Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ју Несбе - ОДМАЗДА
Оваа е прва книга која ја имам во раце од авторот. Прочитав кратка соджина и право да ја купам..
Денес ја започнав и према првите страници е страшно добра.
Сабајле ја почнав, сега само што ја завршив ``Улица`` од Славко Јаневски.
Тема на книгата е животот на група млади момчиња во периодот меѓу двете светски војни. Добра книга, цел ден утепав во неа и некое неубаво чувство т.е. чувство на тага ми остави. Како да е романтичарско дело, не модерно.
Дали случајно Ви текнува на последната реченица од книгата.
Од дамна ја немам читано, но знам дека имаше прекрасна реченица на крајот нешто во врска со месечината?
Хаха да да знам. Само барав на интернет и ми искочи твојот пост. Па морав да си ја пробам среќата. Ти благодарам во секој случајХух, мојов пост е од пред точно 6 години, од 14ти Мај, 2010. Не би можел да се сетам!
Дали случајно Ви текнува на последната реченица од книгата.
Од дамна ја немам читано, но знам дека имаше прекрасна реченица на крајот нешто во врска со месечината?
Осаменоста на простите броеви од Паоло Џордано
Претставени се приказните на Матија и Аличе. Додека се деца, Аличе се здобива со повреда додека скија која понатаму резултира да криви на едната нога и патем се бори со анорексија, а Матија ја остава својата ретардирана сестра близначка во паркот додека се деца и истата исчезнува. Иако е гениј по математика, емоционалната болка ја убива така што си нанесува телесни повреди.
Толку, се заљубуваат, ама завршуваат со други личности, Матија заминува да студира во друга држава, Аличе се мажи, ама бракот и се распаѓа. Ништо не се случува. Книгава воопшто не ми се допадна. Кога ја читав кратката содржина пред да ја земам, ми се чинеше дека ќе биде интересна и лесна за читање. Да, брзо се чита, но после првите 50 страни станува досадна. Мислев дека ќе се случи неочекуван настан што ќе ме држи во неизвесност, но не, никаква возбуда, никаква порака... Крајот на книгата е никаков...
Лошо...
![]()