Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едноставно нашите момци треба да играат со помислата дека немаат што да загубат. На жешкиот терен Шкотска е секако фаворит така да ние можеме само да добиеме.

Што се однесува до атмосферата, која обично е жешка таму... прееска читав коментари на Шкотиве и се смеев.

Прашањето е:

  • Ич не сум возбуден за натпреварот. Дали нешто не е во ред со мене?
Одговори:

  • Не, и ние сме цело друштво и се чуствуваме така.
  • Натпреваров е како погреб на некој далечен роднина. Не сакаш да одиш, ама така е редот...
  • Колку побрзо ќе завршат квалификацииве, толку подобро...

Но најсмешно од се што прочитав беа коментари за некој навивач на кој му се родил син, па сите му честитаат.

Коментарот:

  • Честитки! Му даде ли име на детето? Или чекаш да падне првиот гол па да го крстиш по стрелецот? Ако е така, ќе се вика Горан...
:pos2:
 
Ако ништо друго за разлика од порано почнавме да предизвикуваме страв со кого и да играме:) Од една страна е позитивна, ама од дрга страна тоа значи дека ретко некој ќе не потцени сега.

На голманиве и навивачиве почнаа да им се тресат гаќи од самото спомнување на Гоги:) Ако изигра како со Шпанија тогаш нека му ја мислат телињата во одбрана.

Не ги потценувам Шкотите ама никогаш не сум го сметал нивниот стил за нешто посебно, само да се трча и нафрлува.
Бев убеден дека ќе ги победиме во Скопје и погодив. Ама за жал уште кога ги влечеа групите реков дека ќе паднеме на Исланд и за жал и тоа погодив.:toe:
 
Абе барем имаме шанси порано на пола квалификации испагавме да ги здрвиме шкотите како со шпанија у прво и да незнаат кај се нема да се вратат така. :helou:
 
Кој морон е овој новинаров: дали тренерот ви наредил да одглумите пенал? :tapp:
 
Бев убеден дека ќе ги победиме во Скопје и погодив. Ама за жал уште кога ги влечеа групите реков дека ќе паднеме на Исланд и за жал и тоа погодив.:toe:

Ќе идеме на европско ???
 
Јас не сум возбуден воопшто за натпреварот, дали нешто не е во ред со мене?:toe:

Ма трк до кај екимот оти не е на арно твојва работа!!!!:uvo:
МАКЕДОНИЈА ИГРА ОООООООООООООООООООООООООО:vozbud:

http://sport.stv.tv/football/120830-scotland-to-go-on-the-attack-against-macedonia/
Шкотите ќе оделе со тројца во НАПАД????!!!!:pos2::pos2::pos2:
Па имат да ги пореметиме среде Глазгов!:kesa:
 
Ќе идеме на европско ???
Епа после нерешеното со Норвешка веќе изгубив надеж, ама сепак некако ми пред натпреваров ми се подгрева пак надежта, како и кај сите нас.:)

Инаку мислам дека Шкотите ќе нападнат фуриозно на самиот почеток и ќе се обидат рано да постигнат гол, така да ако го издржиме почетниот налет сигурно подоцна ќе воспоставиме рамнотежа. Не смееме да се наттрчуваме со нив, мораме да ја спуштиме топката на земја, да го забавиме темпото и да ја играме нашата игра.
Нивните играчи имаат повеќе кондиција така што сигурен сум дека ако немаат поволен резултат на крајот на натпреварот ќе направат завршен притисок.

Во никој случај не смееме да дозволиме како многупати до сега на почетокот од 2ро полувреме да влеземе расеани и за 5 мин да уништиме се што тешко сме граделе.
 
Јас не сум возбуден воопшто за натпреварот, дали нешто не е во ред со мене?:toe:

Нешто не е во ред. Сега бев на темата за кошарка и видов дека не е во ред:

Изгледа само ние сме прегрејани за првенството, другиве чекаат Шкотите да не напумпаат во Глазгов.:pos:


Другиве (The Others) чекаме победа во Глазгов, победа во Осло, и победа против Пеколните Задници. Ние сме навивачи на Македонија без разлика дали се игра фудбал, кошарка или пинг-понг.

Малце е глупаво да не сум загреан за натпревар кој може да не донесе на чекор од бараж. Обично во оваа фаза за нас квалификациите се одамна завршени. Овој пат за среќа не е така.

Понатаму, со душа ја чекам и кошарката, макар што има една битна разлика: кошаркарите веќе се пласираа на првенство што е успех само по себе. Што направат - направат, никој нема да им замери. Фудбалерите се на тест на своите способности: може оваа генерација да направи подвиг, или не може. Тоа е тоа што го прави возбудлив дуелот.

Енивеј, не гледам како Шкотска може да не „напумпа“. Се што направија тие се двете победи со исланд од по 2:1. Загубија 3-0 од Холандија, 4-0 од Норвешка, 1-0 од нас, и едно 0-0 дома со Норвежаните. Тие всушност, немаат ни гол дадено против никој, освен Исланд. Без разлика како ќе заврши, со нив шансите ни се 50/50.

Во целава оваа збрка за второто место фаворит е Норвешка, но ќе видиме како ќе испадне...
 
Мотивираноста на фудбалерите на овој натпревар ќе зависи само од коефициентот за 2-1 во кладилниците, од ништо друго.:pos:
 
Ве плаќа некој за пишување глупости или природно сте талентирани?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom