Што знам, вака на хартија гледано, Серие А е полоша годинава од играчки аспект (си отидоа најдобрите 2 играчи, глобално препознатливи ѕвезди, може и единствените топ 10 играчи во свет до тој момент од Серие а), ама од друг аспект е подобрена - во смисла што оваа сезона сите екипи од топ 6 (+ Аталанта), имаат сериозни тренери, за разлика од лани каде Јувентус и Наполи беа предводени од Гатузо и Пирло, а Рома со некој тежок експеримент.
Иако, долниот дел од табелата имаат крајно сомнителни тренери кои најчесто се менуваат како чорапи.
Иначе да, лигата на терен гледано знае да биде тежок очобол. Од бруто 90 минути, гледаме нето (активна) игра и тркалање на топка, некои си 60 во просек. Другото по 30 секунди прекини се изведуваат и време иде во све само не во активна игра.
Првите 8 клубови од лигата играат некој професионален фудбал, и се борат за нешто (макар и за Европа Лига). Другото е принцип на функционирање - најди некој балкански/аргентински талент, изгради го како играч до 23 години. Продај го за 40че на некој побогат клуб. И така кубурат. Не се борат за ништо, никад. Само преживуваат буквално, се дур не извадат некој млад играч и го шитнат негде надвор.
Добро, ете Аталанта се среди како клуб и треба да служи за пример на другите, ама ретко кој го копира тој принцип на работа. Башка што играат "aтомски фудбал".
Ама има пример на Сампдорија... 5 играчи од прв тим се над 33. Амбиции на клубот - горна половина и се на коњ. Што да се каже
И ете, ќе си го продадат Дармсгард кај и да е (ваљда) за 30-35 милиони и ќе си купат уште 2/3 години и повторно така во круг. Вакви случаеви еден куп.
Инфраструктурата, стадионите пред се - на ниво на League 2 во Англија, особено слабите екипи.