Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Малечката Фадета од Жорж Санд.
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг и не можат да опстојат посебно. Откако потпораснуваат, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине се крши и постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.
Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги напуштила како мали и таа се изживува врз нив. Одговорот на Ландри му го дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да и исполни некое нејзино барање во иднина...

За да го дознаете епилогот, ве советувам да го прочитате целиот роман, кој е напишан во романтичарски дух во средината на XIX век, 1849 г.

Мојата омилена од седмо одделение или така нешто, детска книга. Несоодветно за читање на овие години, не знам зашо ни ја стаија за лектира у средно у трета или четврта година.
Иначе, он топик, не читам ништо уметничко од кога почнав со факс, јебига:)
 
Деновиве почнав да ја читам ,,Убиство со огледала,, од Агата Кристи (морав на крими романите да се вратам преку глава ми се љубовните тапа се) и понапната книга немам читано дури почнува да ја надминува ,,Ангели и демони,, , три загубени личности,поврзани,убиство и најверојатно убиец што се крие зад некое ангелско лице...
 
Сега само што ја зедов од библиотека Бартоломејска ноќ од Александар Дима. До втора глава сум, кога ке ја прочитам ке ви кажам впечатоци :smir:
 
само што ја дочитав-"Игра на ангелот"-Карлос Руис Зафон и навистина сум воодушевен и импресионира.

Книгата е продолжение на неговиот прв роман-бестселер Сенки на ветрот каде што само ја надополнува мистеријата на "Гробиштата на проколнатите книги".Се работи за еден "несуден" писател со извореден талент за пишување на мистериозни дела,кој се наоѓа заробен во готскиот живот на Барселона и е недоволно моќен да се справи со мистериозните ситуации и случки на поедини личности во Барселона.Крајот просто возбудува и не те остава спокоен се додека не ја прочиташ наредната глава,и следната,........Слично како и кај Сенки на Ветрот!

веќе овие две книги ми станаа едни од омилените:)
 
Мислам дека имаше тема за Давање предлози на книги, но, сакам да прашам, дали некој ја има читано Платформа од Мишел Уелбек, и да каже нешто накратко околу неа?

фала.
Имам читано еда негова друга книга можноста на еден остров, корне од нихилизам, а според рецензиите на неговите книги и останатите се такви, ја прикажува мрачната страна на модерното општество. Толку е полн со нихилизам ќе сакаш во еден момент да се убиеш.

Како и да е вреди да се чита само малце е тешко сварлива и на емоционален и интелектуален план :)
Ако си мазохистички расположен продолжи понатаму со 1984 и храбриот нов свет ... мислам ако си емо и ти се умира
 
Денес почнав да ја читам Крвна врска- Сидни Шелдон и до кај шо стигнав можам да ви кажам книгава многу ветува, пишувана е со многу интересен и допадлив стил, по малку мистериозен, чуден...
 
Се нафатив да ја читам „Белата божица“ (Bela boginja) на Роберт Гревс ( http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Graves ). Почнав пред една година, но околностите ме натераа да престанам. Ова е едно од неговите најпознати и можеби најзначајни дела, со прилично претенциозен поднаслов „Историска граматика на поетскиот мит“. Се работи за антрополошка студија. Ако разберам нешто ќе ви кажам :vozbud: .

8296_Robert_Grevs.jpg
 
Ова не се Ромео и Јулија од Ксенија Николова


mid110385.news
 
Последно ја прочитав Пиреј, пред 2-3 часа:)
 
Плаут - Скржавец

Комична драма за еден човек кој ќе пронајде злато во својата куќа но нема да сака да го подели со никого дури ни со семејството, но на крајот ќе реши да го даде како мираз за ќерќа си. :smir::smir:
 
Книга за Наполеон, каде се опишува неговото детство и станувањето император
"Наполеон-песна на заминување" од Макс Гало
 
Шекспир никогаш не го правел ова - Чарлс Буковски

Патувањето на Буковски во Европа, појавата на француската телевизија и неговата посета во родната Германија, сето тоа пропратено со секојдневни пијанства и мамурлаци
 
после долго време на чекање,конечно ја најдов слободна книгата-Девојката со портокали-интересен роман за љубовта и храбрите потези!

а моментално ја читам-Ќерката на чуварот на спомените-Ким Едвардс
интересна новела за еден млад брачен пар кој добива близнаци-машко и женско,но на женското и е дијагностицирано некаков хендикеп,и мажот решава да го даде на посвојување,без знаење на жена му,каде и кажува дека бебето починало при самото раѓање............
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom