Зашто играч како Хакан не би бил добра опција за 6 милиони евра вкупно?
Марота си изигра перфектно тука, за 6 милиони си доби солиден играч. Него Милан искочија „ебаната странка“. Си го изгубија главниот плејмејкер за точно 0 евра. Поточно главниот нивен плејмејкер отиде во градскиот ривал за 1 милион некаде поголема плата, која што клубот не сакал ваљда да му ја даде.
Околу тоа каков е Хакан не навлагам, малце го имам гледано во живо во Милан, нешто повеќе по хајлајтси итн. Но не заборвај, Хакан ви беше ГЛАВЕН ПЛЕЈМЕЈКЕР. Тие муабети дека Хакан бил флегма или сл. повеќе зборат за Милан како клуб него за Хакан како играч. Еве ќе видиме здравје што ќе покаже во Интер.
Околу Донарума се сложувам, огромен удар е тоа за Милан, без разлика што донесоа одличен голман како негова замена.
Донарума е веќе светска класа голман, уште е дете и има сигурно барем 11 добри сезони во него, дете на Милан е, еден од најдобрите 3 играчи во тим е, еден од најталентираните и најнадежните голмани во Италија итн.
За какваи 80 милиони збориш другар? Колку барал плата и провизија Донарума?
Види какви суми се фрлаат за голмани, Донарума е ПРЕДОБАР голман којшто уште нема 23 години.
Таков голман МНОГУ ТЕШКО се наоѓа во денешно време. Особено на 22 години, веќе прв избор за Италија. Огромна грешка е на клубот (милан) што не успеа да ги задржи Донарума и Хакан. Особено Донарума. Според мене најбитно беше за Милан да успее да го врзе со договор од 3+ сезони Донарума. Па ако не иде продај го следна сезона. Вака само 80тина милиони чисти си ги изгуби од негов евентуален трансфер.
Е сеа, за тоа што цело време збореше за тоа како Интер е во тешка криза и слично, баш и тука на темава имав риплејнато.
Сега Милан, само за да одржи сличен квалитет состав ќе мора да кешира и за 10ка (плејмејкер) место Хакан и за Голман место Донарума. Дур Интер со 6 милиона си зема плејмејкер, го ослаби градскиот ривал, и си пополни дупка која што ненадејно искочи. Нели не дај боже на никој тоа да му се деси.
Јас само не сфаќам како тоа Милан не можел да си дозволи да го задржи Донарума. Те молам објасни го тоа. Многу нелогично. Како тоа Интер во огромна криза успева да задржи 10 од 11 првотимци (нели 1 сигурно си иде) а Милан којшто не е во криза не може да ги задржи Хакан и Донарума, притоа и двајцата му бегаат за точно 0 евра!
Некако ми нема логика.
Како сакаш кажи Милан очано се покажа летово. На сеуште непочнато меркато.
Ибра 1 година постар, Хакан и Донарума - за ич пари, играчи на позајмица што треба да се одкупат итн.
Во кратки црти, на Интер итно му требале 80 милиони, но на Милан сега ќе му требаат барем 50-60 за да остане само на приближно ист квалитет како оваа сезона што беше. Што е исто под знак прашалник.