Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Принцезата Султана не знам од кого беше, Дон Кихот за во училиште, а конечно ја прочитав Сидарта од Херман Хесе и морав барем да ја ископирам, големи вистини во неа има.
 
Бесмртност - Милан Кундера

Во овој роман потенцирани се гестовите на луѓето и начинот на кој потсвесно тие ги опишуваат нашите постапки и некако дејството се гради токму во тој правец. Чудна мешавина од фиктивни ликови, ликови од романи и личности кои навистина постоеле, па дури и самиот тој се јавува како лик.

Големи размислувања за тоа што всушност е човекот, за осаменоста, за бракот и за тоа како човекот сака да остави траги за своето постоење и со тоа да се надмине себеси односно на земјата да стане бесмртен.

Кундера користи психолошки реализам и длабоко навлегува во мислите на главната „хероина“ со што читателот чувствува како полека почнува да се идентификува со неа, да ги оправдува или осудува нејзините мисли и постапки.
 
Индиго Бомбај од Јагода Михајловска Георгиева
Не очекував таков тип на тема од македонски автор, посебно не толку детални и скоро реални описи кои што би ми се допаѓале.Ама книгата е добра, патернот на пишување е интересен, стилот е задоволителен и допадлив и скоро е остроумна на места каде е премногу „продуховена“. :)
 
Денес почнав да ја читам Декамерон од Бокачо и се изненадив од книгата, малку ми беше нејасно Хуманизам и пародија на религијата, прекрасна е книгата можеме да дојдеме до заклучок дека и тогаш имало луѓе кои не се плашеле од религијата и кој пишувале тоа што сакаат а не тоа што им кажуваат другите, Бокачо претставува уметник во секоја смисла на зборот, отворено зборува за тоа што сака да го сподели со народот без разлика во кој период го пишува, иако е пишувана во 14 век сепак за мене претставува современа литература.
 
На Запад ништо ново, роман од Ерих Марија Ремарк. Фантастично дело во кое е опишана суровоста на војната и отуѓеноста на војниците на фронтот за време на Првата светска војна. Препорачано за љубителите на воени романи.
 
Тунел-Петре М.Андреевски
Слика на нашето oпштество и животот на луѓето во него преточена во книга која се чита во еден здив:smir:
 
Гордост и предрасуда- Џејн Остин

Фина книга, лесна за читање, мене ми дојде како Николас Спаркс, само со романса од 19 век, што ја прави интересна книгата. Англиска класика: елегантен стил на живот, плитки вредности и снобизам, и љубов помеѓу.
 
Калуѓерот што го продаде своето ферари. Знам, знам, се знам за тоа што мислите за книгава али ас сам должен да проверам. Сичко си има процедура.
 
Catch 22, да се пофалам си купив Kindle 3 и сега читам све живо и диво. :)
 
Само што почнав да ја читам "Пајаковата мрежа" - Агата Кристи

Издавачка куќа Ѓурѓа, а?

Јас ја читам од Агата Кристи - Мистеријата на синиот воз, но некако преводот не ми се допаѓа најмногу(Ѓурѓа). Немам читано претходно ништо од Агата Кристи, може е таков навистина нејзиниот стил, но како за писателка на трилери очекував поголема возбуда и неизвесност. Не дека е многу бош книгата, до четвртина пред крај сум, а не можам да претпоставам како ќе заврши, но некако нема брзо случување на дејствата и тензија....
 
Tajnata na Sionskite mudreci , kniga koja ke ve prosvetli nesto sto go negira i zeitgeist i svge drugo , zemete ja ke se prosvetlite ...
 
Издавачка куќа Ѓурѓа, а?

Јас ја читам од Агата Кристи - Мистеријата на синиот воз, но некако преводот не ми се допаѓа најмногу(Ѓурѓа). Немам читано претходно ништо од Агата Кристи, може е таков навистина нејзиниот стил, но како за писателка на трилери очекував поголема возбуда и неизвесност. Не дека е многу бош книгата, до четвртина пред крај сум, а не можам да претпоставам како ќе заврши, но некако нема брзо случување на дејствата и тензија....

Не е од "Ѓурѓа", туку "Панили" и ми остави преубав впечаток. Исто ми е прва книга што ја читам од А.Кристи и несомнено ќе прочитам и други од неа уште во првата прилика. Тоа што не сте го пронашле во книгата што ја читате моментално, сигурно ќе го пронајдете во Пајаковата мрежа барем во издание на Панили.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom