мислење, план, можни ризици, последици... А спроведувањето ми е многу полесно-помалку мозок се користи.
Како на куче што му фрлаш стап-мора да размислиш која е прво целта што го фрлаш, дали ќе го фрлиш преку река, на некое дрво, колку е далеку... А кучето би било извршителот-т.е. ја сум кучето. Или жена ми планира, носи одлука за правење ограда (било што, ова прво ми текна пошто ова ми е идна активност :) ). Ја сум само извршителот-полесно ми е да кршам бетон, да мешам малтер неголи да планирам и организирам. Не сум креативец, физичар сум :)
 
Што мислите, што е потешко: Донесувањето одлуки или нивното спроведување?

Колку е лесно да се донесе одредена одлука, а колку истата да се спроведе на дело?

Лично вие, до сега, што ви било тешко, да седнете да размислите и да донесете некоја тешка одлука или откако ја донесете одлуката да ја спроведете?

На пример, колку пушачи одлучиле да не пушат, ама одлуката тешко да ја спроведат. Ова беше само прост пример, колку да се долови темата.

Еве едно под прашање во врска со одлуките иако малце е подалеку од темата: Вие колку лесно донесувате одлуки? Дали долго време се двоумите или брзи сте во тој поглед?

п.с. Ве молам образложувајте ги вашите постови, не само еден -два збора.:smir:

Ако донесам одлука, значи дека добро сум обмислила како што и спорведувањето би било лесно.
 
Донесувањето одлуки е потешко......NOT!
-секако дека нивното спроведување е тешкиот дел:smir:
 
тешко е и тоа и тоа. само зависи од тоа кои ризици треба да ги преземеш за да донесеш некоја одлука и после тоа да ја изреализираш
 
Потешко е спроведувањето зошто иако ја донесеш одлуката може нема да ја спроведеш као што си замислил
 
Потешко е спроведувањето зошто иако ја донесеш одлуката може нема да ја спроведеш као што си замислил

е зш да не може ја си мислам сега леле како да му се скарам на дечкото дали да му се скарам шо ќе биде полсе тоа...
додека ја мислам ми е тешко, а нема д ми биде тешко да отидам и да му речам крај, ако веќе сум решила нема што да ме спречи...реалозацијата????малку потешко...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom