Се сеќавате на онаа сцена од Монти Пајтон и светиот грал, кога Артур се бори со црниот витез во шумата? „Никој не смее да помине“ - вели Витезот, по што Артур му ја отсекува едната рака. „Ова е само гребнатинка“ - вели Витезот. Па Артур му ја отсекува и другата рака. „Свежа рана“ - вели Витезот, па Артур му ја отсекува ногата. „Црниот витез секогаш победува!“ - по што паѓа и другата нога.
„Добро де...нека е нерешено“ - вели Витезот.
Цело време во квалификацииве, Барли звучи како кутриот Витез. Кога Шкотска загуби од Македонија, Барли го опиша неговиот тим како „одличен“, и дека брзо ќе го надминат поразот. Кога загуби уште два бода дома, со Норвешка, рече дека е само гребнатинка. Потоа загуби 3-0 од Холандија и рече дека е лош ден, а кога Норвешка не линчуваше со 4-0 во Осло, тоа беше „свежа рана“...