Serie A 2021/2023

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Уопште не е сезонава феил за Интер, 2 титули, пројдена група у ЛШ и загарантирано 2ро место после егзодусот летово, каде заминаа 3ца класа првотимци и замената на Конте со неискусен тренер. Дали можеше (и уште може) повеќе? Да. Дали е ова феил? Апсолутно не.
Егзодус не егзодус најјак тим имаа годинава, главни фаворити за титула беа. И Јуве имаа егзодуси кога доминираа ама пак освојуваа наредната година. Ќе фејлне интер на велико ако не земе Серија А ама ај нека ви биде.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
интерашиве до некни пропаѓаа, се тешааа... сега нешто сила добиле, гледам после купот и знаци за титула во Серија А се јавуваат, а до некни се збогуваа со неа :facepalm:

Честитки до судиите, редно беше и они да освојат некоја титула.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Егзодус не егзодус најјак тим имаа годинава, главни фаворити за титула беа. И Јуве имаа егзодуси кога доминираа ама пак освојуваа наредната година. Ќе фејлне интер на велико ако не земе Серија А ама ај нека ви биде.
Aха, губење на тренер, и тоа не било кој, најдобро ти треба да знаеш кој е Конте, губење на играч што даваше над 30 гола 2 сезони по ред а алтернативата му е Џеко, губење на Ериксен и Хакими, у пакет со Лукаку, незаменливи играчи ако се земе у предвид нивниот квалитет, и сеа ти да го окарактеризираш ова ко тежок фејл ако не земеле Скудето ... океееј. :)
Ова само човек со елементарно непознавање на приликите во фудбалот како спорт би го земал ко тежок фејл, толку тежок фејл што дури и ко актуелни прваци на Италија не беа фаворит за скудетото според сите обложивалници на планетава, Јуве таму предничеа така да ова ти е уште еден измислен муабет дека биле главни фаворити за титула.

Разочарување, да, нормално, од навивачки аспект, ама фејл ... претеруваш, онака апла.

Фејл е сезонава на Јуве, на тие инвестиции и играчи и тренер како и очекувања пред сезона со 0 титули се на крајот, издоминирани дома и посрамени од Виљареал во ЛШ каде исто беа фаворити, полоши се од оној Јуве на Пирло, по број на голови заостануваат зад просечни тимови или па се израмнети со мртви екипи ко Удинезе, потсети се што пишуваше пред старт на сезона за истиов јуве на крај краева, а каде се сега истите тие јуве сега.

Ако ова на Интер е фејл а притоа не ни беа главен фаворит за титулата (што под дифолт ти го побива муабетот) што е ова на јуве тогаш, а тоа што таквиот егзодус од летово го карактеризираш ко мех муабет во најмала рака е смешно зашто до наредна година да мислиш, нема да ти текне на барем 1 клуб од јакиве првенства што во такви прилики освоил лигашка титула, еден еве пример најди, ископај од некаде. На сила наметнувате некој муабет безвезе, а доволно го познавате овој спорт за да знаете дека тоа не е точно колку и да сакате да е.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524

Еве ти брат, барем на почетните страни лесно е да се најдат мислењата на Гарфилдчо.
Значи од допирање на дното во Август и "ич не им е добра ситуацијата во никој случај", до голем фејл ако не освои Серија А на две кола до крај и негатива од 3 бодови (3 заради меѓусебниот дуел на Интер и Милан)

најбитни 3 карики у тим ви отидоа ти за Јуве што не зел ништо се фаќаш и ќе ги споредуваш со дното што Интер го допира по една таква шампионска сезона? Никој не рече дека се распаѓа Интер, ама не им е добра ситуацијата у никој случај. Ќе бидат конкуренти секако и годинава, ама дека го раштимаа шампионскиот тим од лани го раштимаа и те како.

Бонус :

1652351320351.png

hhhhhh интересен хинт. Пирло е измислен за ова грблево, ама добро, според Ариго Саки, Интер е тој што игра старомоден фудбал.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Гарфилд пред сезона

Дечко, најбитни 3 карики у тим ви отидоа ти за Јуве што не зел ништо се фаќаш и ќе ги споредуваш со дното што Интер го допира по една таква шампионска сезона? Никој не рече дека се распаѓа Интер, ама не им е добра ситуацијата у никој случај.
И уште нешто, не знам колку сте свесни ама Јуве и без ниеден играч купен (засега), пак е значително појак од лани. Хинт > (слика со Алегри )
Конте, Лукаку и Хакими ви беа повеќе од пола екипа, не знам зашто упорно го негираш тоа
Ова му доаѓа ко сеа Јуве да ги продаде (и да не им најде соодветна замена успат) Роналдо, Киеза и Алегри, а Интер да не продадеше никого а да купи стартер (нешо налик Локатели шо ќе биде у Јуве) и ја да пишам како бе само Јуве е у гомна, види ги Интер цело лето ништо не купија, цело лето се тегнат за еден играч стартер да купат.

Гарфилд на крај од сезона:
Егзодус не егзодус најјак тим имаа годинава, главни фаворити за титула беа.
Иначе Јуве дека ќе освои 1.5 било, за Интер над 5, пред старт на сезона.

Tи викам, ни сам не веруваш у ова, и без овој муабет можеш да не ребраш ете иако јуве се тие што фејлнаа, не Интер, али не претерувај со глупиве муабети за некакви фејлови.

п.с. У ист момент ставивме со комрадот интерашки, али небитно, нека тлее.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Една од најзабавните работи во светот на фудбалот воопшто е кога навивачи на Јувентус кукаат за судиски одлуки.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.774
Поени од реакции
13.437
1,5 беше пред да им избега Роналдо, како старлета од Задруга.

Јуве без Роналдо и Киеза (поради повреда), исто е друга екипа. Лани без еден од нив немаше ЛШ да видат.

За Милан се пишуваше дека изгубил двајца првотимци и дека се ослабени, а веќе, нели беа послаби. Хакан сега е првотимец кај вас и презадоволни сте.

Не е Интер единствениот што доживеал удар, а притоа биле убедливо најдобри. Милан и Јуве изборија место во ЛШ во последно коло, Интер издоминира лесно до прво место.

Да не збориме што на дербито Интер требаше да ја запечати титулата, а Милан да се мачи некако до крај за место во ЛШ.

Освен два-тројца, што беа покритички настроени, сите други беа убедени во доминација и лесно освоена титула. Особено фановите на Инзаги, кои сега се најголеми релативизатори и подготвуваат терен дека и второ место е успех. :D

П.С. За мене веќе би било разочарување Милан да не освои титула, може да се каже и неуспех, не катастрофа, но добар неуспех. За Интер е ова помножено со 10, а и повеќе.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
@Hm_Hm, Милан лесно ќе ја плесне Аталанта. Кога се дискутираше „тешкиот распоред“ месеци наназад, никој не очекуваше дека Аталанта и Сасуоло ќе бидат волку умрени. Четири бода од шест можни се прелесен залак за Милан во моментов, а мислам дека двете ќе ги добиете.

Сезоната се прекрши на дербито кое го изгубивме почетнички. Тука Интер можеше да стави точка на сезоната. Сега можеме да прославуваме купови и тоа е тоа.

Инаку секоја чест на кој и да е што ги измотивирал нашиве да бркаат до последно коло, и се надевам дека ќе сме сведоци на една од оние ситуации во кои до самиот крај нема да биде решен победникот.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
1,5 беше пред да им избега Роналдо, како старлета од Задруга.

Јуве без Роналдо и Киеза (поради повреда), исто е друга екипа. Лани без еден од нив немаше ЛШ да видат.

За Милан се пишуваше дека изгубил двајца првотимци и дека се ослабени, а веќе, нели беа послаби. Хакан сега е првотимец кај вас и презадоволни сте.

Не е Интер единствениот што доживеал удар, а притоа биле убедливо најдобри. Милан и Јуве изборија место во ЛШ во последно коло, Интер издоминира лесно до прво место.

Да не збориме што на дербито Интер требаше да ја запечати титулата, а Милан да се мачи некако до крај за место во ЛШ.

Освен два-тројца, што беа покритички настроени, сите други беа убедени во доминација и лесно освоена титула. Особено фановите на Инзаги, кои сега се најголеми релативизатори и подготвуваат терен дека и второ место е успех. :D

П.С. За мене веќе би било разочарување Милан да не освои титула, може да се каже и неуспех, не катастрофа, но добар неуспех. За Интер е ова помножено со 10, а и повеќе.
Ја промашуваш поентата на муабетот. Никој нема да се мава у гради со тоа второ место, муабетот е дали клуб кој изгубил низа играчи и тренер окарактеризирани у муабетот погоре ко пола тим, што е и апсолутно точно, под дифолт фејлнува ако не освои голем трофеј. Ваков пример у нашата ера на гледање фудбал ретко имало, губеле тимови тренери и пак освојувале титули, ама тренер плус играчи кои све на све директно и индиректно учествувале у над 50 голови таа сезона и јаче, маломорген.

Точно е иначе дека и Милан беа во проблеми, правевме муабет пред некој ден ти реков, пак Интер за нијанса според мене е подобар на хартија, ама у никој случај не би го окарактеризирал евенуталното несвојување на скудето како фејл, нити пак второто месот како успех, али све ако земам во предвид, ќе имам разбирање за таквиот развој на работите, логичен епилог до некаде би било и тоа, да не навлагам подетално зашто е тоа така.

Е сеа ако Милан изгубат викендов тогаш можеме да праиме муабет дека ваква нова шанса за Интер да не се искористи би била фијаско, реално за мене лично би била, тогаш веќе Инзаги ќе треба главата од ѕид да си ја треска ради пропуштената прилика.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.298
Јас имам проблем со она на Брозовиќ, немаше карактер таму Валери да му залепи втор жолт и да го испрати на туш порано.
И сам си свесен дека во Европа не постои судија што дава два жути у иста секунда. Јас барем не се сеќавам на ваков пример а имало доста ситуации кога заслужувале да покажат во вакви ситуации. Оној од Англија му рокна 2 жути на Мартинели ама тоа не е баш иста ситуација како оваа вчера.
Во Јужна Америка на пример, редовна пракса е вакви дупли жути у иста секунда да покажат.

Иначе Брозовиќ е ненормален човек со тоа селско шутирање топки после свиреж. Редовна пракса му е на сите утакмици. Глупо створење. И после пред пеналот над Де Фрај ја зема и официјално ја намести на пуна и ја дувна у трибини.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
И сам си свесен дека во Европа не постои судија што дава два жути у иста секунда. Јас барем не се сеќавам на ваков пример а имало доста ситуации кога заслужувале да покажат во вакви ситуации.
Ме заебаваш така?
Многу случаеви има во текот на сезоната, дури и во Серија А. Без разлика дали е жолт па втор жолт или жолт, па директен црвен.

Проблемот е што ја релативизирате ситуацијата, а на пример тоа да го направеше Рабио ќе кукавте на велико дека Интер е оштетен и дека клучно е влијанието врз резултатот.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.253
Поени од реакции
5.221
И сам си свесен дека во Европа не постои судија што дава два жути у иста секунда. Јас барем не се сеќавам на ваков пример а имало доста ситуации кога заслужувале да покажат во вакви ситуации. Оној од Англија му рокна 2 жути на Мартинели ама тоа не е баш иста ситуација како оваа вчера.
Во Јужна Америка на пример, редовна пракса е вакви дупли жути у иста секунда да покажат.

Иначе Брозовиќ е ненормален човек со тоа селско шутирање топки после свиреж. Редовна пракса му е на сите утакмици. Глупо створење. И после пред пеналот над Де Фрај ја зема и официјално ја намести на пуна и ја дувна у трибини.
Ренато Санчез прошло коло мислам доби два жути у две секунди исто ради курчење.....поблаго него вчера Брозович.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Не ми се оправа на големо и широко, се земено во предвид како се одвиваше сезонава сметам дека е фејл за Интер ако не освојат. Мое мислење. На почеток на сезона да ми речеше некој Интер 2 ќе заврши ќе речев ок, не е невозможно и неуспех со оглед на промените. Милан мн проблеми имаа и со повреди и со се, судисли одлуки сумливи еден куп против нив. Исто и пред почеток очекувањата од Јуве беа поголеми, ама го продадоа ЦР и не го заменија, најкакиот играч им се повреди цела година, плус еден куп други повреди, останатите пружаа слаби партии и се останато. Накратко, Јуве фејлна годинава. Интер е послаб од лани со продавањето на Лукаку и Хакими и одењето на Конте и тоа си стои и сите се сложуваме ама ипак во моментов сметам дека се земено у обзир фејл ќе е ако не земат.

Да додадам, секоја чест и кредит за Милан доколку освојат, да не звучам дека само ради другиве што потфрлија они би освоиле. Напротив, најзаслужено ќе е бидејќи се најдобри засега.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.774
Поени од реакции
13.437
Ја промашуваш поентата на муабетот. Никој нема да се мава у гради со тоа второ место, муабетот е дали клуб кој изгубил низа играчи и тренер окарактеризирани у муабетот погоре ко пола тим, што е и апсолутно точно, под дифолт фејлнува ако не освои голем трофеј. Ваков пример у нашата ера на гледање фудбал ретко имало, губеле тимови тренери и пак освојувале титули, ама тренер плус играчи кои све на све директно и индиректно учествувале у над 50 голови таа сезона и јаче, маломорген.

Точно е иначе дека и Милан беа во проблеми, правевме муабет пред некој ден ти реков, пак Интер за нијанса според мене е подобар на хартија, ама у никој случај не би го окарактеризирал евенуталното несвојување на скудето како фејл, нити пак второто месот како успех, али све ако земам во предвид, ќе имам разбирање за таквиот развој на работите, логичен епилог до некаде би било и тоа, да не навлагам подетално зашто е тоа така.

Е сеа ако Милан изгубат викендов тогаш можеме да праиме муабет дека ваква нова шанса за Интер да не се искористи би била фијаско, реално за мене лично би била, тогаш веќе Инзаги ќе треба главата од ѕид да си ја треска ради пропуштената прилика.
Ти водиш ваков муабет константно од почеток на сезоната до сега, мене ми беше муабетот повеќе за другите кои се држеа до поинаков наратив, а сега релативизираат. Да земе некој да ги цитира како ти овие од Јуве, ќе се види убаво.

Иако и ти го ублажуваш малку евентуалниот неуспех. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom