Што мислите, што е потешко: Донесувањето одлуки или нивното спроведување?
Колку е лесно да се донесе одредена одлука, а колку истата да се спроведе на дело?
Лично вие, до сега, што ви било тешко, да седнете да размислите и да донесете некоја тешка одлука или откако ја донесете одлуката да ја спроведете?
На пример, колку пушачи одлучиле да не пушат, ама одлуката тешко да ја спроведат. Ова беше само прост пример, колку да се долови темата.
Еве едно под прашање во врска со одлуките иако малце е подалеку од темата: Вие колку лесно донесувате одлуки? Дали долго време се двоумите или брзи сте во тој поглед?
п.с. Ве молам образложувајте ги вашите постови, не само еден -два збора.:smir: