Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Сабајле ја почнав, сега само што ја завршив ``Улица`` од Славко Јаневски.

Тема на книгата е животот на група млади момчиња во периодот меѓу двете светски војни. Добра книга, цел ден утепав во неа и некое неубаво чувство т.е. чувство на тага ми остави. Како да е романтичарско дело, не модерно.
 
Alexander der Große von Ruth Sheppard auf Deutsch :)
Од авторот ништо не се навага, затоа што таа книга оште не е решен случајот како и самите знаете и поради разни критики останува писателот ункноу.
 
Црвената Смрт од Едгар Алан По. Збирка на раскази во кои преку интересни настани се прикажува мрачната страна на човекот од која не може така лесно да се извлече,а тоне се подлабоко во канџите на злото.Многу интересни и кратки прикаски и во сите се чувствува атмосфера на хорор и ужас.
 
Пат околу светот за 80 дена од Жил Верн.
Добропознатата новела за Филеас Фог и неговиот слуга Паспарту кои тргнуваат на авантура да го обиколат светот за 80 дена. Овој роман го илустрира технолошкиот напредок на светот во втората половина на 19тиот век.
 
Школа на убавината од Кабул - Дебора Родригез
На почеткот сум, се работи за времето после паѓањето на талибанската власт во Авганистан и еманципирањето на авганистанската жена.
 
Алхемичарот од Пауло Коелјо.
До пола сум стигнат, би требало да ја завршам до вечер.
 
Сега му се токмам на драмата „Суд“ од Коле Чашуле. Многу ми ја пофалија, па ќе видиме шо е како е
 
Во моментов се трудам да не ја читам ,,Pride and prejudice,, од Jane Austen и да се насочам кон стручната литература ама не можам. Книгата е напишана на премногу шармантен средновековен англиски и едноставно не ме пушта :)
 
"Не свртувај се сине" од Арсен Диклиќ. Приказна за инженерот Невен Новак, кој ќе избега од усташкиот логор на смртта Јасеновац и откако ќе дознае дека целото семејство му загинало, освен синот Зоран, тргнува во потрага по неговото единствено поколение. Хрватска во времето на "Поглавникот", Анте Павелиќ, усташи и "црвени бандити"/партизани, херои и предавници, сторија за еден колаборантски режим во времето на Втората светска војна, за погрешната страна на боиштето.
 
АФЕРА од Аманда Квин
Прв пат слушам за авторкава ама дефинитивно ми се допаѓа стилот на пишување.Крими случај измешан со романса меѓу двајцата главни ликови,без долги непотребни описи и добри дијалози,доволно за да ме тера да ја читам со огромен интерес до крајот.
 
На небото како и на земјата од Скот Пек беше последното што го прочитав, дискутабилна книга, толку, што дури не знам ни дали ми се свиѓаше, али вреди да се прочита, ако имате бар мал интерес за тоа што паметниот Скот Пек мисли дека би можело да се дешава после смртта. Или може си знае човекот дека се претвараме во пепел, ама сака со книгава да укаже дека земскиов живот е пребитен итн.
Сега почнав да ја читам Луѓе на лагата од Скот, али уште сум на почеток.
 
:pos2::pos2::pos2:

почнав да ја читам „Бакнеж во ноќта“ Шерилин Кенион. Ако сте за книги со митолошки суштества дефинитивно набавете си ја книгава. :smir: Сеуште немам прочитано ни една половина од книгава, но почетокот ветува...
 
Сега му се токмам на драмата „Суд“ од Коле Чашуле. Многу ми ја пофалија, па ќе видиме шо е како е

Пред 5 минути ја дочитав ... драма шо треба да ја прочита секој македонец, ако уште не знај, да сознај какви сме денес ... исти како шо сме биле и некогаш
 
Призракот на Александар Волф - Гајто Газдаинов

Приказна човек кој си суди себе си за убиство кое всушност не го извршил, за време на војна...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom