Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Леле последниот пат кога прочитав книга беше пред едно 2-3 години кога морав да отидам на одмор со моитe! И тоа не беше една книга, него 3 книги кои ги прочитав за 4 дена, да толку ми беше досадно! :)
Алхемичарот, Одлука и Сидарта :toe:
 
ОТВОРЕНИ КАРТИ-Агата Кристи
Конечно да се дограбам до некое ново нејзино дело. Нема шанси да не ми се допадне нејзина книга, мада тврдам дека оваа и е една од послабите кои сум ги прочитала. Во премалку страни се ставени премногу личности иако замислата е мошне интересна. Се случува убиство среде партија бриџ и имате четворица осомничени од кои еден е сигурно убиецот. Поаро повторно ги употребува своите неконвенционални методи и се обидува според партиите бриџ што биле одиграни карактерно да посочи кон убиецот.
 
За мојата малечка - Тони Парсонс

интересно и лесно книгиче
 
Херман Хесе, ги собрав сите некови книги и се решив да ги прочитам уште еднаш, вчера ја прочитав „Бескрајно тркало“, од денеска почнувам „Игра со стаклени бисери“. Човекот е генијалец! :)
 
Загубениот симбол- Ден Браун

Досега најдобра негова од тие што ги имам прочитано:smir:
 
Моментално читам Механика на флиуиди. Многу убава книшка од М. Мирчевски.
Механиката на флуиди се дели на хирдостатика, хидродинамика и има еден мал дел за аеродинамика. Посебно интересен дел од областа за флуидите се задачите. Затоа книгата оди во комплет со две збирки. Можеш да си решаваш задачи по цел ден и ич да не ти е досадно :)
 
The Greatest Spiritual Secret of the Century - by Thom Hartmann

Книгава ја барам под дрво и под камен веќе подолго време дури ни PDF на интернет не можам да ископам. Дали некој ја читал или знае како да се дојде до неа ... би бил багодарен за помош.

Не знам зошто ама едноставно ме копка да ја прочитам :toe: :D
 
Моментално читам Која е таа девојка од Александра Потер
 
Од денеска ја почнувам „Буденброкови“ од Томас Ман......
Нема што да коментирам, писателот е генијалец и знам дека книгава ке ми се допаѓа :)
 
Десеттата симфонија од Јозеф Јелинек.Интересно книгиче...
Наводно некој ја пронашол партитурата односно првиот став од десеттата симфонија на Бетовен и прави промоција каде присуствува еден музиколог.После промоцијата мистериозно е убиен "пронаоѓачот"(отсечена му е главата) и се води истрага за убиството...до тука сум стигнат ја немам дочитано.
 
Рудниците на цар Соломон - Сер Рајдер Хагард...
Како за почеток делува интересно, приказна од Викторијанската доба, колонијална Африка, потрага по изгубените дијаманти на најмудриот еврејски цар Соломон, авантури низ Африканските савани, пустини,... Авторот е првиот кој го воведува поимот за `изгубениот свет` во литературата, во конкретниов случај изгубениот рудник на царот Соломон. Многу потсетува на авантурите на Индијана Џонс :)
 
Еднаш во животот - Кети Кели. Интересна книга, разработува животи на повеќе луѓе, раскажува повеќе приказни на луѓе, но сите се меѓу себе поврзани. Дејствието е во Ирска. :)
 
^ Ќе ми раскажеш чим стигнеш до последна корица, ми звучи интересно.

Вчера барајќи во библиотекиве наши сосема друга книга, налетав на Песто Паста - Храна на љубовта од Ентони Капела. Уште од самиот почеток ме има заинтригирано. Посебно тоа што тука има мал милион рецепти - идеи како да се направи италијанска храна. Башка и да си сит, оваа книга ќе ти го отвори апетитот. Непрепорачливо за луѓе што држат диети - ќе се измачуваат.
Како и да е, дејствието се дешава во Италија (Рим) и збори за една типка (американка) што после толку искачања со дечковци доаѓа до единствено решение - отсега па натаму нејзиното внимание може да го има секој оној што знае да подготвува прекрасни јадења. Го мамае Томасо, типот од ресторанот кој сакајќи да го привлече нејзиното внимание се претставува како готвач “парекселанс“. Но дали е тоа така? Тој е само обичен келнер. Тука му доаѓа на помош неговиот најдобар другар Бруно кој е еден од мајсторите на готвењето.
Сеуште сум на почетокот но како што се одвиваат работите можам да кажам дека книгава е одлична. Стил кој не замара, тук таму излетува по некој италијански збор... Препорачливо за италијанофили, гурмани и романтичари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom