Serie A 2026/27

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Интер

  • Наполи

  • Рома

  • Комо

  • Милан

  • Јувентус

  • Аталанта

  • Лацио

  • Фиорентина

  • некој друг


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
па убаво ти пишав, Бешикташ не одтави простор за некој друг клуб да делува, кој клуб би се натегал кога бешикташ понудил 20мил за играчот и 10мил нето плата?

Да не беше бешикташ или некоја друга турска или саудиска екипа загризале за Тросард ќе се појавеа европски екипи кои ќе платеа 15мил и ќе му дадеа по 5мил на 3 години, што за 31 годишен со последна година од договорот и не е малку.
Тоа само го потврдува муабетов што ти го зборам.. Рома му понуди на Гринвуд 5мил, дојде фенербахче и му даде 8-9, да му дадеше у старт толку, рома немаше ни да го губи времето.. и тоа ми е поентата на целиот муабет, дека лигата не е појака од италијанската, ама дека зимаат само истрошени играчи и тоа полека од година на година не е точно..
Јас брат све те разбирам, ама тоа што Турците имаат моментално платежна моќ не ги прави подобри од Италија. Сфаќам дека не збориш за лигите, ама ти ги набројав горе играчите што одат во Турција и зошто одат.

За сериозни играчи лигата не е предизвик, еве зошто Лаутаро не го земат ако се толку моќни? Зошто не го земат Белингам? Или наброј било кој квалитетен играч... Затоа што таа лига може да е предизвик само за умрени играчи или за играчи кои се во залезот на кариерата. А зошто е тоа така? Зашо плаќаат така што заобиколуваат 300 закони, затоа и јадат казни од УЕФА. Логично е ако се викаш Леандро Тросар, имаш 32 години и си во последна година од договорот со Арсенал, а притоа си им играч за ротација, да сакаш да прифатиш 10м по сезона од Бешикташ, зашо во спротивно од Арсенал следна година ќе добиеше 3-4 пати послаба понуда, а може и немаше воопшто да ја добие и ќе си заминеше како слободен играч. Вака ем голема плата, ем лабава лига, наредени му се сите коцки во животот.

Нормално, има исклучоци како Осимен или Гринвуд, ти кажав погоре зошто.
 
Вртете ја како сакате, турската лига е сериозен предизвик за италијанската. Еден куп фудбалери, кои што ќе завршеа во Серија А и ќе беа засилувања и носители, првотимци, во клубови кои се борат за висок пласман, отидоа таму поради поповолни услови.


А тоа што се умрени или не знам какви, уште помалку оди во корист на Серија А. Ако се паметни, ова треба да ги натера да бараат ново начин на работа како да дојдат до квалитетни фудбалери, како да создадат.


А колку и да ја плукам, почнува по малку и да се менува, барем има повеќе клубови, кои пробуваат нешто да променат, порано беше само Аталанта.


Освен Комо, со кој веќе почнаа сите да замараат, Фиорентина со Гросо и Паратичи е исто интересен проект за следење. Има нови млади италијански тренери како Аквилани во Сасуоло, кој би требало да игра модерен фудбал.


Ќе биде интересно да се види како ќе продолжи Гасперини со Рома, на што ќе личи Милан со Аморим и Аталанта со Сари. Спалети каков и да е, исто сака да игра атрактивен фудбал. Болоња која се покажа како солиден проект исто влегува во ново поглавје, со нов тренер.


Така да, иако веќе се знае шампионот, има причини да се гледа и барем пред да започне да се надеваме дека ќе биде интересна.

Но, голем проблем можат да бидат едно десет клубови од долниот дел на табелата, колку од нив воопшто ќе имаат амбиција да играат нешто, а уште поголем проблем е колку воопшто ќе имаат квалитет да бидат незгодни за екипите од врвот. Парма, на пример, пробува да работи со млади фудбалери откако се врати во Серија А, може да биде различен и позитивен пример.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom