Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Зора зад аголот од Димитар Солев

На почеток сум ама уште оттука се гледа дека ќе е интересна.Интуицијата не ме лаже а и кога гледам какви прекрасни фрази има ми доаѓа во цел тефтер да ги испонапишам....
 
„Марсовецот“ - Енди Вир

Генерално не сум љубител на научна фантастика, но засега книгата е мошне пријатно изненадување. Интересен му е стилот на пишување.
 
Слепиот Музичар од Короленко. Одлична книгичка, мала и доста лесна. Препорака до сите.
 
Ју Несбе - ОДМАЗДА
Оваа е прва книга која ја имам во раце од авторот. Прочитав кратка соджина и право да ја купам..
Денес ја започнав и према првите страници е страшно добра.
 
Ју Несбе - ОДМАЗДА
Оваа е прва книга која ја имам во раце од авторот. Прочитав кратка соджина и право да ја купам..
Денес ја започнав и према првите страници е страшно добра.

Нема утка со Ју Несбе :)
 
„Атлас на облаците“ - Дејвид Мичел

Морам да признаам дека бев малку скептична пред да почнам да ја читам, земајќи предвид дека се работи за книга со неколку различни приказни, но секоја претходна приказна некако се провлекува во наредната, на ваков или онаков начин. И потоа стигнува до одредена точка, па пак се враќа наназад и ги отплеткува работите.

Но, книгава е полн погодок. (y) Скептицизмот не ми беше оправдан дефинитивно, напротив. Забавна, убаво напишана, има добри поенти и што е најважно те тера да ја читаш, сакаш едноставно да видиш што се случило, да дознаеш...
 
Осаменоста на простите броеви од Паоло Џордано

Претставени се приказните на Матија и Аличе. Додека се деца, Аличе се здобива со повреда додека скија која понатаму резултира да криви на едната нога и патем се бори со анорексија, а Матија ја остава својата ретардирана сестра близначка во паркот додека се деца и истата исчезнува. Иако е гениј по математика, емоционалната болка ја убива така што си нанесува телесни повреди.
Толку, се заљубуваат, ама завршуваат со други личности, Матија заминува да студира во друга држава, Аличе се мажи, ама бракот и се распаѓа. Ништо не се случува. Книгава воопшто не ми се допадна. Кога ја читав кратката содржина пред да ја земам, ми се чинеше дека ќе биде интересна и лесна за читање. Да, брзо се чита, но после првите 50 страни станува досадна. Мислев дека ќе се случи неочекуван настан што ќе ме држи во неизвесност, но не, никаква возбуда, никаква порака... Крајот на книгата е никаков...
Лошо...
(n)
 
Сабајле ја почнав, сега само што ја завршив ``Улица`` од Славко Јаневски.

Тема на книгата е животот на група млади момчиња во периодот меѓу двете светски војни. Добра книга, цел ден утепав во неа и некое неубаво чувство т.е. чувство на тага ми остави. Како да е романтичарско дело, не модерно.

Дали случајно Ви текнува на последната реченица од книгата.
Од дамна ја немам читано, но знам дека имаше прекрасна реченица на крајот нешто во врска со месечината?
 
Дали случајно Ви текнува на последната реченица од книгата.
Од дамна ја немам читано, но знам дека имаше прекрасна реченица на крајот нешто во врска со месечината?

Хух, мојов пост е од пред точно 6 години, од 14ти Мај, 2010. Не би можел да се сетам!
 
Хух, мојов пост е од пред точно 6 години, од 14ти Мај, 2010. Не би можел да се сетам!
Хаха да да знам. Само барав на интернет и ми искочи твојот пост. Па морав да си ја пробам среќата. Ти благодарам во секој случај :D
 
Скандалите во Кроум од Хаксли.

Одлична сатира која ги исмева тогашните трендови. Во истата има прекрасна разработка на ликовите со се сите нивни предности, доблести и слабости. Претежно сите се интелектуалци или претендираат да бидат тоа, па го имаш оној стандарден судир на мисли, визија по одредени скокотливи прашања. Стилот е доста лесен за читање, без некои претерани описи од типот на Достоевски до деталче, што според мене е таман наштелован согласно тематиката на книгата. Воедно во истата е вдахната и филозофијата на Хаксли и неговото видување прикажано преку ликовите. Обично на една страна има по некој таков ударен момент кој бара малку повеќе внимание и застој при читањето, онака ради тумачење на тежината на мислата, и правење споредба доколку сакате нормално со вашата по однос на тоа прашање. Често пати изнудува и размислување на теми на кои никогаш и не сум помислил.

Имам уште 70тина страни за дочитување и така. Ја препорачувам :)
 
Дали случајно Ви текнува на последната реченица од книгата.
Од дамна ја немам читано, но знам дека имаше прекрасна реченица на крајот нешто во врска со месечината?

„Дали секогаш пред засолзените очи месечината изгледа како растопено сребро во ноќта?“
 
Осаменоста на простите броеви од Паоло Џордано

Претставени се приказните на Матија и Аличе. Додека се деца, Аличе се здобива со повреда додека скија која понатаму резултира да криви на едната нога и патем се бори со анорексија, а Матија ја остава својата ретардирана сестра близначка во паркот додека се деца и истата исчезнува. Иако е гениј по математика, емоционалната болка ја убива така што си нанесува телесни повреди.
Толку, се заљубуваат, ама завршуваат со други личности, Матија заминува да студира во друга држава, Аличе се мажи, ама бракот и се распаѓа. Ништо не се случува. Книгава воопшто не ми се допадна. Кога ја читав кратката содржина пред да ја земам, ми се чинеше дека ќе биде интересна и лесна за читање. Да, брзо се чита, но после првите 50 страни станува досадна. Мислев дека ќе се случи неочекуван настан што ќе ме држи во неизвесност, но не, никаква возбуда, никаква порака... Крајот на книгата е никаков...
Лошо...
(n)


Гледај го филмот, мене книгата ми летна во два дена. Фина приказна..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom