Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Па што ако имам некој килограм повеќе од Мег Кебот
 
Буковски - Љубов за 17 ипол долари
Збирка од раскази на Буковски во негов стил, жените, алкохолот, обичниот американец, често се става во трето лице со различни имиња.
Се на се интересна за опуштање и за изолација од секојдневниот кичерај околу нас. :)
 
Фауст- Гете (роман во стихови)
Решив да ја прочитам од кога ја сретав и кај Хесе и кај Достоевски. Најверојатно читам некој многу лош превод, плус и намерно упростена верзија а со тоа и губење на стилот и уметничка вредност. Сепак содржината ми се допаѓа, малку ме потсеќа на Мајсторот и Маргарита поради фантастичните моменти, но приказната е сосем различна. Фауст е доктор, начитан, битен човек во општеството кој сфаќа дека ништо не знае а не ни проживеал многу во животот... Книга која треба да се прочита.
 
Рудниците на Цар Соломон остана непрочитана за 100 страни оти морав да е префрлам на Основи на електротехника 1 - Др. Леонид Грчев... :tapp:
 
Никогаш не сум го читала Маркес, едноставно не ми дошло ништо негово при рака. На инсистирање на другарка ми ја зедов Дванаесет искушенија во која Маркес напишал дванаесет раскази во кои како централна фигура секогаш се појавува латиноамериканец. Јас имам страшна апатија кон раскази, поголем љубител сум на приказна што ја опфаќа целата книга, но ваква нарација немам сретнато досега. Милина за читање, од опис до карактери и животни приказни.
 
Невеста во Борџии-Џин Калогридис
Книга во која се опишува развратниот живот на најконтроверзниот Папа Александар VI или Родриго Борџија и неговите деца.
Преку очите на Санча од Арагон, сопругата на најмалиот син на папата, авторката не внесува во "змиско гнездо" во времето на ренесансата во Ватикан.
Опишани се конспирациите на Родриго и неговиот син Чезаре, исполнети со убиства, политички интриги и кантарела.
 
Калуѓерот што го продаде своето ферари- Робин Шарма
Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех.
 
Случај Патоказ од Ијан Пирс
Всушност, ја дочитав. Многу добра книга, дефинитивно ја препорачувам, уште сум под импресии. Има 800 страни и тешка е, така да читање - стриктно дома, не е за носење по автобуси, ко јас што ја читав. Од почеток е спора, али понатаму е супер.
Значи, книгава е поделена на четири дела, од по околу 200 страни. Првиот дел го раскажува Марко Да Кола, италијански благородник кој има намера да ја присвои идејата за трансфузија на крв. Тој го раскажува убиството на еден човек, за кое младата Сара Бланди е осудена на смрт. Останатите делови се исто така за тоа убиство. Вториот дел е за Џејмс Прескот, злобен човек кој е опседнат со тоа да докаже дека татко му бил неправедно обвинет за предавство. Третиот дел го раскажува еден криптограф, а четвртиот историчарот Ентони Вуд. Е сега, финтата е што три од овие делови се субјективни раскажувања, а само едно е објективно, односно сосема вистинито. Книгава е стварно прекрасна, во неа се спомнати неколку познати англиски личности, како на пример филозофот Џон Лок. Дејството се одвива во Оксфорд.
 
Голи во смртта - Нора Робертс

Банално, крими романче, за убиства на курви, чие дејство се одвива некаде после 2050 година. За тепање време и релаксација, не е лошо.
 
Девојката со тетоважа на змеј-Стиг Ларсон
Немојте да мислите дека книгава е досадна ако ништо не ви е интересно во првите 2 глави.
После нив книгата станува многу заразна. Не е ни чудо што стана бестселер за толку брзо време.
 
Двојник - Достоевски
Практична Хипноза - дел од Хипноза и Јога од Адолф Ајнштајн
 
Ракописот Q - една од многуте трилери со религиска тематика али сепак интересна пош дел од дејството се одвива на нашите простори ( грција, Македонија, босна). Муабетот е за одреден свиток кој го бараат манихејците ( као некоја секта) за кои се мисли дека исчезнале пред 1000години но тие само се инфилтрирале во Црквата. Манихеец станува папа и по некоја случајност нивниот најважен документ за да ја срушат католичката црква и да основаат нова е токму овој ракопис во кој инаку никој не знае што пишува. Тоа всушност било така да речам евангелие според Исус.. интересна во секој случај. од 1 до 10 му давам 8.

Клубот Дима - исто еден вид трилерче само без религиозни провеви туку се работи за одредена книга преку која се смета дека се повикува ѓаволот и чиј печатар е запален од инквизиторите и од која е останат само еден примерок ( според печатарот), а според библиофилските каталози има 3 и х персона треба да увиди кој е оргиналот. Во меѓувреме пронајден е кај самоубиен/убиен библиофил оргиналот од Анжујско вино на Александар Дима и треба да се утврди кое е неговото потекло. Ако се исклучат премногуте имиња, цитати, книги, години и видот на изработка на тие книги, Клубот Дима добива 7ца од мене..

и сега патот под нозе накај библиотека
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom