Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
The Forgotten Soldier - Guy Sajer

Мемоари на француски државјанин од Елзас (со мешано потекло) кој се бори на страната на Германија за време на Втората светска војна на источниот фронт.
Книгата е многу години на удар на критиката заради нејзината „автентичност“ се до 1997 година кога член на неговата единица ги потврдува податоците.
Како и да е, книгава ја дава сликата на Источниот фронт со сите негови крвави вистини. Прекрасна книга.
 
"Убиството во Ориент Експрес" од Агата Кристи - криминалистички роман со многу пресврти.
 
Степскиот волк - Херман Хесе

Вреди ли да напоменам дака читам ремек дело?
 
Сликата на доријан греј - Оскар Вајлд
Даблинци - Џејмс Џојс
 
Сликата на доријан греј - Оскар Вајлд
Даблинци - Џејмс Џојс

Ако ти се овие од Ѓурѓа можеш да ми кажеш каков е преводот? Планирам да ги купам, но ме интересира дали имаат добар превод.
 
Даблинци е од Ѓурџа и шо знам споредбено со други книги (нормално од Ѓурџа) солидно е. А Сликата на Доријан Греј е од Феникс
 
12 ангел- Ог Мандино
Книга која ке ви покаже дека и после се животот има смисла.
 
Сенки на ветрот од Карлос Луис Зафон. Две приказни сплотени во една, за дете (подоцна момче) кое случајно ја наоѓа истоимената книга од Хулијан Караш и ја прочитува во еден здив. Опседнат од приказната тој е во потрага по другите негови книги. Набрзо дознава дека некој има намера да го уништи сето она што овој писател го има создадено. Порад тоа, Даниел (момчето) е вопотрага по самиот писател каде дознава дека неговиот живот е сличен на писателот. Љубовна драма, полна со интриги, спплетки, животот во Барселона помеѓу, за време и по втората светска војна. Потроа долга, но нема промашај за оние кои се љубители на ваквиот жанр. Малку подалеку од Спаркс и сличните на него.
 
Ме сакаш ли под дождот? - од Алек Русјаков.
Топло ладни приказни, за Љубовта...
Одлично.
 
'Девојката која си играше со оган'
-Стиг Ларсон

вториот дел од трилогијата Милениум. Неверојатен трилер, засега изгледа доста подобар од првиот! :)
 
Сенки на ветрот од Карлос Луис Зафон. Две приказни сплотени во една, за дете (подоцна момче) кое случајно ја наоѓа истоимената книга од Хулијан Караш и ја прочитува во еден здив. Опседнат од приказната тој е во потрага по другите негови книги. Набрзо дознава дека некој има намера да го уништи сето она што овој писател го има создадено. Порад тоа, Даниел (момчето) е вопотрага по самиот писател каде дознава дека неговиот живот е сличен на писателот. Љубовна драма, полна со интриги, спплетки, животот во Барселона помеѓу, за време и по втората светска војна. Потроа долга, но нема промашај за оние кои се љубители на ваквиот жанр. Малку подалеку од Спаркс и сличните на него.


Гад демет, јас не ја најдов па ја зедов нели Марина од Зафон... (имав препорака за Марина уште пред 4-5 месеци, ќе видиме дали вреди, ма да самиот Зафон кажува дека Марина му е омилена)
Кога ќе ја враќаш да ми кажеш да се убацам одма после тебе за да ја земам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom