Јас не сум навивач ниту на Металург ниту на Вардар (навивач сум на македонскиот ракомет како целина и веројатно на Пелистер иако одамна не сум во тек со нив со оглед дека живеам во СК) и сигурно дека не знам во којзнае колкави детали, но и нудам едно според мене неутрално мислење. Не велам дека не добиваат шанса македонските играчи, далеку од тоа. Напротив ми се допаѓа тоа кај Вујович што многу повеќе ротира отколку Червар. Велам дека има одредени играчи кои непотребно добиваат преголема минутажа, па дури би рекол и дека не им се потребни на тимот воопшто и истите резултати би ги имале и без нив. Во принцип истото го мислам и за Металург, дека имаат непотребни странци (пр. Батинович, Додер и особено Коражија), ама кај Вардар е според мене поизразено. А исто така и не велам дека не треба да имаме странци во екипите, така значително би опаднал квалитетот. А и не се секирај, јасни ми се сите пристрани пишувања што си ги пишува секој клуб и е нормално, па немој да мислиш дека ова мислење е заради некои "кујни" од Металург. А за примери на според мене "заменливи" играчи на Вардар, за кои има подеднакво добри Македонци или воопшто не се потребни во тимот веднаш ќе ти дадам. Според мене на Вардар не им се потребни странски крила и пикери на пример, па Марковиќ, Раковиќ и Лазовиќ се сосема непотребни, особено не како дел од "првата седморка". Исто така и без Рајкович, па и едниот од Драгаш и Абутович, може да поминат без да има некое посебно влијание на играта. А инаку воопшто не велам дека треба да се заменат Прибак, Карачиќ, Петриќ, Милиќ кои што се потребни и на место.