СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Веселин Вујовиќ е фантастичен тренер, мислам дека за него е многу подобро да не оди у Катар. Или нека остане у Вардар ако овие имаат поголеми амбиции или нека замине во јак европски клуб.

Значи ракометот во мал прст, и тоа модерен, убав за око. Летаа по терен играчите. :cuc:

Е сеа, до душа тоа и ги чинеше шокови на крајот. Истата приказна од со Мадебург, паднаа во последните моменти, ќе беше премногу болно за нив и овојпат така да отпаднат, голема лузерска аура ќе добиеја.

Мора да одреди еден период од утакмицата каде што „ќе укочат“ за да бидат свежи на крајот, вака самите си заебаа три напади, со лоши додавања.

Кај Металург очигледно отсуството на Миркуловски и особено Велко у одбрана, мислам дека неговото отсуство беше клучно за низата лесни голови на Вардар. Георгиевски и Наумче лоши. За Коражија не треба ни збор да се пише, некои тука го рамнеа со Мансков, нали... :pos:

Кој и да поминеше од нашиве екипи сигурно го тепа Загреб, така да мислам дека Вардар е со една рака на одбрана на титулата.

Сега останува да видиме со што ќе се правда Гревче Китевски. :нинџ:
 
Му се удри од глава тоа што Лино цела сезона игра сп Миркуловски-Мојсо-Вугринец по некој добри 50 и кусур минути, а не му дава шанса на Батинович, Левов, Додер во напад, и сега кога ќе дојде во криза со повреди курле му е крив, знам оти ова го кажа и Клинчаров, ама јас уште од поодамна велев оти мора да ги одмара овие тројца, друга работа кој к*ур Коражија играше 50тина кога не беше продуктивен во напад, на таков анемичен напад со повредени уморени играчи, Коражија плус да игра е еднакво на пропаст, големо чудо е како се врати Металург, и не треба да биди никакво оправдување повредите, и "штедењето" (кое воопшто го немаше) за натпреварот со Киелце....ако играат вака со Киелце ќе изгубат со добри 6-7 гола разлика....честитки до Вардарци за заслужената победа, уште на самиот почеток се виде оти знаат што сакаат
 
Не е до Столе тоа со формата, имам пишано, наредниве година две нема да има баш константна форма, ама ќе помине се.
Ок, ми текна, добро е што изигра добар меч. И добро е што проблемот кој го имал може да се „среди”
 
Заслужена победа на Вардар,требаше да добијат најмалку со 3 разлика...
Незаслужено и голема спортска неправда ќе беше Металург со ваква мизерна игра да остани непоразен....
Калкулантски Лино влезе во мечот,премногу тактички грешки,непотребна одбрана,премногу дупки се создадоа на 5-1 зона,реално е шо се плашеше од Прибак,но да се игра фластер на него?:tapp:ја разводни одбраната,Вардар ги изрешета.... толку лесни голови одамна не примиле....
Цела вина оди на Лино,тотално беше надмудрен од Вујо....
Не знам само шо мислеше Лино со тие измените?ја испретури цела зона....
Игра со Станиќ и Мојсо цело време....Вугринец го игра цело прво полувреме,баш кога најмногу требаше го извади,па после на -5 пак го враќа....
Мандиќ го игра?Козла?:tapp:Имаа тие шанси да играат на неважните мечеви....
И навистина треба да му се забрани доживотно да се заминава со ракомет(или со менаџерство)на човекот кој ги излажа да го донесат Коражија...па поголемо дрво никогаш не дошло во нашата лига....камен....исто како со играч помалку да играат....
Добро кажа Клинчаров,малку се изгуби Лино во последно време....ги форсираше на неважни мечеви Мојсо,Миркуловски наместо на тие мечеви да играат измените....и за шо?за џабе....
Според мене,виновник за овај пораз е Лино,шо не го спреми доволно мечот,шо влезе во мечот како да се работи за меч со Извиѓач,а не за полуфинале на Сеха...
Како и да е,заслужена победа на Вардар,повеќе ја посакуваа победата....
Друга работа..
Многу слаба организација..:tapp:
Левче пак урла,пак е во свој елемент,исто како наша лига да гледаме....тегнење на судии,плачење....
Полицијата очај,никакво обезбедување,јас не знам како е можно онака слободно да се спуштат Комити речиси до противничка трибина....
Посетата премногу под очекувањата,речиси полупразна сала...да не беа Комити ќе беше очај....
Пирати подобро и да не влегуваа,само се избрукаа со фрлањето на предмети....
 
Сепак Столе мора да иде у странство ако сака да стане класа играч. Ако остане дома ќе биде Наумче vol.2. Не можеш да бидеш врвен спортист со македонско-кафанскиот живот. :)
 
http://www.mkd.mk/sport/rakomet/vujovikj-razocharan-sum-od-lino-chervar

Медолино само потврдува дека е нула од човек и не знае да прифати пораз! Клошар со тапија!
Ова го кажува човекот кој цела своја играчка и тренерска кариера се тепа со судии и играчи? Немој жити се, точно дека е кукавички да не се појавиш на прес, ама ако Червар е клошар, незнам што треба да е овој.

И пошто сега одма ке се појават вжештени фанови на Вардар и ке се докажуваат со мене, одма да кажам дека не сум нит фан на Металург нит на Вардар, ова е само неутрално мислење.
 
^ Червар за жал почнува да се вклопува во простотилакот на управата на Металург, иако и он како и Вујовиќ не бил цвеќе за мирисање и честно знаел да пукне и да се кара со судиите, сепак има големо европско реноме.

п.с. овој Милиќ 15 одбрани, изгледа Бојана Атанасовска го средила дома. :icon_lol:
 
Ајде ајде, далеку е Червар од Вујовик, друго е карање друго е тепање. Туку во право си за Металург, конкретно за овој Левче или како и да се вика. Го гледав на онаа праисторискана емисија на легендарниот Бошко Трпески :D, и прикажаа 10тина минути од собранието на РФМ кога го назначија Мукаетов. Беше таму некојси србин или хрват како почесен гостин и награда му доделија за некакви заслуги на него и замисли пред него кретениве се испокараа :eek:. Од една страна овој Левче од друга Начевски, мислам и Михајло беше и уште некој. Абе сељачење до максимум, можам да замислам што се дешава кога немаат гостин :facepalm:. Поубаво овој Мукаетов нека си собере од Алкалиод тоа фармацевтите нека ги стави у одбор на РФМ него ли овие малоумниве...
 
^ Червар за жал почнува да се вклопува во простотилакот на управата на Металург, иако и он како и Вујовиќ не бил цвеќе за мирисање и честно знаел да пукне и да се кара со судиите, сепак има големо европско реноме.

п.с. овој Милиќ 15 одбрани, изгледа Бојана Атанасовска го средила дома. :icon_lol:

Ја видов Бојана со една другарка седнала на трибина со Комитите си викам што прави оваа тука кога ќе почнат сите да урлаат.И само што почна мечот сите станаа почнаа да се дерат виде не виде се премести подоле :pos::pos:
 
Ајде ајде, далеку е Червар од Вујовик, друго е карање друго е тепање. Туку во право си за Металург, конкретно за овој Левче или како и да се вика. Го гледав на онаа праисторискана емисија на легендарниот Бошко Трпески :D, и прикажаа 10тина минути од собранието на РФМ кога го назначија Мукаетов. Беше таму некојси србин или хрват како почесен гостин и награда му доделија за некакви заслуги на него и замисли пред него кретениве се испокараа :eek:. Од една страна овој Левче од друга Начевски, мислам и Михајло беше и уште некој. Абе сељачење до максимум, можам да замислам што се дешава кога немаат гостин :facepalm:. Поубаво овој Мукаетов нека си собере од Алкалиод тоа фармацевтите нека ги стави у одбор на РФМ него ли овие малоумниве...

Колку и да го сакаме тоа, тешко дека таквите штетници ќе се тргнат од раководните фунцкии, не само во ракометот, туку во кој било спорт. Мене лично воопшто не ми зависи од кој клуб е раководството ама треба да се понаша неутрално кога се работи за репрезентација.

Инаку, ќе имало и натпревар за трето место? Не ја сфаќам потребата за тоа, коа не се решава за место кое би водело некаде.

Тек сеа им е оправдано на Металург да играат со младинците. А денешниов натпревар е сосема идиотски да го сметаат како пречка за со Киелце. Со играње на ваков јак натпревар може само да се подобрат, има уште цела недела до Киелце, немаа повреди, имаат време да се одморат, ова им беше одличен тест.
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Каква победа.
Вештачкиот клуб денес изидшан у секкава смисла, нека се вадат сега демек тактизирале нека плачат пак на лоша организација усвари нека плачат колку сакаат ништо не ги оправдува.Сонародниците на ЛИно пробува цело време да говратат во игра и на крај им успеа плус со мала помош од нашите игрчаи кој направиа и неколку грешки, и да ова не е ништо уште не знаат што ќе ги чека у Кале во псоледното коло од лигата.
Навивањето топ, одлична борјка околу 1500 души.
Да прашам нешо каде ги снема навивачите на Метларуг бе во сала може 70 наспрема 30 во навивачи за Вардар излеа се отворила дупка во змејата и ги проголтала.
И за крај штета што пак им дозволивме да изгубат со минимален пораз требаше да ги дотепаме, а ние ги вративме во игра исто како у Кале па мораше на крај пак да се вадиме ќе умрев на трибина.
 
Со мераци го гледав дербито,право дерби нема што и кеф ми е што две македонски екипи прават регионално-балканско дерби,секоја чест :cuc: И вардарци да намалат малце со омаловажување на сметка на Металург,вештачка екипа биле,вакви такви , да не е Металург ни тие нема да се тоа што се,вака си потпомагаат едни на други на некој начин,како тежа и контратежа во МК ракометот.
 
Уште еден минус за Лино...
Не знам по кој пат ова го прави,на прес го пушта Сајкалот....
Срамота и недостојно за еден фајнл-фор на Сеха Лигата....
Непрофесионално...голем тим ваков лапсус не дозволува....
Колку и да не чини Вујо во карактерот,правел ексцеси со судии,играчи,делегати,барем никогаш вака не се брукал...
Нормално право на тренерот е да не се појави на прес,и Мурињо вака прави некогаш во Реал,не е ова новост...
Ама сепак ова е Македонија,за тие купишта пари кои ги зема од Минчо,за таа популарност која ја ужива овде овие потези не му се рационални...напротив го поткопуваат неговиот авторитет.....
Кога знае да дава интервјуа кај ќе стигни,кога оди на партиски кампањи(случајот во Велес)е па братко ќе се појавиш на прес и ќе образложиш зошто калкулираше,зошто тактиката беше тотално промашена и на крај ќе го признаеш поразот машки,а факт е дека денес го сркнаа салам,Металург не заслужи минимален пораз,.....
Како играа денес прашање е дали и да беа комплетни ќе направеа нешто...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom