СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека нема потреба да се дискутира дека заслужено победивме, но далеку дека од тоа дека титулата е одбранета. Јас следев и утакмицата меѓу Загреб и Брест, Загребашите губеа 4-5 разлика на неколку наврати во прво полувреме, но во второ направија целосен пресврт благодарејќи на Степанчиќ кој растураше (се надевам дека Абутовиќ ќе го чува така добро, ко што го чуваше на утакмицата во Кале) и голманот Ивиќ кој фати неколку навистина тешки шутеви кога се кршеше резултатот.
 
почнав да се загрижувам више. Поминаа 5 саати, а ни трага ни глас од ,,навивачиве" на минчолург. Да не им се случи нешто ??
 
Темиве за ракомет се сто пати полоши од темите за ЛШ во фудбал.
Него да не бидам оф топик се надевам дека титулата ќе остане во Скопје а и дека Металург ќе ги поправи грешките за мечот во ЛШ.
 
почнав да се загрижувам више. Поминаа 5 саати, а ни трага ни глас од ,,навивачиве" на минчолург. Да не им се случи нешто ??

Можеби уште патуваат, далеку е Автокоманда. ;)
 
Заслужена победа на Вардар. Червар премногу калкулантски и со неколку чудни одлуки како да го поремети ритамот на Металург. Најзаслужен за победата според мене беше Милич кој реално го надигра Станич.

Големиот број на повреди кај Металург се донекаде причината за оваа победа на Вардар (да не се лажеме Марковски, Миркуловски и Манасков и тоа како се важни алки кај Металург и менуваат многу), но мислам дека не држи вода тоа дека не биле уиграни овие кои играа. Козлина, Додер, Левов, Батинович се изнаиграа во СЕХА. Можеби Миркуловски-Мојсовски-Вугринец беа форсирани во лига на шампиони но во СЕХА сите добија солидна минутажа. Едноставно не се толку добри играчи за да можат да го победат овој Вардар. Вардар е солидна екипа иако сеуште мислам дека непотребно се форсираат некои странци кои не се ништо подобри од македонците во Вардар. Во секој случај како и многу често досега, Вујович ќе мора да поработи на ментална подготовка на неговиот тим, премногу често им се случуваат вакви ужасни падвои на концентрација.

Реално многу подобра утакмица од Загреб-Мешков Брест. Особено во одбрана ми се чини дека Металург и Вардар се за класа подобри од овие две екипи.

Во секој случај добро е за македонскиот ракомет што има едно вакво дерби, од емоции до квалитет.

За крај, морам да кажам срамота за Пиратите со фрлените предмети на теренот и кон клупата на Вардар. Исто така, недозволиво лошо организиран натпревар од страна на Вардар (кој ако не грешам го организира официјално Фајнл-форот). Па не може да нема полиција покрај навивачите на едно вакво дерби и да се дозволи тренерот на едната екипа заедно со дел од играчите да изиграваат редари. Додека ова не се среди којзнае колку напред реално не можеме да одиме.
 
Пак со тоа дека Вардар форсира странци помалку квалитетни од македонците што ги има у состав :facepalm:
Ракометни стручњаци ај просветлете не и кажете кои се тие?

И што ги спомнувате Пирати, срамота е они да се нарекуваат навивачка група, тоа се едни туристи, кои залуутуваат на утакмици....
 
За крај, морам да кажам срамота за Пиратите со фрлените предмети на теренот и кон клупата на Вардар. Исто така, недозволиво лошо организиран натпревар од страна на Вардар (кој ако не грешам го организира официјално Фајнл-форот). Па не може да нема полиција покрај навивачите на едно вакво дерби и да се дозволи тренерот на едната екипа заедно со дел од играчите да изиграваат редари. Додека ова не се среди којзнае колку напред реално не можеме да одиме.

Одлична организација дур не се појавија пиратчињата на кој им е дозволено да прават нереди зашто во првите редови имаат партиско обезбедување па полицијата неможе да реагира. Откако полицијата не реагира, реагираа тие што пробуваа да ги испровоцираат. Се на се и 1000 полицајци да имаше истото ќе беше, во оваа држава некој се заштитени ко бели мечки некој се дежурни виновници за се.

