Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Најголемиот трговец на светот Ог Мандино
Ова е приказна за тоа како десетте свитоци за успех и среќа му паднале в раце на младиот почитуван камилар Хафид, откако една ноќ случајно зачекорил во некои пештерски јасли крај Витлеем..што се случувало со свитоците и каков бил животниот пат на камиларот.
Книга со прекрасна приказна и многу мудри мисли. Дефинитивно книга која ми го менува погледот кон животот.
Мој совет оној кој не ја прочитал еве му занимација пред да си легне.
 
Петмина кои ги среќаваш во рајот. Многу е убава, ми се допаѓа.
 
Воскресение - Л. Н. Толстој

9785884153769.jpg


Ја читам строго од правнички аспект, засега е феноменална, Толстој е ѕвер, можи да опиши сако или фустан во 50 страни и да не ти скурчи. Буквално. :)
 
ИДИОТ- Достоевски....али мнооооггуууу тапа била, мислев боље ќе биде, али нејсе.
 
Веќе втор пат ја читам кратката новела на Набуков - Набљудувач. Главниот лик(Смуров) е во улога на детектив и ја испитува историјата на своето самоубијство во "животот" после смртта.

416OKrYDJ%2BL._SS500_.jpg
 
Ја читам "A Brief History of Time" од Stephen Hawking.. Нешто феноменално, немам зборови.. А исто така од Dan Brown ги прочитав сите, многу добар стил на пишување има...
 
Да се надоврзам на темава: Комитаџии - Тероризмот на Балканот од Албер Лондр.
Балканот во 20тите години на XX век, виден низ призмата на еден француски новинар, Албер Лондр. Всушност, главниот акцент е ставен на случувања кои директно не засегаат нас, Македонците, ВМРО: подемот и расколот. Се гледа дека е слабо и погрешно информиран: зборува за ВМРО создадено во 1893 г. во Ресен (!?) од страна (само) на Дамјан Груев и Пере Тошев. Добро и сликовито прикажување на ВМРО во годините на расколот: Тодор Александров и неговите акции, Протегеров и неговите приврзаници, Ванчо Михалјов (Малиот) и неговото формирање на држава во држава. Како од една Внатрешна Македонска Револуционерна Организација се прави една терористичка организација во служба на великобугарските идеи, ликвидирајќи врвни и истакнати македонски родољуби. Каков е животот во Софија за време на владеењето на Стамболиски и Цанков. Улогата на ВМРО во внатрешната и надворешната бугарска политика.
Вреди да се прочита, иако не е од баш некоја објективна точка поради тотално погрешната информираност на францускиот новинар: на пр. за него македонскиот јазик е мешавина од пет јазици: турски, бугарски, српски, романски и грчки. Македонските револуционери од славната 1903 за него се Македонци од бугарско јазично подрачје, т.е. Македонски Бугари.
 
„Алхемичарот“ од Пауло Коелјо
Книга за потрагата по сопствената среќа на младиот овчар Сантијаго. Во потрага по закопаното богатство кај египетските пирамиди, тој ќе биде воден од еден алхемичар и ќе ги научи да ги следи знаците на судбината и да го следи својот сон.
 
оф топик: Или се чита Пауло Коелјо или Ден Бараун( Навистина е Браун и не мислам на чоколада). Турбо фолк литература.

Он топик: Книга за Реториката, опфатено од Антика до Пост-Структурализмот. Многу е корисна, бидејќи целата тема е во околу 200 страни заедно со цитати и анализи од дела на многу автори.

41ttwtiVQxL._BO2,204,203,200_PIsitb-sticker-arrow-click,TopRight,35,-76_AA240_SH20_OU02_.jpg
 
Поради потребата да се биде малку во стадото, а и како љубител на книги со историски жанр па и фантастика, од вчера ја започнав трилогијата LOTR од Толкин, на оригиналниот за толкин мајчин јазик - англиски. За сега е ок.
 
Демијан од Херман Хесе.
Лесна за читање и разбирање, небаре е роман за дете од 5 одд. а всушност ми е лектира за IV година.


uhuuuu bravo stom ti e lesna demijan ... JAs koga ja citav rekov deka e kniga koja definitvno mora da se procita poveke pati za ubavo da se razberi. Ima tuka dosta zapletkani raboti i filozofii koi vredat da se razberat:smir:
Inaku preubava kniga e !
 
Белата Куќа од Џон Гришам, во книгата го опишува селскиот живот во Америка во 50-тите лесна книга и едноставна за читање
 
450_Svetislav_Basara.jpg


Светислав Басара - Тамна Страна Месеца

Разни записи од авторот. Како дневник.
 
Млада Месечина - Стефани Мајер

Вториот дел од Тwilight. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom