Ај едно
Интервју на Шумуликоски за "Scotland on Sunday"
Три дена по гостувањето на нивниот национален тим на Хампден парк во сабота, Македонците ќе го прослават нивниот ден на независноста. 18 години поминаа по одделувањето од поранешна Југославија. Формирањето на нови репрезентации се покажа како голема придобивка за фудбалерите од тој регион.
Кога бил мал, Величе му кажал на татко му дека сонува еден ден да игра во Англија. Ова тогаш било неостварлив сон, затоа што во Југославија, пред да се распадне, играчите не може да заминат пред да наполнат 28 години, освен ако не им се раскине договорот или ако имаат настапи во државната репрезентација.
Кога Шумуликоски ќе настапи против Шкотска, тоа ќе биде негов 59-ти настап за својата држава. Настапите за репрезентацијата се негов прозорец кон фудбалска Европа, на тој начин стигнал да игра во Англија. Тој настапи против Англија 4 пати. За тој период, кој заврши со два порази и две нерешени средби, фудбалерот кој е роден во Струга го доби прекарот „Балканскиот Џерард“ , бидејќи игра на иста позиција како капитенот на Ливерпул. Во пракса, Џерард има поофанзивна улога, но сепак.
Во Англија пред него играа Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски и неговиот сограѓанин Артим Шаќири. Еден од двајцата најдобри фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев (вториот е поранешниот центарфор на Црвена Ѕвезда, Дарко Панчев), беше поврзуван со Арсенал и Тотенхем. Илчо Наумовски исто така имаше понуда од Шкотскиот Хартс. „Тој ми е пријател и јас контактирав со него“ - вели Шумуликоски. „Се работеше за парите. Да му понудеа подобра понуда, ќе прифатеше. Тој е одличен фудбалер, крупен и силен. Можете да го задржите само ако го фаулирате. Не сум играл со таков фудбалер порано“.
Шумуликоски следи фудбал на ТВ и го познава шкотскиот фудбал. Неговиот тимски колега од Престон, Калум Дејвидсон, играше против Норвешка минатиот месец. Ги издвојува Дарен Флечер, Шон Мелоуни и Џејмс Мекфаден, но играчот што најмногу го цени ќе недостига на „Хемпден“, како што го немаше ни во Скопје пред 12 месеци. Тогаш повредениот Бери Фергусон, сега е казнет.
„Тоа е добро за нас“, вели Величе. „Јас мислам дека тој е најдобар фудбалер во Шкотска. Ќе беше многу потешко за Македонија ако играше и тој, а посебно за мене. Тој е брилијантен играч. Прима топка, борбен е, додава, прави се. Не играше во првиот меч и ние победивме. Можеби повторно ќе победиме“.
Македонија го промени селекторот оттогаш. Среќко Катанец поднесе оставка во април, наводно поради судир со Горан Пандев, по што беше заменет со селекторот на репрезентацијата до 21 година, Мирсад Јонуз.
„Во првите неколку дена фудбалерите беа разочарани. Тој си замина на четири меча до крајот од квалификациите. Но, освоивме четири бода од следните две средби, па можеби смената беше добра. Новиот селектор има поинакви амбиции“, коментира Шумуликоски.
Македонија секако дека може да одигра добро. Исландскиот селектор Олафур Стефанесон ја опиша како најталентирана репрезентација во деветтата група по Холандија. Играат со тројца напаѓачи, што може да придонесе за вистински спектакл на „Хемпден“, каде што и двете селекции ќе гризаат за победа.
Татко му на Шумуликоски се надева дека ќе се најде на „Хемпден“ в сабота, ако добие виза. Човекот кому синот му купи ресторан на брегот на Охридско Езеро за никогаш да не биде без работа помина тежок пат со семејството по раѓањето на новата држава. Уште неколку чекори и тие ќе бидат во Јужна Африка.
(Преземено од Scotland on Sunday)