Се на се инцидентот позитивно делуваше на металург кој тие неколку мин прекин здивнаа и ја намалија предноста.
 
http://www.rkmetalurg.mk/prepoznatliv-stil-foto-nova-makedonija-igor-banskoliev/

И што да се искоментира повеќе на ова. Беда и мизерија тешка, а и баш објективно новинарство од потрчковците на Минчо. И како да имаш било какви симпатии према нив после.
Како капак на се и ова:
Што се однесува до организацијата на средбата, не видовме ништо ново. Дваесетина редари и петнаесетина полицајци, сомнително малку за меѓународен турнир и тензичен натпревар во сала со две силно спротиставени навивачки групи. Повторно летаа ленти, запалки и монети, повторно вардаровите навивачи бараа пресметка, повторно полицијата замавнуваше со палки… Но веќе навикнавме. Очигледно таков им е стилот. Како што видовме и порано, во СЕХА тоа минува, но само во СЕХА.
Еден пораз мушки не можат да прифатат. Се нешто им пречи на уцвилените звезди!
 
Од она што можам да прочитам, ништо од унгарските тимови во СЕХА за идната сезона (сакале да бидат три екипи и секоја втора година во Унгарија да е фајнл форот), ништо од Пелистер (освен ако мистериозно се протнат како 12та екипа-во какви односи е Пелистер со Михајловски и Начевски?) и празни ветувања за излез во Европа преку СЕХА. Во превод идната сезона ништо ново (освен две просечни српски екипи).

Тоа што македонец е сега на чело на лигата претпоставувам дека е позитивно за македонскиот ракомет, ама со оглед дека оската Михајловски - Начевски беше на чело на најлошата ракометна федерација досега, искрено не знам колку е тоа добро.

Да се надеваме дека ќе смислат решение наскоро со 14 екипи, 3 од МКД, 3 УНГ, 2 ХРВ, 2 СРБ, 1 ЦГ, 1 БИЏ, 1 СЛЧ, 1 БЕЛ, односно и појака лига со унгарците, а со само една од салбите босански екипи и со Пелистер на кој и тоа како му е потребна оваа СЕХА лига.
 
Вардар е солидна екипа иако сеуште мислам дека непотребно се форсираат некои странци кои не се ништо подобри од македонците во Вардар. Во секој случај како и многу често досега, Вујович ќе мора да поработи на ментална подготовка на неговиот тим, премногу често им се случуваат вакви ужасни падвои на концентрација.
Пријателе, во Вардар сите играчи добиваат шанса, никој не е запоставен, па така ни Македонците во однос на странците. Остај ги тие манипулации од кујните на Металург дека Вардар не им давал шанса на домашните играчи, а уствари голем дел од нивните Македонци ја грејат клупата или добиваат незначителна минутажа.
 
Јас не сум навивач ниту на Металург ниту на Вардар (навивач сум на македонскиот ракомет како целина и веројатно на Пелистер иако одамна не сум во тек со нив со оглед дека живеам во СК) и сигурно дека не знам во којзнае колкави детали, но и нудам едно според мене неутрално мислење. Не велам дека не добиваат шанса македонските играчи, далеку од тоа. Напротив ми се допаѓа тоа кај Вујович што многу повеќе ротира отколку Червар. Велам дека има одредени играчи кои непотребно добиваат преголема минутажа, па дури би рекол и дека не им се потребни на тимот воопшто и истите резултати би ги имале и без нив. Во принцип истото го мислам и за Металург, дека имаат непотребни странци (пр. Батинович, Додер и особено Коражија), ама кај Вардар е според мене поизразено. А исто така и не велам дека не треба да имаме странци во екипите, така значително би опаднал квалитетот. А и не се секирај, јасни ми се сите пристрани пишувања што си ги пишува секој клуб и е нормално, па немој да мислиш дека ова мислење е заради некои "кујни" од Металург. А за примери на според мене "заменливи" играчи на Вардар, за кои има подеднакво добри Македонци или воопшто не се потребни во тимот веднаш ќе ти дадам. Според мене на Вардар не им се потребни странски крила и пикери на пример, па Марковиќ, Раковиќ и Лазовиќ се сосема непотребни, особено не како дел од "првата седморка". Исто така и без Рајкович, па и едниот од Драгаш и Абутович, може да поминат без да има некое посебно влијание на играта. А инаку воопшто не велам дека треба да се заменат Прибак, Карачиќ, Петриќ, Милиќ кои што се потребни и на место.
 
Еве пелистер кој го спомнуваш си игра со македонци... Колку разлика мислиш ќе биде сега кога ќе играме со нив? 20?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom