Вишнова хроника - Фросе Пармаковска
По првична препорака на
@Zlatikevichius, вчера ја почнав... Наративност во долги реченици кои буквално те носат точно на местото на „злосторот“, лесен концизен стил, баш како што вика „задната корица“ без скриени пораки, едноставно така како што е. Се` уште сум иако при крај на првата третина, но мислам дека ќе летне како алва книгава, иако не е разделена на многу мали поглавја (во некои случаи тоа може да биде и заморно, што тука не е случај). Ќе видиме како ќе се отплетка клопчето storywise, но вака по мене - ветува, и тоа многу.
Прашање - селото што го споменува Фросина е Водоча или јас нешто бладам?